Понеделник е неработен ден за сите во државава

Министерството за економија и труд им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија кои го чествуваат и го слават патронот „Свети Климент Охридски“. 

Министерството за економија и труд денеска соопштува дека, согласно Законот за празниците на Република Македонија - „Службен весник на Република Македонија“, број 21/98 и 18/07, по повод празникот „Свети Климент Охридски“, 8 декември - недела, односно 9 декември - понеделник е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за економија и труд им го честита празникот на граѓаните на Република Македонија кои го чествуваат и го слават патронот „Свети Климент Охридски“.

Шолц и Маск ја продолжија кавгата: Милијардерот е опасност за европската демократија

„Технолошкиот милијардер Илон Маск претставува опасност за демократијата во Европа поради неговата наклонетост кон крајната десница“, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Маск ја поддржува крајната десница насекаде во Европа, во Велика Британија, во Германија, во многу, многу други земји и тоа е нешто што е целосно неприфатливо“, рече Шолц на прес-конференција во Берлин.

„Ова го загрозува демократскиот развој на Европа, ја загрозува нашата заедница и мора да се критикува“, додаде германскиот лидер, според Политико.

Маск ја даде својата поддршка на десничарските фигури и иницијативи ширум светот, вклучително и поддршката на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) на претстојните предвремени федерални избори во земјата, закажани за 23 февруари.

Могулот на социјалните мрежи е исто така еден од најжестоките поддржувачи на Доналд Трамп, што му обезбеди место во потесниот круг на новоизбраниот претседател на САД и ја поддржа десничарската партија Реформска Британија во Британија, со шпекулации дека наскоро би можел да започне финансирање на партијата.

Шолц рече дека нема ништо против правото на Маск на слободен говор, но:

„Неговата поддршка за екстремната десница, без разлика дали е од бизнис интереси или од негови сопствени политички ставови, е неприфатливо“.

Коментарите на социјалистичкиот канцелар се најнови во серијата кавги со Маск, кој пак го нарече Шолц „будала“ и тврдеше дека ќе ги „изгуби“ германските сојузни избори.

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците и го срози стандардот на граѓаните

Мицкоски и ДПМНЕ го понижија трудот на македонските работници и го срозија стандардот на граѓаните. 

Не може во новиот најголем Буџет за годинава од 6 милијради евра да нема пари за раст на платите за работниците, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче кој заедно со потретседателот на СДСМ Менде Илиевски, вечерва присуствуваа на конференцијата за избор на претседател и членови на Извршен и Надзорен одбор на Општинската организација на СДСМ во Прилеп.

Филипче во обраќањето пред присутните членови, посочи дека ДПМНЕ наместо да го продолжи системот за континуиран раст на платите, што го воведе Владата на СДСМ, неодговорно го прекина.

-Власта комплетно го напушти системот за зголемување на платите, воспоставен од СДСМ, а резултатот е влошување на животниот стандард на работниците. Тоа сега граѓаните јасно можат да го видат. СДСМ била и секогаш ќе остане на страна на работниците. Во изминатите седум години како Влада се соочивме со најголемите светски кризи, незапаметена здравствена пандемија и економско енергетска криза. Но, и во такви тешки кризи, Владата на СДСМ никогаш не заборави на работниците, платите и во ек на кризи се зголемуваа. Континуирано работевме на подобрување на животниот стандард на граѓаните, особено на работниците. За прв пат Владата на СДСМ ја зголеми минималната плата во државата за 100 проценти во однос на 2016 година, односно на сегашните 22.567 денари, додека просечната месечна нето-плата од 22.460 денари, се зголеми на 42.000 денари, рече Филипче.

Срамно е да има најголем Буџет кој тежи 6 милијарди евра а да нема пари за раст на платите, додаде Филипче.

-Упорно водат инает и не го прифаќаат предлогот на СДСМ за раст на минималната плата, која со ова темпо на раст на трошоците треба веќе да изнесува 500 евра. Уште кога беше во фаза на предлог Буџетот за 2025 година, СДСМ предупреди дека ова ќе биде најгломазниот и распинички буџет во историјата во кој ќе нема пари за работниците и поголеми плати за граѓаните, и тоа се испостави како точно. И од овие 6 милијарди евра, власта не сака да одвои пари за покачување на платите на работниците во јавниот сектор. Ова е тотално непочитување на трудот на работниците“, нагласи Филипче, додавајќи дека СДСМ нема да отстапи од борбата за правата на работниците и подобрување на нивниот животен стандард.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва од Прилеп порача дека теренските активности продолжуваат и во следниот период преку средби со секој член од партијата, со цел да се слушне секој предлог и заеднички да се креираат идните партиски политики за јакнење на СДСМ и за делување на политичката сцена како партија која секогаш ќе биде на страната на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Рекорд: Тинејџер од Германија останал без возачка дозвола по само 49 минути

Неверојатно, но вистинито. 18-годишник од германската покраина Северна Рајна Вестфалија останал без возачка дозвола само 49 минути откако ја добил.

Локалните медиуми јавуваат дека тој успешно го положил возачкиот испит во Хемер, но набрзо бил запрен како возач почетник од сообраќајната полиција.

Тинејџерот управувал возило во кое се наоѓале четворица негови пријатели, а бил запрен при контрола на брзината. Властите велат дека тој возел 95 км/ч наместо дозволените 50 км/ч, пишува Шпигел.

Според окружниот полициски оддел, младиот возач добил голема парична казна, забрана за возење, продолжување на пробниот период и скапа преквалификација.

Како тоа да не е доволно, прес-службата на полицијата објави: „Некои работи траат вечно, а некои не траат ниту еден час“.

притисни ентер