Помладите синови на Бекам му оддадоа почит на семејството со нови тетоважи - Канал 5

Помладите синови на Бекам му оддадоа почит на семејството со нови тетоважи

Помладите синови на Бекам му оддадоа почит на семејството со нови тетоважи, додека Бруклин ги отстрани своите.

Помладите синови на Бекам му оддадоа почит на семејството со нови тетоважи

Семејството Бекам повторно е во центарот на вниманието на јавноста, а овој пат причината се тетоважите, кои, се чини, зборуваат погласно од зборовите.

По одлуката на нивниот постар брат Бруклин да ги покрие тетоважите посветени на семјеството, Ромео и Круз Бекам покажаа нови трајни симболи на семејна приврзаност на социјалните мрежи.

Според странските медиуми, односите во семејството наводно се оладиле откако Бруклин ја прекинал комуникацијата со своите родители и браќа и навестил во јавните настапи дека помирувањето во моментов не е на повидок.

За разлика од Бруклин, неговите помлади браќа испраќаат сосема поинаква порака.

Ромео го истетовира зборот „семејство“ на задниот дел од вратот за време на посетата на студиото за тетоважи „Fine Line Hearts Club“, додека Круз ја додаде буквата „J“ на торзото како почит кон неговата девојка, Џеки Апостел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија

Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премеирот Христијан Мицкоски.

Филипче: Опсесијата на Мицкоски да слика голи поранешни функционери е на граница на невропсихологија

„Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија“, рече Филипче.

Претходно, тој го оспори тврдењето на премиерот дека економските показатели се добри, прашувајќи зошто тоа не го чувствуваат граѓаните.

„Премиере, ако е стварно така како што кажувате, па зошто луѓето не го осеќаат тоа? Ако стварно бројките се така добри, ако стварно добро и домаќински се задолжувате помалку и остварувате поголем раст, зошто нема зголемување на платите? Зошто нема раст на платите во образованието? Зошто нема во социјалната? Зошто нема во здравството?“, праша Филипче.

Тој додаде дека, доколку јавните финансии се толку успешни како што тврди Владата, тогаш треба да има и повисоки примања за работниците.

„Зошто нема минимална плата од 600 евра, ако така добро ги терате и ги водите финансиите?“, рече Филипче.

Реалноста е сосема поинаква од изјавите на Мицкоски кој ги лаже граѓаните.

„Вистината е дека тоа што го говорите не е вистина. Тоа е суштината. Дека сме презадолжени, дека парите одат за партиски тендери и дека граѓаните немаат никаков бенефит од тоа како ја водите економијата во државата“, истакна Филипче.

Тој предупреди и на, како што рече, последиците од актуелните политики врз европската перспектива на државата.

„Со вас, Христијан Мицкоски, ние сме на губитничката страна на историјата и ќе останеме заглавени... ќе бидеме слепо црево како што сме сега во Европа и во светот, изложени на странски влијанија на трети земји и ќе биде под ризик и иднината на земјата и иднината на младите коишто живеат тука“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Филипче молчи за дипломатскиот скандал на Бугарија, повторно ги штити оние што ја понижуваат Македонија

Објавувањето на доверлива дипломатска комуникација од страна на Бугарија претставува сериозен преседан и неодговорен чин кој отвора прашања и за безбедноста на претседателот Христијан Мицкоски и неговото семејство.

Петрушевски: Филипче молчи за дипломатскиот скандал на Бугарија, повторно ги штити оние што ја понижуваат Македонија

Во документот што беше јавно објавен се содржани чувствителни информации, меѓу кои детали за службените возила, лицата кои патувале, локацијата на престојот на семејството на претседателот, како и радиофреквенцијата што ја користело обезбедувањето. И наместо извинување и преземање одговорност од официјална Софија, јавноста доби молк.

Но, уште погласен е молкот на специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче. Човекот кој со месеци ги релативизира бугарските позиции и настапува како нивен најгласен адвокат во Македонија, денес нема ниту еден збор или осуда за овој дипломатски скандал.

Филипче повторно покажува дека кога станува збор за потезите на бугарските власти, секогаш избира да молчи. Не реагира ниту кога се негира македонскиот идентитет, јазик и историја, ниту кога со дипломатски преседан се доведува во прашање безбедноста на претседателот на Владата.

Овој случај уште еднаш покажува дека Македонија ќе се соочува со сериозни предизвици и притисоци на европскиот пат. Затоа државата мора да настапува единствено, достоинствено и со јасно поставени национални позиции, а не со политичари кои молчат кога треба да ја бранат државата.

Македонија нема да отстапи пред ваквите притисоци. Напротив, ваквите постапки само ја зацврстуваат определбата државата да ги брани своите национални интереси, достоинствено и со крената глава, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговори на пратеничко прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче.

Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти, наместо да се најдат позади решетки и да одговараат.

„Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор и да дадат одговор зошто се таму. Е затоа се разочарани луѓето кога ќе ве видат како се смеете позади решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што правдата дошла“, рече Мицкоски и додаде:

„И последно тука ќе завршам. Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете тоа е желбата на народот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер