Поплавени земјоделски површини и куќи, се уште исклучително висок водостојот на Вардар во горното течение - Канал 5

Поплавени земјоделски површини и куќи, се уште исклучително висок водостојот на Вардар во горното течение

 По врнежите што ја зафатија земјава, најкритична е состојбата во село Форино кое е најпогодено од поплавите, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Поплавени земјоделски површини и куќи, се уште исклучително висок водостојот на Вардар во горното течение

Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште. Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица „Прилепска“ е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Заезерувања има и на улицата „29 Ноември“ во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба.

Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале цела ноќ поради обилните врнежи дожд и поплавувањата.

Според ЦУК, во Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката.

Во скопскиот регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност

Во Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните служби, додека во Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Според УХМР, изминатите 24 часа, до 07 часот утрово, најмногу врнежи имало во Гевгелија, 23 литри на метар квадратен, а најмалку во Прилеп и Тополчани, еден литар на единица површина. Измерени се и 20 литри на Попова Шапка, 17 во Крива Паланка и Штип, 13 во Скопје - Петровец и Лазарополе, 12 во Виница и Берово, 10 во Ѓуриште, 9 во Mаврови Анови, 8 во Kрушево и Пожаране, 7 во Тетово, 6 во Скопје - Зајчев Рид, 4 во Охрид и Велес, 3 во Струмица и Битола, како и 2 литра на метар квадратен во Кавадарци и Демир Капија.

Се уште е исклучително висок водостојот на реката Вардар во горното течение и се уште постои опасност од излевање на реката во тој дел. Како што информира УХМР, водостојот на река Треска изутринава е во намалување но е се уште исклучително висок и на критично ниво и постои опасност од излевање на реката на некои делници по течението. Исто така, реката Црна бележи зголемен водостој и во нејзиниот слив се можни локални заезерувања во Демирхисарско и Пелагонискиот регион во текот на денов. Водостојот на река Кичевска полека се повлекува но и таму остануваат сеуште дел на заезерени и поплавени површини. До крајот на денот се очекува висок водостој на река Вардар во горното и средното течение, а да има зголемувања во долното течение на реката кон Демир Капија и Гевгелија.

УХМР предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Во близина на иранскиот остров Харг во Персискиот залив утрово одекнаа експлозии, јави агенцијата Фарс.

Експлозии во близина на иранскиот остров Харг- погоден е танкер

Како што јави Иранската студентска новинска мрежа (SNN), ирански танкер со нафта во близина на островот Харг бил погоден со проектили.

Иранскиот новински канал Хабар Фури објави дека танкерот бил погоден со четири американски проектили и дека во тек е евакуација.

Островот Харг се смета за клучен нафтен терминал и околу 90 отсто од извозот на нафта на Иран се обработува таму.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави на социјалната мрежа Truth social видео генерирана од вештачка интелигенција на која се гледа како американските сили го напаѓаат Харг, со коментар дека островот е „разнесен на парчиња“.

Потоа, генералниот директор на иранската национална нафтена компанија Хамид Бовард изјави дека немало напади и најавите на Трамп ги нарече „смешни“.

Бовард потсети дека во минатото американските и израелските сили постојано го бомбардираа овој остров, од каде потекнуваат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но и тогаш работните активности не беа прекинати ниту за момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Жителите на градот Гаопинг во кинеската покраина Џијангси се разбудија во хаос. 

Тајфун и свлечиште направија хаос во Кина- има загинати и повредени, спасувачите во трка со времето (ВИДЕО)

Во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови загина најмалку едно лице, а 11 се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Во раните утрински часови, лизгањето на земјиштето затрупа неколку згради и оштети 12 куќи, додека спасувачките екипи се бореа да пронајдат преживеани, објави кинескиот државен радиодифузер CCTV.

Трагичните сцени се резултат на тајфунот Саудел и студениот фронт што донесе обилни дождови и поплави во покраината Сечуан. Жителите беа заробени, патиштата беа оштетени, а клучните јавни услуги беа сериозно нарушени.

Гаопинг е погоден од екстремните временски услови што ја погодија Кина во последните месеци, особено во планинските области.

Тајфунот Саудел, 18-ти што ја погоди Кина оваа година, дополнително ја влоши ситуацијата кога во четвртокот по трет пат стигна до копното во округот Џијангпу, предизвикувајќи евакуација на десетици илјади луѓе поради предупредувања за силни ветрови и обилни дождови. Во соседната покраина Џијангси, тајфунот погоди 128.500 жители во 53 окрузи, принудувајќи речиси 8.700 луѓе да се евакуираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Денеска во хотел во истанбулската населба Бакиркој избувна пожар, а пожарникарите евакуираа голем број луѓе кои биле во зградата.

Пожар во хотел во Истанбул, евакуирани се голем број луѓе

Пожарникарите реагираа на местото на пожарот, а операцијата за гаснење е во тек, објави Хуриет.

Засега нема информации за повредени.

Бакиркој е општина на европската страна од Истанбул, на брегот на Мраморното Море.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер