Пониски цени на бензините и дизелот од следната недела - Канал 5

Пониски цени на бензините и дизелот од следната недела

Горивата поевтинуваат на светските берзи и со тоа од следната недела и кај нас ќе се точат поевтини горива по бензинските. 

Пониски цени на бензините и дизелот од следната недела

Анализите на владата покажуваат дека регулаторната комисија за енергетика за следната недела ќе донесе одлука за намалување на цените на горивата за денар и пол за бензините и 2,5 денари за дизелот. Тоа ќе знали дека од следната недела по бензинските бензинот БС 95 ќе биде со 82 денари за литар а БС 98 ќе биде 84 денари за литар додека цената на дизелот ќе изнесува 95,5 денари за литар. Но во малопродажба цените ќе бидат за два денари пониски за бензините и три денари пониски за дизелот кога ќе се вкалкулира попустот кој го одобрува рафинеријата ОКТА за сите оние коминтенти кои од таму се снабдуваат со горива.

Ова практично ќе значи дека бензините ќе бидат по 80 до 82 денари а дизелот ќе биде 92, 5 денари за литар во малопродажба по бензиснките.

Горива според Премиерот Мицкоски имаме доволно иако во пограничните региони потрошувачаката е зголемена за 30% а имало и ден кога се наточиле рекордни 2 милиони литри поради тоа што на граѓаните од сеседните земји нашето гориво им е поевтино.

Ваквиот тренд се очекува да продолжи бидејки и во следната недела во Македонија дизелот ќе биде повторно најевтин во однос на земјите од регионот, бидејки спред моделот за кореекција на цените еднаш неделно земјава прва ќе ги намалиме цените по падот на светските берзи.

Во однос на високите цени по пазарите и маркетите Мицкоски најави дека во вторник на влада по извештајот на пазарниот инспекторат и анализата на министерството за економија ќе се знае дали и какви берки би се донеле.

Од опозициската СДСМ обвинија дека Владата не презеде мерки за заштита на стандардот на граѓаните и дека ги оставила граѓаните да се борат со скапотијата секој ден. Пазарите се полни, но торбите на граѓаните остануваат полупразни. Се купува минимално, а дел од граѓаните неможат да си купат ништо за велигденската трпеза, велат од СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Што промени светската музичка ѕвезда,  Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа  вака супер на 57 години.

Фото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облините

Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело.

Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање.

Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога.

Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена.

Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Најпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. 

Видео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот живот

Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот.

На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално.

https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed

„Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото.

Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

Еврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.

Еврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месец

На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви.

Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција.

Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер