Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници
1Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници
3„Мис Бум-Бум“ вети дека, ако Аргентина го освои Светското првенство, ќе го истетовира Меси на посебно место!
СветПоморската мисија на ЕУ предупредува дека нападите на Хутите можат да го попречат бродскиот превозПоморската мисија АСПИДЕС на ЕУ, предупреди дека проиранската милиција на Хутите во Јемен може да ги нападне меѓународните бродови во Црвеното Море и источниот дел на Аденскиот Залив.Бродовите во областа би можеле да бидат цел, соопшти мисијата со седиште во Лариса, Грција, повикувајќи ги превозните компании чии бродови се наоѓаат во регионот да бидат особено внимателни. Предупредувањето доаѓа откако милицијата на Хутите вчера ги продолжи своите ракетни напади врз Израел, поддржувајќи го Иран во конфликтот. Бродскиот сообраќај низ Црвеното Море и Аденскиот Залив исто така би можел да биде изложен на ризик, а бродовите поврзани со Израел или САД треба да избегнуваат минување низ Црвеното Море и Аденскиот Залив каде што е можно, се вели во предупредувањето на АСПИДЕС. „Воените капацитети на Хутите во моментов се сметаат за недопрени и значителни“, се наведува во соопштението. Црвеното Море и Аденскиот Залив се клучни трговски рути, потсетува ДПА. Израел и САД почнаа координирани напади врз Иран на 28 февруари за време на преговорите за ограничување на способноста на земјата да создаде нуклеарно оружје. Иран отсекогаш инсистираше на тоа дека неговата нуклеарна програма е само за мирнодопски цели. Освен што ефикасно го затвори Ормутскиот теснец, клучна рута за превоз на глобалните резерви на нафта и гас, Иран одговори со лансирање напади врз Израел, како и врз земјите од Заливот сојузници на САД. Ограничувањата во Ормутскиот теснец, кој што е од витално значење за глобалниот пазар на нафта и гас, предизвикаа нагло покачување на цените на енергенсите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетнициВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во Кичево од кои еден малолетник и по едно лице во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола. Под дејство на алкохол возело едно лице во Делчево. Додека пак, по едно лице во Кичево и Кавадарци возеле со забрана за управување на моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00
МакедонијаПредлогот на разрешување и избор на членовите на Владата е пристигнат во СобраниетоПредлогот за разрешување и избор на членовите на Владата е пристигнат во Собранието. Седницата е закажана за понеделник 13 јули, со почеток од 11 часот. Списокот со осум нови министри денеска е испратен во Собрание, со што ќе се реконструира една третина од владиниот кабинет. Лидерот на ВРЕДИ, Билјал Касами, изрази задоволство од кадровските измени и потенцираше дека односите во коалицијата се коректни и без заткулисни игри. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Во тек е тампонирањето на новиот кружен тек на Северен БулеварГрадежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар напредуваат според предвидената динамика, а со секој нов чекор проектот се приближува до својата завршница.Со завршувањето на кружниот тек ќе се создадат подобри услови за одвивање на сообраќајот, ќе се намалат застојите и ќе се овозможи побезбедно и поефикасно движење за сите учесници во сообраќајот. Продолжуваме посветено да реализираме проекти што носат трајни придобивки за граѓаните, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34Презентација на воена опрема вредна над 40 милиони евра во касарната „Илинден“08:57Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно08:30МВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00