Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветПоплави во Барселона по обилните дождови: Татко исчезна во порој, пронајдено телото на синот (ВИДЕО)Десетици пожарникари од шпанската автономна заедница Каталонија бараат маж кој исчезна вчера кога река, надојдена од обилните дождови, го однесе автомобилот во кој се наоѓал со својот син, чие тело е пронајдено синоќа.Потрагата, според новинската агенција EFE, е фокусирана на дел од патот од шест километри помеѓу местото каде што автомобилот последен пат е виден, соопштија каталонските пожарникари. „Моето најдлабоко сочувство до семејството и пријателите на лицето кое почина поради дождовите во Каталонија. Би сакал да им се заблагодарам и да ја пофалам работата на полицајците кои сè уште работат на пронаоѓање на исчезнатото лице. Ве молам бидете исклучително внимателни поради силната бура“, рече шпанскиот премиер Педро Санчез во објава на социјалната мрежа X. Во потрагата учествуваат подводни екипи, беспилотни летала и единици со кучиња, а од утрово е вклучен и хеликоптер. Министерката за внатрешни работи на Каталонија, Нурија Парлон, синоќа изјави дека е пронајдено телото на момчето, кое имало околу 11 или 12 години, и дека се претпоставува дека неговиот татко е мртов, иако неговото тело сè уште не е пронајдено. 🚨Torrential rains wreak havoc in #Spain & #France Catalonia: 1 dead, 2 missing after car swept away near Sant Pere de Riudebitlles, 27 rescued from Montserrat funicular SE France: Marseille flights rerouted, PSG match postponed#silenthillf #deprem #floods #Flood2025 #sstvi pic.twitter.com/KQdFcHnJBa — Rapid Reveal (@rapid_reveal) September 22, 2025 Обилните дождови во неделата предизвикаа ненадејно покачување на нивото на реката. Таткото наводно решил да ја премине реката со своето возило, и покрај советот да не го прави тоа, и бил изненаден од ненадејното зголемување на нивото на водата, објасни министерот. Околу 18:30 часот, очевидец ги информирал службите за итни случаи дека автомобил со две лица внатре бил однесен. Обилните дождови што ја погодија Барселона и околината довеле до наврнато над 100 литри на квадратен метар.Тагови: БАРСЕЛОНА дождови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16