ТехнологијаПопладнево покрај Земјата прелета астеорид Астероидот 2020 SW значително се приближи до нашата планета и помина околу 13 часот по средносевропско време покрај нас на далечина многу помала од таа меѓу Месечината и Земјата.Но, нема потреба од паника. Експертите веруваат дека 2020 SW поминал на растојание од 27 000 километри, но не ја погоди Земјата. Со цел визуелно да се претстави растојанието, треба да се спомене дека Месечината е во просек оддалечена од нас 384 000 км, или околу 30 дијаметри на Земјата. Овој астероид помина на растојание од околу 2,1 дијаметар од нашата планета. Ова значи дека 2020 SW летал поблиску до некои телевизиски и метеоролошки сателити што орбитираат на околу 35.888 км. Научниците сè уште не ја утврдиле точната големина на астероидот, но тој не е премногу огромен објект. Се претпоставува дека оваа вселенска карпа е со големина помеѓу 4,4 и 9,9 метри, пишува Live Science. Иако 2020 SW е посветол како што се приближува кон Земјата, сепак не бил видлив со голо око. Овој астероид е откриен дури минатата недела, на 18 септември, и се чини дека блиската средба меѓу него и Земјата ќе го промени неговиот живот засекогаш. Имено, тоа е толку мал астероид што се очекува гравитацијата на Земјата да ја промени неговата орбита. Астероидот поминал покрај нас со брзина од околу 27.200 км / ч, а следниот се очекува на 3 јуни 2029 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
МакедонијаФилипче: Од Брвеница почнува промената – ВМРО ќе има еден градоначалник помалку!Од Брвеница почнува промената на власта на Мицкоски и ВМРО, граѓаните на локалните избори ќе испратат јасна порака до власта што ја изигра нивната доверба, ќе имаат еден градоначалник помалку.Од Брвеница почнува промената на власта на Мицкоски и ВМРО, граѓаните на локалните избори ќе испратат јасна порака до власта што ја изигра нивната доверба, ќе имаат еден градоначалник помалку, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на вечерашната промоција на програмата на Јовица Радевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница. „Од Брвеница почнува промена на ненародната и криминална власт на Мицкоски и ВМРО. На овие локални избори граѓаните ќе го кажат својот збор. ВМРО да бидат поразени и да имаат еден градоначалник помалку“, истакна Филипче. Власта ги изневери очекувањата на граѓаните и на локално и на централно ниво. Работниците едвај ги покриваат основните потреби, пензионерите се излажани, а земјоделците се оставени на цедило, нагласи тој. „Го излажаа народот и ја изиграа довербата што им ја дадоа луѓето и на локално и на централно ниво“, рече Филипче. Промената што ја нуди СДСМ во Брвеница значи конкретни решенија за секојдневните проблеми. Програмата на Јовица предвидува обновување и проширување на водоводната мрежа, решавање на проблемот со вода во Гургурница, пречистителна станица за Милетино, Челопек, Брвеница и Долно Седларце, како и реконструкција на улиците, локалните патишта и проширување на мостовите. Меѓу приоритетите се агроиндустриска зона за преработка и постабилен пласман, можности за нови работни места, подобри услови во училиштата, дом на култура во Брвеница, дом за стари лица во Челопек и расчистување на дивите депонии. „Јовица е чесен и вреден човек, кој секојдневно е меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом во Брвеница“, истакна Филипче и порача дека достапноста и одговорноста за сработеното се обврски кон секој граѓанин. „Јовица, граѓаните со право ќе очекуваат да бидеш достапен и да одговараш за сработеното. Тоа е обврската што сите ние ја преземаме пред нив. Така ќе покажеме дека постои поинаков начин на управување“, рече тој. ВМРО ќе биде победено во Брвеница, а победата ќе биде заработена со работа меѓу луѓето и со доверба потврдена на изборниот ден, порача Филипче. „Нашата сила ќе ја покажеме со доверба заработена меѓу луѓето и со гласови на изборниот ден. Повеќе гласови во Брвеница ќе значи една општина помалку под управување на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи тој. Филипче ги повика граѓаните да излезат на гласање и да ги поддржат Јовица и неговата програма. „На разочарувањето да одговориме со учество. На обидите за поделба — со заедничка работа. На власта што заборави кому му служи — со јасна демократска порака на гласачкото место дека ова ќе биде нивни пораз во Брвеница“, порача Филипче, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСветскиот шампион ги воодушеви сите со скромноста- вози автомобил од 3.000 евра Унаи Симон со години е прв голман на шпанската репрезентација и на Атлетик Билбао.На само 29 години, тој веќе стана светски и европски шампион со Шпанија и ја освои Лигата на нации. Целата своја кариера ја помина во Атлетик, за кој е емотивно поврзан, и заради клубот одби значително повеликодушни понуди. На Светското првенство во 2026 година, Симон ја освои и Златната ракавица, наградата за најдобар голман на турнирот. Шпанија прими само еден гол на патот до титулата, а Симон не прими гол во седум од осум натпревари. Парите и луксузот очигледно не се приоритет за Симон. Иако има одлична плата во Билбао, таа не може да се спореди со сумите што би можел да ги заработи во Англија, каде што клубовите покажаа сериозен интерес за него. Неговата скромност најдобро се илустрира со автомобилот што го вози, кој е значително различен од скапите модели што ги поседуваат повеќето негови колеги. 🎙️ Unai Simón: "¿Comprarme cochazos? Tengo uno y hasta que el motor no diga basta, ahí voy a seguir. Es un Renault Vel Satis. Llevo ocho años con él... Y si sigo con él ocho más, mejor. Con que arranque y me lleve a entrenar a Lezama, suficiente". 🚗 [@abc_deportes] https://t.co/IxVMH33qy3 — Athletic Xtra (@AthleticXtra) September 25, 2026 Возилото е старо осум години Кога го прашаа дали се почастува со скапи автомобили, Симон одговори едноставно. „Имам автомобил и ќе го возам додека не откаже моторот“, рече тој и откри за кој модел станува збор. „Тоа е Рено Вел Сатис. Го имам осум години и ако ми служи толку подолго, толку подобро. Ќе биде со мене сè додека пали и може да ме однесе на тренинг во Лезам“, рече тој. Овој осумгодишен модел на автомобил се продава во Хрватска за околу три илјади евра во просек. Ставот на Симон отстапува од сликата што често се поврзува со врвните спортисти, чиј успех често се мери со скапи часовници, автомобили и недвижности. Симон не верува дека успехот се докажува со материјален статус, а практичноста е очигледно поважна за него отколку впечатокот што го остава. Унаи Симон е роден во Виторија и целиот свој живот е поврзан со Атлетик Билбао, каде што е член на првиот тим од 2018 година. Поминал низ сите помлади возрасни групи на шпанската репрезентација, а дебитираше за сениорскиот тим во 2020 година и досега има 66 настапи.Тагови: автомобил скромност Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Франција почнува судењето на деценијата: 11 лица се обвинети за убиство на момче Единаесет лица ќе бидат изведени пред суд во Франција по обвинение за вмешаност во убиството на 16-годишниот Томас Перо во 2023 година.Единаесет лица ќе бидат изведени пред суд во Франција по обвинение за вмешаност во убиството на 16-годишниот Томас Перо во 2023 година, со отежнувачка околност да се зборува против „белата раса и француската нација“, според судска наредба до која дошол бриселскиот „Политико“. Перо бил избоден до смрт за време на селска забава во градот Крепол, а неговото убиство брзо станало политичко прашање. Претставниците на француската крајна десница, вклучувајќи го и лидерот на француската десничарска партија Реконквиста, Ерик Земур, го наведоа инцидентот како пример за заканата што ја претставуваат имигрантите. Францускиот претседател Емануел Макрон го нарече убиството „ужасно“ во тоа време, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен го опиша нападот како дело на „вооружена милиција“. Убиството подоцна предизвика мобилизација на крајната десница, која се обиде да изврши таканаречена „казнена експедиција“ во блискиот град Роман-сур-Изер. Француските судии одлучија да испратат 11 осомничени во малолетнички суд со порота за убиството на Перо, наведувајќи ја како отежнувачка околност расната карактеристика поврзана со „белата раса и француската нација“, објавија француските медиуми. Според судската наредба, која ја виде Политико, обвинетите се обвинети за убиството на момчето, обидот за убиство на уште три лица и насилните напади врз други учесници во настанот. Судиите одлучија да им судат заедно бидејќи истрагата не утврдила кој го задал смртоносниот удар, објави бриселскиот портал. Во наредбата се наведува дека убиството наводно му претходело, било проследено или следело од „говор, пишани пораки, слики, предмети или дејствија од каков било вид“ што ја нарушиле честа на жртвите или на одредена група поради нивната наводна раса, етничка припадност, националност или религија, „во овој случај белата раса и француската нација“. Некои од обвинетите биле малолетници во времето на нападите Секој се смета за невин додека не се докаже дека е виновен. Обвинителството во Валенс првично побара судење за убиство и обид за убиство без оваа отежнувачка околност, тврдејќи дека доказите што го поддржуваат тоа се „во малцинство“ и „непрецизни“. Адвокатот Денис Драјфус, кој застапува група учесници на митингот кои бараат отштета, за Политико изјави дека обвиненијата одговараат на случајот на неговата страна. Тој ја пофали работата на истражните судии и рече дека случајот сега треба да продолжи „со достоинството што го заслужуваат Томас и жртвите“. BREAKING: French judges announce they’re adding the aggravating circumstance of “anti-White racism” against 14 young North Africans accused of murdering 16-year-old Thomas Perotto in Crépol in 2023. During a village winter ball in the small village of Crépol, a large group of teenagers from a migrant neighborhood of the nearby town of Romans-sur-Isère) burst into the event toward the end of the night. They attacked partygoers with knives while shouting anti-white racist insults such as “We’re here to stab whites.” 16-year-old Thomas Perotto, a local high school student and rugby player, was fatally stabbed (multiple wounds to the heart and throat). Two other young local men (23 and 28) were seriously injured. 14 people are charged with murder, attempted murder and aggravated violence in an organized group. The decision to add anti-white racism as an aggravating circumstance was based on around ten witness statements describing explicitly anti-white racist motivations and insults during the attack. This upgrade means that if convicted, the penalties could be significantly heavier. The trial is expected to take place next year. — Visegrád 24 (@visegrad24) July 23, 2026 Сепак, одбраната ги оспори обвиненијата Адвокатите Сејди Ба и Дијала Ал-Шаман, кои застапуваат еден од обвинетите, прашаа како нивниот клиент може да биде изведен на суд за расно отежнато убиство кога ниту смртоносниот удар ниту расистичките забелешки не му се припишуваат лично. Датумот на судење сè уште не е закажан. Адвокатката Елиз Реј-Жакот, која застапува друг обвинет, за RTL изјави дека ќе се жали на обвиненијата, што би можело дополнително да ја одложи постапката.Тагови: момче Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05