Помпео : Косово што побргу да го продолжи дијалогот со Србија - Канал 5

Помпео : Косово што побргу да го продолжи дијалогот со Србија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека Косово мора да биде подготвено да ги продолжи преговорите со Србија што е можно поскоро.

Помпео : Косово што побргу да го продолжи дијалогот со Србија

„Ја поздравивме одлуката на вашата влада да ги укине сите мерки на реципроцитет за српската стока, што означи клучен чекор во повторното започнување на процесот на дијалогот“, напиша Помпео во писмото до косовскиот премиер Абдулах Хоти, во кое му честита за неговиот избор.

Тој во писмото истакна дека Соединетите држави продолжуваат да го поддржуваат Косово „во унапредување на процесот за целосна нормализација на односите со Србија, фокусиран на взаемно признавање“, за кое рече дека е неопходно за Косово во однос на глобалната интеграција и реализирање на целосниот потенцијал.

Хоти на Твитер ја објави честитката, во која се наведува дека Приштина е решена тесно да соработува и изрази благодарност за, како што рече, „безрезервната поддршка во нормализацијата на односите со Србија, насочена кон меѓусебно признавање“, објави косовскиот премиер.

Во писмото, кое го пренесе кабинетот на Хоти, Помпео, исто така, им честита на Косово на „мирниот и демократски процес на формирање влада“.

Тој, исто така, ја поздрави заложбата за борба против корупцијата како врвен приоритет на владата на Хоти и вети поддршка за антикорупциските активности, како и други иницијативи насочени кон зголемување на владеењето на правото и зајакнување на демократските институции кои можат „да обезбедат еднаков третман и правда за сите косовски граѓани“.

„Заедно, ќе ја надминеме пандемијата„ ковид-19 “и ќе изградиме пат за реализација на економскиот потенцијал на Косово.Останувам посветен на зајакнување на врските меѓу нашите две земји“, порача Помпео во писмото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Првите снимки од земјотресот што го погоди кинескиот регион Тибет почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи, додека се очекуваат подетални информации за последиците од земјотресот.

Први снимки од разодниот земјотрес од 7 степени во Кина: Луѓето бегаат во паника (ВИДЕО)

Според претходните извештаи, земјотресот го погодил подрачјето на округот Бакен во регионот Нагку, а неговите силни потреси предизвикале паника кај жителите, објави ДПА.

Според достапните информации, земјотресот имал магнитуда од 7,0 степени, а епицентарот бил на релативно мала длабочина, што може да го зголеми неговото влијание во околното подрачје. Сепак, во моментов нема сигурно потврдени податоци за бројот на можни жртви или обемот на материјалната штета.

Надлежните служби ја следат ситуацијата, додека се очекуваат нови информации од терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Во чест на утрешниот државен празник, општинската зграда во Кавадарци е симболично осветлена во боите на македонското знаме.

Јанчев: Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба

Со овој симболичен гест оддаваме почит кон храброста, пожртвуваноста и непокорниот дух на македонските револуционери, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

Отсега, по повод секој државен празник, општинската зграда ќе свети во боите на македонското знаме, како симбол на почит кон нашата историја, традиција и национален идентитет.

Нека е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Синдикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите

Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година.

Синдикатите на автомобилски гигант го отфрлија планот за замрзнување на платите и бонусите

Синдикатот на вработените во чешкиот производител на автомобили „Шкода Ауто“, кој работи во рамките на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, го отфрли предлогот за замрзнување на платите до 2030 година и можноста за укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

Претседателот на синдикатот „ОС КОВО“, Јарослав Повшик, на состанок со членовите на синдикатот изјави дека вработените нема да прифатат замрзнување на платите или укинување на бонусите, објави „Ројтерс“.

„Фолксваген“ планира да ги замрзне платите на околу 660.000 вработени низ целиот свет до 2030 година, соопшти работничкиот совет на групата претходно оваа недела, потврдувајќи ги претходните медиумски извештаи за плановите за намалување на трошоците.

Мерките се дел од пошироката стратегија на „Фолксваген“ за подобрување на финансиската одржливост и спроведување реструктуирање на бизнисот во услови на зголемени негативни влијанија врз автомобилската индустрија.

„Шкода“ е еден од клучните производители во чешката индустрија, со три фабрики и развиена мрежа на добавувачи.

Компанијата беше профитабилна и имаше повисоки маржи на профит од некои други брендови во рамките на групацијата „Фолксваген“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер