Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата
1Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата
Шоу бизПоништена е пресудата за „холивудскиот предатор“, кој во 2020. беше осуден за силувањеСудот во Њујорк ја поништи пресудата за силување на Харви Вајнштајн од 2020 година, наредувајќи ново судење.Највисокиот државен суд утврдил дека судијата на судењето наводно „го оштетил поранешниот филмски магнат со неправилни пресуди, вклучително и одлуката да им се дозволи на жените да сведочат за наводи кои не биле дел од случајот“. Пресудата на Апелациониот суд ќе значи дека веројатно повторно ќе се отвори болното поглавје во справувањето со сексуалното недолично однесување на моќните личности. Сè започнало во 2017 година со „поплавата“ од обвиненија против Вајнштајн, а сега жените кои го обвинија за злоупотреба може да бидат принудени повторно да ја преживеат траумата, на говорницата за сведоци. Да потсетиме дека во март 2020 година, Харви беше осуден на 23 години затвор во Њујорк, откако беше прогласен за виновен за принудување на една жена на орален секс и силување на друга жена. Вајнстин беше прогласен за виновен за силување на актерката Џесика Ман и принудување на неговата поранешна асистентка Миријам Хејли на орален секс. Тој беше обвинет дека користел моќ и влијание за да добие пристап до своите жртви и потоа извршил насилни злосторства против нив. Ман го обвини Вајнстин за силување во март 2013 година, а Хејли дека ја принудил на орален секс во јули 2006 година и дека се обидел да ја силува додека имала менструација. Вајнштајн потоа пристигнуваше во судницата во инвалидска количка. Во јануари 2021 година американската судијка Мари Валрат одобри отштета од 17 милиони долари, кои компанијата на Харви Вајнстин требаше да им ги плати на жртвите на сексуалното вознемирување и силување извршени од познатиот продуцент, наречен „холивудски предатор“. - Точно е дека судијката Мари Валрат на денешното рочиште го одобри планот за порамнување - изјави тогаш адвокатот Пол Зумбро. Тој додаде дека се „задоволни од пресудата на судијката Валрат, особено ако се има предвид дека сега постои механизам кој им овозможува на жртвите да добијат паричен надомест за време на траењето на парницата“. – Судијата одобри план за обештетување на жртвите за сексуално насилство извршено од Харви Вајнштајн во износ од 17 милиони долари – изјави Пол. Исплатата од 17 милиони долари требаше да биде поделена на повеќе од 50 жртви, пишуваат светските медиуми, така што секој од нив поединечно треба да добие нешто повеќе од 500.000 долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОсмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијатаОсмиот ден од протестите во главниот град на Албанија, Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата, но со помал интензитет на директни напади во споредба со претходните денови.Професори и студенти најпрво се собраа пред политехничкиот универзитет, а потоа маршираа кон кабинетот на премиерот под мотото „Стоп на насилството врз студентите“. Професорите покренаа и петиција со која бараат да бидат слушнати барањата на студентите.По маршот низ улиците на Тирана, демонстрантите се собраа на булеварот „маченици на нацијата“, каде што ситуацијата околу два часа беше мирна. Тензиите ескалираа по стемнувањето, кога маскирани лица почнаа да фрлаат молотови коктели и камења кон полицискиот кордон.Полицијата одговори со водени топови и солзавец, откако претходно преку мегафон ги повика жените и децата да се оддалечат од местото на протестот.Интервенцијата ја растури толпата, а судирите продолжија на повеќе локации во градот. Плоштадот „Скендербег“ накратко се претвори во жариште на судири, при што демонстрантите фрлаa пиротехнички средства кон полицијата.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона Сè што сакаме од фудбалот видовме синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планетаБранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2. Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања. Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид. Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите. ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79') Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52') Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.) Порто - ПСВ 0:1 Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87') Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47') Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4') Вечерва играат : среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСККрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје. Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22