Помош за дебелки деца - Канал 5

Помош за дебелки деца

Деца и младинци од цела Германија сакаат заедно да слабеат во една бранденбуршка клиника. Надолу со килограмите - тоа е нивната цел.

Помош за дебелки деца
Деца на возраст од пет до 18 години се обраќаат во клиника во Бранденбург со цел да ги намалат килограмите. Таму учат здраво да се хранат. Докторите велат дека прекумерната тежина им создава психички проблеми на децата. Деца и младинци од цела Германија сакаат заедно да слабеат во една бранденбуршка клиника. Надолу со килограмите - тоа е нивната цел. Прашани колку сакаат да ги намалат килограмите, тие даваат различни одговори.

„Околу пет до десет килограми би биле супер“, вели едно момче.

„Сакам да ослабнам 10 килограми“, вели едно девојче.

„Да ослабнам пет до шест килограми“, ја кажува својата желба друго момче.

„Шест, седум“, вели друго девојче.

„До шест килограми, но јас веќе ослабнав седум килограми“, објаснува едно момче.

Децата доаѓаат во Клиниката за деца и младинци „Белиц-Хајлштетен“ поради физички, но и психички проблеми предизвикани од прекумерната тежина.

„Ние имаме деца на возраст во просек од пет до 18 години, кои кај нас доаѓаат поради различни причини. Еден дел, како што можете да видите, доаѓаат поради дебелината, односно зголемената тежина, а најголем дел и поради придружни болести, без оглед дали физички, на пример вредностите во крвта не се соодветни, почеток на шеќерна болест, но има и многумина поради психичко оптоварување“, објаснува Мајке Пеларин од Клиниката за деца и младинци „Белиц-Хајлштетен“.За околу шест недели тинејџерите учат како вистински да се исхрануваат и пред се’ како правилно да се движат.

„Вакво нешто немам правено дома или, пак, на училиште“, вели Ерик Коте од Бранденбург, кој веќе ги помина првите две недели од терапијата. Тој тежи 105 килограми. Како и многу други тука и тој долго време страда поради својата тежина.

„Во седмо одделение, а сега сум во десеттото, имав училишни проблеми и се’ повеќе се повлекував во себе. Постојано играв Плејстејшн и се’ повеќе јадев, па веќе го немав тоа чувство на заситеност“, објаснува Коте.

Тој не е исклучок. Се’ повеќе деца имаат прекумерна тежина.

„Ако се погледне каква е дневната рутина на децата денес, ќе се види дека им останува се’ помалку време да се движат во природа. А, еден час по физичко во неделата, или два или три часа - тоа не е доволно. И ако се оди и еден час неделно во спортски клуб - тоа не е премногу“, смета Мајке Пеларин од Клиниката за деца и младинци „Белиц-Хајлштетен“.

Годишно околу 650 деца со прекумерна тежина се третираат во клиниката во Бранденбург. Времињата за јадење се точно определени. Дневно има по шест мали оброци, кои се многу поздрави и во кои само понекогаш има слатки.

„Ова е вистински тешко во меѓувреме да не се лапне воопшто чоколадо“, вели пациентот Ерик Коте. Тој е одлучен да ја намали тежината и му успеа да ослабне четири килограми. На прашањето - како треба ова да продолжи, вели:

„И натаму надолу со килограмите, во секој случај“, вели Коте. /Преземено: DW/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Некои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш

 Еве што ја прави разликата

Некои мачки се враќаат дома иако биле оддалечени со километри, а други исчезнуваат засекогаш

Искуството, навиките и темпераментот влијаат на снаоѓањето на мачките, но дури ни доброто познавање на територијата не гарантира дека ќе го пронајдат патот до домот.

Мачките се познати по својата способност да се снајдат во просторот. Додека некои успеваат да го најдат патот до својот дом дури и кога се оддалечени со километри, други се губат и на многу помало растојание. Во што е тогаш тајната на нивниот „внатрешен GPS“?

Јулија Малкова, експерт за однесување на мачките, објаснува дека на способноста за нивна ориентација влијаат искуството, навиките, темпераментот и генетиката на мачките. Затоа сите мачки не се снаоѓаат подеднакво добро, и нивниот инстинкт не е гаранција дека ќе го пронајдат патот до домот.

Искуството и познавањето на територијата

Мачките кои од мали имаат навика да престојуваат надвор обично имаат поголемо искуство да се снајдат во околината. Познатите звуци, мириси им помагаат во полесно препознавање на територијата и полесно пронаоѓање на местата што им се познати.

Од друга страна, мачките кои цел живот го минуваат во затворен простор може да имаат потешко да се снајдат надвор. Непознатите улици, новите мириси, различната околина може да ги збунат, особено ако се исплашени и под стрес.

Зошто некои мачки никогаш не се враќаат дома?

Дури ни мачките кои добро ја познаваат својата околина, не се имуни на опасноста да се изгубат. Големите градови, густиот сообраќај, непознатите подрачја и стресот може да им го отежнат враќањето, додека стравот може да ги натера да се скријат и да останат на едно место. Врз нивната способност да се ориентираат влијаат повеќе фактори, па ни долгогодишното искуство не гарантира дека мачката ќе успее да го најде патот до дома.

Не потпирајте се на мачешкиот инстинкт

Иако мачките се исклучително снаодливи, нивната способност не треба да се преценува. На сопствениците им се советува да обезбедат сигурна околина, како и соодветна идентификација за да ги зголемат шансите за нивно пронаоѓање доколку залутаат.

Многумина прашуваат дали нивната мачка треба да излегува надвор. Нивниот т.н. „внатрешен GPS“ е фасцинантна способност, но не е непогрешлив. Затоа најдобро е да го спречите неконтролираното лутање и да го намалите ризикот миленикот да се изгуби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. 

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите.

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“.

Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини.

Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал.

Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист.

Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“.

Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе.

Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер