Други спортовиПоп Ацев втор во Гран При серијата во маратонско пливањеМакедонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го освои второто место на последниот маратон од Гран При серијата што се пливаше во Капри, Неапол. Со овој пласман нашиот маратонец е второпласиран и во генералниот пласман. Вториот Македонец кој настапи на оваа трка, Томи Стефановски го освои 9.место и вкупно е четвртопласиран во генералниот пласман. Победникот во генералниот пласман Даман Блаум од Аргентина на последната трка го освои 10.место и „собра“ уште два бода, колку што му беа потребни за вкупна победа. Блаум освои вкупно 62 бода, Поп Ацев има 60, Симоне Ерколи (Италија) 53, Стефановски 51,... На последната трка, која се пливаше во должина од 36 километри победи Брајан Рикеман од Белгија. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВо што се вози јапонската премиерка: „Toyota“, но каква? (ВИДЕО)Јапонската премиерка избра – ќе го користи најлуксузниот теренец „Toyota“ како свое службено возило.Јапонската премиерка Санае Такачи го замени својот официјален седан „Toyota Century“ со новиот луксузен теренец „Toyota Century“. Возилото веќе е забележано на улиците на Токио, каде што премиерката е придружувана од стандардна придружба составена од седани „Lexus LS“ од претходната генерација. Новиот теренец „Century“ е целосно црн, без карактеристичната двобојна каросерија. Опремен е со сини сигнални светла, дополнителен ретровизор и, според јапонските медиуми, има одредено ниво на балистичка заштита. Претходниот официјален седан, кој беше во употреба од 2020 година, беше повлечен по достигнувањето на пропишаната километража. Јапонската влада не ја објави цената или спецификациите на новото службено возило од безбедносни причини, додека цивилната верзија на овој модел во Јапонија чини околу 27 милиони јени (околу 167.000 долари). „SUV“ моделот „Century“ користи 3,5-литарски V6 plug-in хибриден погонски склоп со вкупно 406 КС, погон на сите четири тркала и батерија од 21,3 kWh што овозможува до 69 километри електрично возење. Се верува дека премиерката го избрала „SUV“ моделот поради полесното влегување и излегување, повеќе простор и електрифициран погонски склоп, според јапонските медиуми. Извор: Б92Тагови: Toyota Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
ФудбалМундијалска сензација преку Инстаграм си бара нов клубНајголемото изненадување на Светското првенство, голманот на Зеленортските острови 40 годишниот Возиња бара нов клуб преку Инстаграм. На 40-годишна возраст, Возиња блесна на Светското првенство и го сврте вниманието кон себе со фантастични одбрани. Во меѓувреме, тој стана најследениот голман на Инстаграм, а нема сомнеж дека ќе се зборува за неговите одбрани, особено оние против Шпанија и Аргентина. Познато е дека Возиња немаше клуб пред заминувањето на Светското првенство, а сега се дозна дека тој ја бараше следната дестинација каде што би можел да ја заврши кариерата. Тој преку Инстаграм стапи во контакт со Родни Страсер, поранешен играч на Милан, со намера овој да му помогне да ја најде својата следна дестинација. Возиња истакна дека би сакал да одигра уште една или две сезони и додаде дека се надева оти ќе добие понуда од второлигашки клуб од Турција или Италија. „Му реков да оди на Светското првенство и да го даде својот максимум. Тој е премногу добар голман за да бара клуб на таков начин, а големата светска сцена е таква што, ако малку го привлечеш вниманието – некој ќе те забележи. Верував дека Светското првенство може да му ја промени кариерата и бев во право“, рече Штрасер и додаде: „За мене, тој е најдобриот голман на Светското првенство, а сега е и најбараниот во светот. Поуката е едноставна – никогаш не се откажувај. Верувај во себе и бори се. Возраста, потеклото или твојата ситуација се неважни. Едноставно – животот може да ти се промени преку ноќ“, вели Штрасер, раскажувајќи интересна приказна и приложувајќи снимки од екранот што ја потврдуваат нејзината веродостојност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Шоу бизФото: Со серија фотки Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракотСветскиот џет сет брачен пар, Дејвид и Викторија Бекам ја слават 27-годишнината од бракот, а по тој повод објавија серија заеднички фотографии на социјалните мрежи.И покрај сите проблеми и минати афери, Дејвид и Викторија Бекам ја слават својата 27-годишнина од бракот, иако никој можеби не го очекувал тоа порано. Многумина сè уште се сеќаваат на познатата афера со Ребека Лос, но Викторија не дозволи ништо да им го наруши бракот и мирот. Викторија призна дека тој период бил најтежок во нејзиниот живот, но тие успеале да ја надминат својата најголема криза. Последната работа што ги погодила бил конфликтот со нивниот син Бруклин, кој предизвикал голем скандал кога ги открил деталите за својот однос со родителите. Без разлика на се, денеска на годишнината се огласи на Инстаграм славниот екс фудбалер а сега сопственик на Мајами Интер, Дејвид се огласи за да ја одбележи годишнината и сподели серија фотографии. „Заедно 29 години, во брак 27, а ти ми даде сè што некогаш би можел да посакам. Нашето најголемо достигнување засекогаш ќе биде нашето семејство. Те сакам и среќна годишнина“, напиша Дејвид покрај објавата. Во коментарите, Викторија (52) одговори: „Среќна годишнина. Многу те сакам.“Тагови: Бекамови Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter