Поминете викенд без телефон! Овие трикови ќе ви помогнат – светот нема да застане, а вие ќе се одморите - Канал 5

Поминете викенд без телефон! Овие трикови ќе ви помогнат – светот нема да застане, а вие ќе се одморите

Можеби ова ќе ви се допадне, па „дигиталниот детокс“ ќе стане редовна пракса!

Поминете викенд без телефон! Овие трикови ќе ви помогнат – светот нема да застане, а вие ќе се одморите

Секое утро, првата работа што ја правиме е посегнувањето по телефонот, да ги провериме пораките, меиловите, социјалните мрежи. И додека мислиме дека тоа нè поврзува со светот, вистината е дека често нè исцрпува, нè претрпува со туѓите животи и со непотребни информации, па затоа можеби овој викенд е совршен момент да направите пауза и да исклучите сè.

Наместо да прелистувате, еве што може да направите за себе:

Почнете го денот со движење

Тоа не мора да биде сериозен тренинг, доволна е лесна прошетка или јога за телото да се разбуди.

Уживајте во кафето во тишина

Без телефон, без вести, без стрес, само вие!

За целосно да се одморите и регенерирате, сварете си го омиленото кафе, спремете си колач по избор и пуштете музика.

Направете план за претстојната недела

Одвојте половина час и на мира запишете ги обврските што ве очекуваат, ќе бидете организирани и растоварени, а во текот на неделата многу полесно ќе го завршите она што сте го зацртале.

Уредете го вашиот простор

Не мора тоа да е генерално чистење, дури и мала организација на гардероберот и работната маса може да направи да се чувствувате продуктивно.

Преуредете го гардероберот

Тргнете ги работите што повеќе не ги носите и донирајте ги! Ќе се чувствувате полесно, а некому тоа ќе му значи. Не мора тоа да биде големо расчистување, дури и мала организација на шкафот може да направи да се чувствувате попродуктивно.

Направете спа вечер

Топла купка, маска за лице, лак за нокти и време само за вас – вистински луксуз во домашна варијанта.

Организирајте филмска или сериска вечер

Со пуканки, во друштво или сами, гледањето филм е идеално за опуштање без потреба да прелистувате по телефонот. Оваа година беа одбележани 25 г. од премиерата на ремек-делото „Расположени за љубов“ (In the Mood for Love) и беше објавена 10 минутна нова верзија досега невиден материјал, па ова е совршена прилика да погледнете еден од најдобрите филмови на сите времиња.

Излезете од дома со пријателите

Прошетајте низ градот, отидете на кафе или вечера со пријателите – но без да гледате во екранот.

Купувајте паметно

Направете список и отидете до омилениот маркет или пазар, без брзање, без стрес, Пригответе храна за следната недела.

Легнете си порано, без телефонот

Поминете вечер без екранот, легнете порано и разбудете се без потребата веднаш да ги проверите известувањата.

Овој викенд одморете ја душата и исклучете се!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер