Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
2Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
КошаркаПолуфиналето во Купот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички без навивачки групи „Сакаме да ве известиме дека поради безбедносни причини присуство на навивачки групи на денешниот натпревар нема да има“, се наведува во соопштението кое Кошаркарскиот клуб Пелистер. Градските ривали МЗТ Скопје Аеродром и Работнички информираа попладнево дека меѓусебниот дуел во рамки на полуфиналето во националниот Куп ќе се игра без присуство на навивачките групи на двете екипи на барање на организаторите на завршниот турнир во Битола. „Сакаме да ве известиме дека поради безбедносни причини присуство на навивачки групи на денешниот натпревар нема да има“, се наведува во соопштението кое Кошаркарскиот клуб Пелистер, како организатор на завршницата на Купот, го испрати до МЗТ Скопје Аеродром и Работнички. Актуелниот шампион и бранителот на куп трофејот МЗТ Скопје Аеродром изрази „разочараност“ од одлуката на организаторите. „МЗТ Скопје Аеродром денеска по 26-ти пат ќе игра во полуфиналето од Купот на Македонија, што значи дека имаме акумулирано искуство не само на теренот туку и на организациски план. Поради тоа, со сигурност може да кажеме дека ова е преседан каков што досега не е виден, бидејќи куп-завршници и во минатото се играле надвор од главниот град, па никаде не е преземена ваква непопуларна мерка, која е надвор од секоја спортска, па и човечка логика. Изминатите часови на секаков начин и со секакви гаранции се обидовме да го смениме мислењето на луѓето од Пелистер, но, за жал, не успеавме во тоа“, се наведува во клупското соопштение. Првиот полуфинален натпревар во македонскиот кошаркарски Куп меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички е со почеток во 17 часот, а од 19 часот на програмата е второто полуфинале меѓу домаќинот Пелистер и Еуро Никел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Street Food Picnic по вторпат во Центар, три дена храна, музика и семејна забаваПаркот на Франкофонија од 18 до 20 септември ќе биде домаќин на второто издание на Street Food Picnic, тридневен настан кој ќе понуди добра храна, музика и содржини за целото семејство.Овогодинешното издание е посветено на семејното дружење и заедничкото поминување време на отворено. Во опуштена пикник атмосфера, посетителите ќе можат да уживаат во разновидна гастрономска понуда, музичка програма и детски работилници со игра и креативни активности. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани граѓаните да бидат дел од тридневното дружење во Паркот на Франкофонија. „Street Food Picnic го организираме втора година и навистина ми е драго што овој настан прераснува во убаво септемвриско дружење во Центар. Идејата е едноставна – да излеземе од дома, да се собереме во парк, да каснеме нешто вкусно, да слушаме добра музика, а децата да имаат свои активности и забава. Ги повикувам сите, со семејствата и пријателите, да ни се придружат. Три дена ќе се дружиме и ќе уживаме заедно во Паркот на Франкофонија“, порача Герасимовски. За гастрономскиот дел ќе се погрижат девет изложувачи – Milky, Oljo’s, Transilvanisko trdlo, Жешко Компирче, Sweet Corner, Сутлијаш Бар, Panino, Noa Gyradiko и Mustacos, со избор на солени и слатки специјалитети. Богата програма е предвидена и за љубителите на музиката. Во петок ќе настапат Golemata Voda и Vaso, во сабота Shurbe, Day Off и Flooder, додека во недела музичката програма ќе ја заокружат Dimish, Trio Zigot и Machki. Посебен дел од програмата е наменет за најмладите, кои во текот на викендот ќе можат да учествуваат во детски работилници, да се забавуваат и да поминат квалитетно време на отворено. Street Food Picnic 2 се одржува со поддршка на Општина Центар, а настанот е отворен за сите посетители. Во петок програмата започнува во 17:00 часот и ќе трае до полноќ, додека во сабота и недела започнува во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Од 18 до 20 септември, Паркот на Франкофонија ќе биде место за дружење, добра храна, музика и забава за целото семејство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата годинаПрашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостувањето на Македонската радио телевизија, говореше за актуелната безбедносна состојба, истрагата за убиството во Чаир и движењето на криминалитетот во првите осум месеци од годинава. Во однос на убиството во Чаир, министерот информираше дека истрагата сè уште е во тек и дека се расчистуваат околностите поврзани со еден од двајцата осомничени, вклучително и прашањето зошто лицето било на слобода во моментот на извршување на делото. Тошковски посочи дека во оваа фаза не може да изнесува дополнителни детали за истрагата и изрази очекување дека осомничените наскоро ќе бидат лишени од слобода. Тој потсети дека и во претходни случаи на најтешки кривични дела осомничените биле обезбедени и против нив биле преземени соодветни мерки. Одговарајќи на прашањето дали граѓаните се безбедни, министерот нагласи дека безбедносната состојба треба да се оценува врз основа на конкретни податоци и споредби, а не само преку поединечни настани. „Прашањето дали македонските граѓани се безбедни е легитимно. Слободно можам да кажам да, но сепак станува збор за едно комплексно прашање. Истото не би можеле да го толкуваме надвор од она коешто би требало да бидат бројки, статистика и реалност“, истакна Тошковски. Според податоците што ги презентираше, во периодот од јануари до август 2026 година е забележано намалување на повеќе категории тешки кривични дела во споредба со истиот период минатата година. Бројот на убиства е намален од 19 на 12, односно за околу 37 проценти. Бројот на регистрирани сторители е намален од 26 на 13, додека бројот на жртви е намален од 20 на 12, што претставува намалување од околу 40 проценти. Особено изразено намалување, од приближно 65 проценти, е регистрирано кај обидите за убиство. Разбојништвата се намалени за околу 40 проценти, а тешките кражби за приближно 30 проценти во споредба со истиот период во 2025 година. „Слободно можам да оценам дека имаме намалување на бројот на кривични дела од овој тип на насилен криминалитет. Кога би говореле за разбојништва, имаме намалување за околу 40 проценти, а кога би говореле за тешки кражби, имаме намалување за околу 30 проценти“, посочи министерот. Тошковски оцени дека овие показатели упатуваат на подобрување на безбедносната состојба во делот на насилниот и имотниот криминалитет, но нагласи дека постојат и категории кривични дела кај кои е регистриран пораст. Една од нив е семејното насилство. Министерот посочи дека зголемениот број регистрирани случаи, според неговата процена, е поврзан и со поголемата охрабреност на граѓаните да го пријавуваат овој вид насилство. Во таа насока, го истакна променетиот пристап во постапувањето, наведувајќи дека во Скопје е обезбедена достапност на дежурен судија кој може веднаш да постапува по барањата на Министерството за внатрешни работи. Втората категорија со значителен пораст е кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според министерот, во првите осум месеци од годинава се регистрирани околу 2.200 вакви кривични дела, што е приближно седум пати повеќе во споредба со истиот период минатата година. Тој објасни дека зголемувањето е поврзано со измените на Кривичниот законик, како и со примената на системот „Безбеден град“, кој овозможува поефикасно откривање на ваквите дела. „Го имаме ‘Безбеден град’, којшто ни помага и тоа како во овој дел на детекција на кривичните дела, и заради тоа имаме драстично зголемување на бројот на кривични дела, седум пати повеќе од истиот период лани“, истакна Тошковски. Министерот нагласи дека при оценувањето на криминалитетот, покрај статистичките показатели, неопходно е да се земат предвид и промените во законската рамка и начинот на откривање и регистрирање на кривичните дела.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаГрад Скопје: Од среда до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци .Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, стои во соопштението од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter