МакедонијаПомалиот син на премиерот е во добра здравствена состојба по труењето во ОУ „Димо Хаџи Димов“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги демантираше написите во одредени медиуми дека неговиот помал син, кој посетува настава во училиштето „Димо Хаџи Димов“, во кое пред неколку дена имаше труење, бил хоспитализиран и во тешка состојба. Мицкоски кажа дека детето дека примало инфузија и не оди на училиште, оти денеска е подобар и се надева оти в понеделник ќе започне да посетува настава заедно со неговите другарчиња. - Антони беше дел од таа група на дечиња што им се случи тоа што им се случи, тоа труење. Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека е хоспитализиран. сакам да демантирам. Не беше. Беше во состојба во која беа и сите други дечиња. Имаше некои кои, за жал, правеа таква драма. Морам да признаам дека тоа не е вистина. Инаку да, и тој беше жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште. Тој е храбро момче, пргаво, динамично, сака да се дружи. Претпоставувам во жарот на тоа дружење, он е целоднавна настава на училиште, биле на ручек, конзумирале иста храна, рече Мицкоски. Премиерот изјави дека остава институциите да испитаат и да кажат дали труењети е од храната или е од нешто друго. - Јас колку што знам е дека Агенцијата за храна и ветеринарство и ИЈЗ ги прават тие неопходни инспитувања така што да почекаме да не даваме суд. Денеска е веќе подобар и се надевам дека од понеделник ќе се врати заедно со неговите другарчиња на нормално функционирање на училиште, рече премиерот пред конференцијата „Хибридни и информациски закани: Од препознавање кон национален системски одговор“, што ја организира Институтот за комуникациски студии (ИКС).Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДемократски сојуз: Потребно е забрзување на евроинтеграциите со заштита на македонскиот идентитетДемократскиот сојуз ја поддржува стратешката определба на Република Македонија за полноправно членство во Европската Унија и смета дека процесот на европска интеграција треба да продолжи со засилена динамика и јасна европска перспектива.Во изминатите години Македонија спроведе значителен број суштински реформи, усогласи голем дел од своето законодавство со правото на Европската Унија, воспостави функционална пазарна економија, ги зајакна механизмите за борба против криминалот и корупцијата и во целост ја усогласи својата надворешна, безбедносна и одбранбена политика со политиките на Европската Унија. Како кредибилен партнер на ЕУ, Македонија заслужува валоризација на постигнатите резултати преку формално отворање и затворање на поголем број преговарачки кластери и поглавја. Демократскиот сојуз предлага Владата да ја разгледа иницијативата за постепена интеграција на Македонија во Европската Унија и врз основа на продлабочена анализа, како и пошироки експертски и политички консултации, да изгради јасен државен став за ова прашање. Доколку и понатаму се инсистира на уставни измени како услов за напредок во преговарачкиот процес, Собранието на Република Македонија треба да побара од Европската Унија да донесе јасни и обврзувачки заклучоци со кои ќе се гарантира дека македонскиот јазик ќе биде официјален јазик на Европската Унија по приемот на Македонија, дека идентитетските прашања нема да можат да бидат основа за нови блокади или вето во иднина, како и да се обезбеди принцип на реципроцитет во однос на правата на Македонците во Бугарија. Демократскиот сојуз инсистира на постигнување поширок политички и граѓански консензус за сите прашања поврзани со европската интеграција на државата. Во услови на сложени геополитички предизвици, неопходно е да се обезбеди единство околу европската иднина на Македонија, без притоа да се доведуваат во прашање македонскиот национален идентитет, јазик и културно-историски континуитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
СветКим Џонг Ун на разорувачот Канг КонСевернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на навигацискиот тест на поморскиот разорувач Канг Кон и повика на зајакнување на борбените способности на морнарицата и нуклеарното одвраќање, објавија локалните медиуми.Според Корејската централна новинска агенција (KCNA), Ким се качил на разорувачот Канг Кон за да ги процени неговите маневрирачки и оперативни способности. Тој рече дека изградбата на силна морнарица способна да преземе улога во нуклеарното одвраќање и да извршува напади врз непријателот на и под вода е најважната задача во рамките на петгодишната политика за развој на националната одбрана. Ким изрази увереност дека целите за модернизација на морнарицата, вклучително и развојот на „подводно тајно оружје“ и изградбата на разорувач од 10.000 тони, ќе бидат успешно остварени и нареди разорувачите Чое Хјон и Канг Кон да бидат пуштени во употреба што е можно поскоро. Фотографиите објавени од KCNA ја покажуваат и ќерката на Ким, Џу Ае, како го посетува бродот. Разурнувачот Канг Кон, тежок 5.000 тони, претрпе штета за време на првиот обид за лансирање во мај минатата година, кога се преврте. Во тоа време, Ким го опиша инцидентот како „апсолутна невнимание“ и „неодговорност“ и побара бродот да биде обновен пред клучниот состанок на партијата на крајот на јуни.Тагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
ФудбалНејмар подготвен за вториот меч на Бразил на МундијалотПредводникот на Бразил, трофејниот Италијанец, Карло Анчелоти, изјави дека закрепнувањето на Нејмар се одвива добро и дека тој би можел да им се приклучи на тимските тренинзи веќе следната недела.34 годишниот Нејмар има проблеми со повреда на листот на десната нога, но се очекува да биде подготвен најдоцна до вториот натпревар на Светското првенство. „Неговата ситуација е сосема јасна, работи одлично индивидуално. Ќе направи магнетна резонанца и ако сè биде во ред, следната недела ќе им се приклучи на тимските тренинзи“, изјави италијанскиот стручњак на прес-конференција. Бразил првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 14 јуни против Мароко, а вториот на 20 јуни против Хаити. Последниот меч во групата Ц, Бразил ќе го игра против Шкотска на 26 јуни.Тагови: Нејмар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook