Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на учениците
1Герасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на учениците
ЕвропаПоморски дрон експлодира во романско пристаниште (ВИДЕО)Поморски дрон експлодира денеска во романското црноморско пристаниште Констанца додека го испитуваа експерти откако беше извлечен од морето, објавија романските медиуми.Според Antena 3 CNN, областа била обезбедена од страна на Романската разузнавачка служба, Крајбрежната стража и Министерството за одбрана. Експертите се обидувале да утврдат за каков вид уред станува збор и да го направат безбеден кога се случила експлозијата. Немаше непосредни извештаи за повредени. NEW: Explosion reported near Romania's Constanța Port. Area cordoned off. A naval drone reportedly found nearby this morning. pic.twitter.com/sode6zhUpg — Clash Report (@clashreport) June 5, 2026 Областа евакуирана како мерка на претпазливост По пронаоѓањето на дронот, властите ја изолираа областа и ја евакуираа околната област од безбедносни причини. Романските власти започнаа истрага за да го утврдат потеклото на уредот и околностите под кои стигнал до романскиот брег. Слично на дроновите од војната во Украина Романските власти изјавија дека дронот наликува на морски дронови што се користат во војната во Украина. Тие нагласија дека уредот не е дел од опремата на романската војска и не е поврзан со неодамнешните воени вежби организирани од Министерството за одбрана. Според досега достапните информации, дронот бил пронајден во морето и транспортиран до пристаништето Констанца, каде што експлодирал за време на инспекцијата. Романските власти сè уште не објавија од каде дошло дронот ниту како завршил на романскиот брег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Реновирана спортската сала во „Коле Неделковски“, подобри услови за спорт и развој на ученицитеСо спортски активности и многу игра, во обновената фискултурна сала во ООУ „Коле Неделковски“ се одбележа Детската недела. На учениците им се придружи и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.„Салата ја реновиравме во текот на летото. Учениците сега имаат функционален простор за спорт и физичка активност, а дополнително тука се и игралиштата во училишниот двор. Спортот е важен елемент во образовниот процес и затоа континуирано вложуваме во развојот на таа инфраструктура. Децата мора да спортуваат и да го градат тимскиот дух , ако сакаме утре да имаме генерации кои ќе бидат здрави“, истакна градоначалникот Герасимовски. Просторот во салата од 350 квадратни метри, која со децении беше во незавидна состојба, сега е целосно трансформиран во современ и безбеден амбиент со одлични услови за наставата по физичко образование и за рекреација. Реконструкцијата опфати целосно освежување на паркетот, кој е избрусен и лакиран, како и санација на ѕидовите, таваните и нови внатрешни врати. Поставени се нови инвертер-клима уреди и современо ЛЕД-осветлување, а електричната инсталација е целосно заменета. Дополнително, обновени се соблекувалните и кошевите, а во тек е обновување и замена на преостанатите спортски реквизити. Општина Центар, вложувајќи во образованието и спортот, го поттикнува правилниот физички и ментален развој на учениците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59
ФудбалКристијано Роналдо се огласи по збогувањето на Меси: Никој не ги очекуваше овие зборови...Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака по својот последен настап во дресот на „Гаучосите“, а набрзо потоа и Кристијано Роналдо ја коментираше неговата објава.Еден од најдобрите свтески фудбалери во историјата, волшебникот со буба мара Лионел Меси се прости од аргентинската репрезентација со емотивна порака по својот последен настап во дресот на „Гаучосите“, а набрзо потоа и Кристијано Роналдо ја коментираше неговата објава. Аргентинецот се осврна на својата репрезентативна кариера и призна дека веќе му недостига носењето на славниот сино-бел дрес. „Вчера го одиграв последниот натпревар и веќе ми недостига сино-белиот дрес. Знам дека ја носам вистинската одлука. Тоа беше неверојатно патување, исполнето со радост и некои тажни моменти, но целосно сум убеден дека вредеше за секој чекор“, напиша Меси. Тој особено им се заблагодари на своето семејство, пријателите, соиграчите и тренерите кои беа покрај него во текот на кариерата, но не го заборави ниту Диего Марадона. „Не сакам да го заборавам Диего, кој ја издигна нашата земја таму каде што заслужуваше да биде и кој – како што секогаш велам – беше со нас на секој чекор, овде со нас, но и од небото“, рече Меси. Во емотивна порака, тој им се заблагодари на клубовите за кои настапуваше, како и на Бога, а на крајот повторно им се обрати на навивачите. „Ве сакам многу, ќе ми недостигате и засекогаш ќе бидам благодарен што бевте со нас – и со мене“, заклучи Меси. А потоа уследи реакција што привлече посебно внимание. Под објавата на Меси се огласи Кристијано Роналдо, неговиот долгогодишен ривал од ерата што го одбележа светскиот фудбал. „Лео, толку многу години во одбрана на твојата земја и историја што ќе остане засекогаш. Целосна почит за она што го постигна со Аргентина. Поздрав“, напиша Роналдо. Меси ја заврши кариерата во националниот тим по финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина загуби од Шпанија со 0:1. Сепак, тој се прости од репрезентацијата и на ревијалниот натпревар против Бенин, на кој Аргентина победи со 3:0. Двајцата беа најголеми ривали во светскиот фудбал повеќе од 15 години, но пораката на Роналдо уште еднаш покажа дека големото ривалство на теренот не мора да значи и недостаток на почит надвор од него.Тагови: Кристијано Роналдо Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија „НаТочак“: Решението за БРТ не смее да биде на сметка на пешаците и велосипедистите„НаТочак“ бара јавноста да го види целото решение пред да започне деталното проектирање на системот што ќе ги промени главните скопски булевариВоведувањето на БРТ може да биде важен чекор за Скопје, но не смее да се претвори во изолиран проект за автобуски траси, туку треба да биде дел од интегриран систем со железницата, останатиот автобуски превоз, пешачењето и велосипедизмот, предупредува „НаТочак“. Иницијативата на 2 октомври достави допис до Град Скопје и ЈСП (целосен текст достапен на линкот) со низа предлози за проектот. Причината за дописот, велат, е што БРТ нема само да пренамени 2 автомобилски во 2 автобуски ленти, туку ќе го промени целокупното сообраќајно решение на дел од главните булевари (пресек на булеварите, подземни инсталации, крстосници). Еден од најголемите ризици што го посочуваат е начинот на кој ќе се распредели ограничениот простор. Булеварот „Јане Сандански“, со профил од околу 60 метри, овозможува различни решенија. Но, „Партизански одреди“, „Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „11 Октомври“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ се значително потесни, 30, 40, максимум 50 метри и ја немаат истата комоција. „Концептот треба да почне од најслабите точки“, сметаат од „НаТочак“, односно од делниците каде просторот е најограничен, за да се избере решение со најмалку штета за останатите видови транспорт. Особено го проблематизираат решението на „Партизански одреди“, каде во делот кај Буњаковец и Архитектонскиот факултет пешачките и велосипедските површини се со искористен капацитет и веќе се на граница на функционалност. Според „НаТочак“, доколку таму дополнително се намалат тротоарите за да се обезбеди простор за новиот концепт, пешаците и велосипедистите би можеле да бидат ставени во меѓусебен конфликт. „Пешачкиот и велосипедскиот сообраќај не се споредна инфраструктура во однос на БРТ. Тие се дел од истиот систем на одржлив транспорт и директно го хранат БРТ“, велат од иницијативата. „Само заедно со таков пакет можеме да дадеме алтернатива на автомобилската доминација“. Од „НаТочак“ посочуваат дека времето на патување со јавен превоз не е само времето поминато во автобус. Во него влегува и времето потребно за пешачење (или возење велосипед) до станицата, преминување улици и трансфер од една линија на друга. Затоа бараат станиците на БРТ да бидат добро поврзани со другите автобуски линии и железницата, со кратки и безбедни пешачки врски, усогласени возни редови и интегриран билетен систем. Десни или леви врати - прашање што го менува целиот профил Една од клучните дилеми е и позицијата на БРТ во сообраќајниот профил и типот на врати на возилата. Решението автобусите на БРТ да се движат во најлева лента, а да бидат со десни врати може да има предности, но, според „НаТочак“, мора да се пресмета и што ќе чини тоа решение во простор: нови или проширени жардињери, двојни станици, преместување инсталации (атмосферска, гасовод, топловод…) и можни интервенции во постојните велосипедски и пешачки површини. Од друга страна, централното поставување на станиците или користењето леви или двојни врати може да има поголеми трошоци за автобусите, но и да овозможи подобро искористување на ограничениот простор и помали трошоци за градежни работи. Кое решение е подобро, велат, не треба да се одлучува само по принцип „што е подобро за постојните автобуси“, туку врз основа на конкретни податоци за времето на патување, трошоците и последиците врз целиот сообраќаен систем, oсобено пешачката и велосипедската инфраструктура. Од иницијативата бараат да се објават и различните разгледувани варијанти (повеќе од 2-те кои ги илустрираат), предностите и недостатоците на секоја од нив, како и критериумите според кои е избрана сегашната варијанта и како таа се бодува според меѓународните стандарди. БРТ како можност за подобар град „НаТочак“ бара во проектот да се предвидат и услови за идниот развој на системот - меѓу другото, можност БРТ коридорите во иднина релативно лесно да се адаптираат за трамвајски превоз, а сите улици кои се планираат за градежни работи (како на пр. „Цветан Димов“) од старт да ги земат предвид барањата за втората БРТ линија, а не да се прекопува за неколку години. Бараат и БРТ да има приоритет на семафорите, да се решат конфликтите со останатиот сообраќај и да се обезбеди универзална пристапност на станиците, тротоарите и премините. Посебно внимание посветуваат на јавниот простор околу станиците, кој според нив не треба да биде само место за влез и излез од автобус, туку квалитетен простор со зеленило, сенка, места за седење, вода, информации и безбедни паркинзи за велосипеди. Сепак, најголемото барање е транспарентност. Од „НаТочак“ велат дека јавноста сè уште нема можност да го види целосното избрано решение, туку главно располага со изјави и неофицијални визуелни материјали. „Не е доволно јавноста да добие само една сликичка од решението и усни раскажувања“, велат од иницијативата, барајќи да се објават напречните профили, анализите, алтернативите и податоците врз основа на кои е избрана конкретната варијанта. За проект од ваков обем, сметаат, јавната дебата не треба да се случи откако решенијата веќе ќе бидат донесени. „Ако еден мал ДУП кој засега стотина жители заслужува јавна презентација и анкета, уште повеќе тоа го заслужува проект кој засега стотици илјади жители на Скопје“, велат од „НаТочак“. Од иницијативата нагласуваат дека не се против БРТ и дека нивната цел е системот да биде успешен и долгорочно функционален. „БРТ треба да се искористи како можност Скопје да добие интегриран, пристапен и одржлив транспортен систем, а не само нова автобуска инфраструктура. Развојот на БРТ мора да биде пропратен со развој на пешачката и велосипедската инфраструктура, а не нивна деградација“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook