Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
1Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
3МОН го замени сексуалното образование со „заштита на здравјето“, без зборовите „род“ и „контрацепција“
АвтомобилизамПоостра, посмела, помодерна: Новата Opel AstraПикови: Бестселерот во компактната класа за првпат со новиот Opel Vizor дизајн и осветлено Blitz лого, како и најновата Intelli-Lux HD технологија на осветлувањеОпуштено патување: Intelli-седишта со ергономска функција стандардно во сите верзии Поголем опсег: Новата Astra Electric со автономија до 454 километри (WLTP1) Слобода на избор: Од целосно електрична, преку plug-in хибрид, до ефикасен мотор со внатрешно согорување Стабилни цени, повеќе придобивки: Astra Plug-In Хибрид достапна од 39.900 €, Astra Electric достапна од 39.300 €, Astra Hybrid од 27.900€, Astra Дизел достапна од 26.490€ (цени во Македонија) Комбинирани вредности за Opel Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric според WLTP2: потрошувачка на енергија 15,3–15,8 kWh/100 km, CO₂ емисии 0 g/km; CO₂ класа: Комбинирани вредности за Opel Astra Plug-in Hybrid и Sports Tourer Plug-in Hybrid: потрошувачка 12,6–13,0 kWh електрична енергија/100 km + 2,2–2,3 l бензин/100 km; CO₂ емисии 49–53 g/km; CO₂ класа B. Кога батеријата е испразнета: 5,4–5,6 l/100 km; CO₂ класа D. Комбинирани вредности за Opel Astra Hybrid и Sports Tourer Hybrid: 4,9–5,1 l/100 km; CO₂ емисии 109–114 g/km; CO₂ класа: C. Комбинирани вредности за Opel Astra 1.5 Diesel и Sports Tourer 1.5 Diesel: 4,9–5,1 l/100 km; CO₂ емисии 130–134 g/km; CO₂ класа: D. Во јануари, новата Opel Astra и новата Opel Astra Sports Tourer ја имаа својата светска премиера на Саемот за автомобили во Брисел, а од февруари месец 2026 модернизираните и дополнително унапредени верзии се достапни за нарачка. Најдобро од сè – новата Astra, која е дизајнирана, развиена и произведена во седиштето на Opel во Риселсхајм, нуди иновативни технологии, поголем комфор и уште поизразен изглед. Клиентите добиваат повеќе за своите пари: Astra Electric и Astra Sports Tourer Electric се со цена од 39.300 € а имаат батерија од 58 kWh нуди поголем капацитет и до 454 km автономија без локални емисии. Алтернативно, хибридната верзија со 107 kW (145 КС) започнува од 27.900 €. Привлечна од секој агол: Astra со осветлено Opel Blitz лого и унапреден Vizor Уште на прв поглед, новата Astra изгледа помодерно, поостро и поуникатно. Opel Blitz логото е централно поставено во уште потесниот и попрецизно обликуван Vizor – и за првпат е осветлено во Astra. Предниот дизајн носи елементи од Opel Corsa GSE Vision Gran Turismo, пренесувајќи дел од концептот во сериско производство. Новите дизајни на 17- и 18-инчните алуминиумски тркала и новите металик бои „Kontur White“ и „Klover Green“ дополнително го истакнуваат изгледот, особено во комбинација со контрастен црн покрив. Како вистинска кулминација, наградуваното Intelli-Lux HD осветлување со повеќе од 50.000 елементи е достапно како опција. Оваа технологија ја осветлува патеката според патот и настанатата ситуација во моментот на возење без да ги заслепува другите учесници во сообраќајот и без да го заморува возачот. Системот препознава сообраќајни знаци и ги затемнува LED светлата за да избегне рефлексија. Во највисокото ниво „Ultimate“, ова осветлување е стандардно. Комфор и удобност: чист кокпит, прецизни дисплеи, удобни Intelli-седишта Внатрешноста е дополнително оптимизирана – од кокпитот до комфорот при патување. Intelli-седиштата се стандардни во сите верзии и имаат специјален централен канал што го намалува притисокот на ’рбетот, обезбедувајќи удобност и на подолги патувања. Од нивото GS, возачкото седиште има AGR сертификат, а во опцијата ReNewKnit™ и двете предни седишта се сертифицирани. Кокпитот и инфотејнмент интерфејсите се појасни и поинтуитивни, со нова графика и подобра читливост. Во духот на „Greenovation“, користени се одржливи материјали – воланот е целосно обложен со вегански материјали, а навлаките на седиштата можат да бидат од ReNewKnit™, материјал со изглед на велур кожа. Висока ефикасност: Astra Electric со до 454 km автономија Развојот на електрифицираните погони беше фокусиран на ефикасност. Astra Electric со 115 kW (156 КС) и батерија од 58 kWh нуди до 454 km автономија – околу 35 km повеќе од претходно. Новина е и V2L (Vehicle-to-Load), што овозможува напојување на надворешни уреди, како електрични велосипеди. Купувачите исто така добиваат бенефиции преку програмата „Electric All In“.* *Во зависност од земјата За оние што сакаат делумна електрификација, достапни се: – хибрид од 107 kW (145 КС) од 27.900 € – plug-in хибрид од 144 kW (196 КС) од 39.900 € Дизел верзијата 1.5 (96 kW / 130 КС) започнува од 26.490 €. Astra ги задржува и практичните предности: до 1.339 литри багажник кај хечбекот и до 1.634 литри кај Sports Tourer. Задните седишта се преклопуваат во однос 40:20:40 за максимална флексибилност. [1] Наведениот опсег е според WLTP процедури и може да варира во реални услови. [2] Потрошувачката зависи и од стилот на возење и други фактори. [3] Понуда важи за приватни купувачи во Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЗдравјеДржавата планира современо лекување за паркинсон и алцхајмер во МакедонијаНаместо електроди во мозокот да им се вградуваат во Турција, пациентите со Паркинсонова болест наскоро би можеле ваквите операции да ги прават и во Македонија. Државата планира да ја воведе длабоката мозочна стимулација, современа неврохируршка метода за контрола на нарушувањата во движењето, но и нови биолошки терапии за пациенти со Алцхајмерова болест. Методата на мозочна стимулација во светот се применува со децении, но кај нас допрва ќе се обучуваат тимови за нејзино спроведување. Обуката на македонските лекари ќе ја спроведуваат експерти од Клиниката за неврологија во Љубљана. Оттаму сметаат дека воспоставувањето на методата во Македонија нема да биде тежок процес, а за дел од пациентите таа може да значи значително подобар квалитет на живот. Според проценките, во Македонија има околу 24.000 лица со Алцхајмерова болест и други форми на деменција, додека бројот на пациенти со Паркинсонова болест, според министерот за здравство, е околу 5.000. Очекувањата се двете новини во лекувањето да станат достапни во земјава во текот на 2027 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаИздаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќаУште 102 страници и апликации кои нелегално приредувале онлјан игри на среќа ќе бидат блокирани за домашните корисници на интернет, информираат од Министерството за дигитална трансформација.Оттаму за Канал 5 велат дека со ова, бројката на блокирани страници од овој тип е 462, а целта е да се спречат измами и нелегално испумпување на пари од граѓаните. Од ресорното министерство велат дека овие страници најчесто ги создаваат лица кои се сопственици сервери надвор од државата и поради тоа велат дека е клучна нивната превентивна реакција. - На тие игри не се знае каде завршуваат нивните податоци, каде завршуваат нивните пари, не се знае ниту дали самата игра е фер за граѓанинот и не постојат механизми за нивна заштита во случај на измама, затоа што ваквите игри најчесто се регистрираат, односно се воспоставуваат во држави каде оваа дејност не е регистрирана, односно каде што нема да подлежат на одговорност. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација На овие нелегални страници најчесто се организираат игри како покер томболи и други игри на среќа, но граѓаните кога ќе кликнат на нив, сепак добиваат известување дека се дел од нелегална мрежа на игри на среќа, за која согласно новиот закон се предвидени и казни и за нив како учесници, објаснуваат од министерството. Сепак, иако новата законска регулатива е во сила уште од летово, казни во пракса за индивидуалци кои биле дел од вакви игри на среќа засега нема. – И самото учество на граѓаните во ваквите игри на среќа е забрането со новиот закон за игри на среќа – се предвидуваат глоби од 1000 до 2000 евра. Има ли санкциониран граѓанин досега? Досега според нашите информации нема санкциониран граѓанин. - Мирослав Гроздановски, советник во кабинет на министерот за дигитална трансформација Согласно законските измени, единствен приредувач на игри на среќа во државата во онлајн просторот е државна лотарија. Токму лотарија пак доставува список на нелегални страници кои приредуваат игри на среќа, а се лесно достапни за граѓаните. Потоа лотарија му го проследува тој список на Министерството за дигитална трансформација, од каде се издава налог за блокирање на страници, а Агенцијата за електронски медиуми има рок од пет дена го оневозможи пристапот до спорните страници на нашите граѓани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЧетворица потврдени со морбили, едно бебе завршило во инфективна Бебе под една година завршило на клиниката за инфективни болести, заради добивање на ситни сипаници или морбили. Бебето е во стабилна состојба и е пуштено на домашно лекување. Освен овој пациент уште кај тројца е потврдено дека имаат морбили, странски државнијан, уште едно дете помало од година и 40 годишен маж, сите се невакцинирани, потврди министерот за здравство Клековски. „Инстиутот за јавно здравје ги прави анктите, дали има поврзаност помеѓу случаите со морбили. Засега нема епидемија од морбили, но мора да се внимава и да се применуваат сите препораки и да се вакцинираат децата“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Во моментот опфатот до МРП вакцината е под 70%, она што е важно да се вакцинираат сите деца, оние возрасни кои се вакцинирани со една доза. Вирусот е брзо пренослив и оние кои имаат симптоми на црвенило на кожа, зголемена температура да се јават на доктор и да не се мешаат на места каде има луѓе. „Вакцинирајте се, мора да има заштита. На пример децата под една година не се според календарот за вакцинација, а се заразени. И може да имаат компликации“, вели Сашо Клековски министер за здравство. Од 2018 година во Македонија имаше прогласено епидемија на морбили. 1900 луѓе се заразија со сипаниците, а почина четворица заради компликации. Од ИЈЗ апелираат на редовна вакцинација бидејќи станува збор за сипаници кои даваат сериозни последици по здравјето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00