Попладневна дружба „Почни со Водно"

 Планинарското друштво „I love hiking" по повод седмиот роденден, попладне организира прошетка и дружба „Почни со Водно". Збирното место е пред основното училиште „Кочо Рацин".

На настанот е предевидено да се придружат и велосипедисти, а на Водно дружбата ќе продолжи со ди-џеј Метс.

Од друштвото предупредуваат да се почитуваат правилата и насоките на организаторот и водичите. Наведените планинарски акции се организирани и движењето, како што велат, се одвива во група предводена од организаторот и водичите.

ВМРО-ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Масовна излезност на 8ми мај и недвосмислена поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат сила за коренити промени и враќање на Македонија на народот.

Поразот на власта е катастрофален. СДС изгуби повеќе од двојно на 24ти април, потребно е на 8ми мај победата на ВМРО-ДПМНЕ да биде уште поголема.

Големата победата ќе отвори пат за влада без уцени. Големата победа ќе потопи секакви надежи на Ковачевски кој на Ахмети му ветува и премиер, само за да владее некако.

Ковачевски го потценува народот. И не сфаќа дека поразот кој го претрпе, се должи и на тоа што државата ја даде на тацна на бандитите од ДУИ.

Масовната излезност и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ ќе ги испрати СДС и ДУИ во опозиција, и ќе отвори пат за економска трансфромација на Македонија.

Време е државата да ја вратиме во рацете на народот. Македонија повторно твоја.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

притисни ентер