Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
1Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
3Божиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава
ЕвропаПолскиот премиер Туск во посета на УкраинаПолскиот премиер Доналд Туск ја започна својата посета на Украина заедно со полскиот министер за финансии Анджеј Домански, објави Канцеларијата на премиерот на социјалната мрежа „Икс“.Туск беше пречекан на железничката станица во Киев од украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха и украинскиот амбасадор во Полска, Васил Боднар и полскиот амбасадор во Украина, Пјотр Лукашевич. Туск завчера изјави дека за време на неговата посета на Киев, меѓу другите теми, ќе се разговара и за подготовките за меѓународна конференција за обнова на Украина, која ќе се одржи во Гдањск во јуни оваа година. Премиерот прецизираше дека ќе биде придружуван од министерот Домански, кој, заедно со своите соработници, го подготвува форумот во Гдањск. Туск нагласи дека во време кога вниманието на светот е окупирано од многу други проблеми и некои заборавиле дека бруталната војна на Украина со Русија продолжува, неговата посета на Киев треба да испрати јасен сигнал дека Полска е најблискиот сојузник на Украина во овие тешки времиња. Украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со Туск на 19 декември, кога Зеленски беше во посета на Варшава.Тагови: Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
МакедонијаСерафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра„Со денешниот договор започнуваме конкретна работа за ажурирање и комплетирање на документацијата која е потребна проектот да влезе во следната инвестициска фаза“,Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски и директорот на ЈП Хидросистем „Злетовица“, Златко Стојановски, денес во Пробиштип потпишаа Договор за соработка меѓу двете институции, со кој се отвора патот за практично спроведување на грантот од 2 милиони американски долари, обезбеден од Светската банка. Грантот е наменет за подготовка на фазата 2 – наводнување и фазата 3 – производство на електрична енергија, како дел од идната инфраструктурна инвестиција проценета на околу 103,2 милиони евра. „Со денешниот договор започнуваме конкретна работа за ажурирање и комплетирање на документацијата која е потребна проектот да влезе во следната инвестициска фаза“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Тој појасни дека во следните 18 месеци ќе се ревидираат техничките студии и инженерските решенија, ќе се зајакне документацијата за безбедност на браните и ќе се подготват еколошките, социјалните и тендерските документи за следните две фази од развојот на хидросистемот. „Нашата задача е да обезбедиме квалитетна документација, целосна институционална подготвеност и проект способен навреме да премине во реализација. За таа цел државата ќе се вклучи со околу 27 милиони евра, средства што ќе ги опфатат трошоците за експропријација, ДДВ и други релевантни јавни давачки“, истакна министерот Серафимовски. Министерот информираше дека со фазата 2 е предвидено наводнување на околу 4.500 хектари земјоделско земјиште во Пробиштипско и Кратовско. Фазата 3 го опфаќа хидроенергетскиот потенцијал на системот, со вкупна проектирана моќност од околу 10 мегавати и очекувано производство од приближно 48 милиони киловат-часови електрична енергија годишно. „За земјоделците од Пробиштипско и Кратовско, наводнувањето ќе овозможи производството да се планира според потенцијалот на земјиштето и потребите на пазарот, а не според количината на врнежи“, нагласи министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на придобивките, министерот истакна дека со ставањето на водата во функција на земјоделското производство се отвора простор за воведување нови култури, поефикасно користење на обработливите површини и развој на локални капацитети за откуп и преработка на земјоделски производи. „Со целосното искористување на хидроенергетскиот потенцијал, „Злетовица“ ќе придонесува и за производство на чиста домашна електрична енергија и за поголема енергетска отпорност на државата. Наша одговорност е овој систем да го довршиме и водниот потенцијал на регионот да го претвориме во конкретна вредност за земјоделството, за енергетиката и за луѓето што живеат овде“, изјави министерот Серафимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОколу 60 студенти ќе добијат можност два месеци практично да работат во локалните самоуправиОколу 60 студенти ќе добијат можност два месеци практично да работат во локалните самоуправи, каде што, покрај работното искуство, ќе имаат можност и за идно вработување. Ова денеска го најави министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, нагласувајќи дека недостигот од стручен кадар е сериозен проблем со кој се соочуваат дел од општините. Според Стоилковиќ, во некои локални самоуправи најмногу недостигаат економисти, правници, архитекти и друг стручен кадар. Преку практикантската програма се очекува студентите да придонесат во работата на општините, да стекнат практично искуство во институциите и на долг рок да помогнат во надминување на дефицитот од квалификуван персонал. -Недостатокот на кадар е сериозна пречка во фукнционирањето на локалните самоуправи и се обидуваме и преку оваа и преку други акции тој недостаток да го надокнадиме. На некои од студентите и практикантите претпоставувам ќе им биде интересно ќе се снајдат, на некој не, меѓутоа ако го отвориме процесот може да се надеваме дека во иднина локалните самоуправи ќе ги исполнуваат оние задачи заради кои постојат, а тоа е да биде блиска до граѓаните и да ги решава проблемите на граѓаните,- Иван Стоилковиќ – министер за локална самоуправа. Од Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво велат дека студентите ќе бидат избрани согласно реалните потреби на општините , откако тие испратиле информации за профилите што им недостигаат. -Секоја општина си достави во делокругот на својата работа каков кадар е потребен, со тоа се „мечиравме“ со државните универзитети и таков тип на студенти ќе бидат пратени во таа општина. Дали економисти, дали правници, зависи од побарувањето на самата општина,- Даниела Димовска – директорка на ИНОВА. Практикантската програма ќе трае два месеци, во август и септември, а финансирањето, како што посочи Стоилковиќ, ќе се обезбеди преку Ресурсниот центар при Министерството за локална самоуправа. За учество во проектот интерес пројавиле околу 40 општини. Надлежните најавуваат дека доколку проектот даде резултати, од следната година ќе биде проширен со поголем број учесници и со можност за вклучување на приватниот сектор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска–Варнс: Потврдено силното партнерство со САД, енергетската независност е клуч за стабилна и просперитетна држава Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс.Главен фокус на средбата беше динамиката во реализацијата на актуелните проектни активности на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, хармонизирањето на правната регулатива со европските стандарди, како и идните планови и проекти во енергетскиот сектор. Потенцирајќи ја важноста на стратешките проекти во енергетиката, вршителката на должност амбасадор на САД, Варнс ги истакна напорите на министерката Божиновска и Министерството насочени кон енергетска независност на земјата, кои, како што беше посочено, се клучни за создавање услови за стабилна и просперитетна држава. Министерката Божиновска на средбата информираше за текот на градежните работи во врска со изведбата на гасниот интерконектор со Грција, коешто се очекува да финишира во текот на 2027 година, а беше дискутирано и за гасното поврзување со Србија, коешто се одвива со забрзана динамика. Овие два проекти министерката ги оцени како стратешки, нагласувајќи дека тие ќе ја променат енергетската слика во регионот. Дополнително, тема на разговор беше и официјалното приклучување на Македонија кон Вертикалниот гасен коридор во септември, коешто е една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа со што се обезбедува стабилна позиционираност на нашата земја во глобални рамки. „Инвестицијата во енергетиката е инвестиција во иднината. Работиме забрзано на реализација на енергетските проекти, но и на обврските согласно Реформската агенда. Се поврзуваме енергетски со регионот, а со тоа и со светот. Придобивките од проектите на коишто работиме ќе бидат видливи и опипливи, во корист на граѓаните и државата“, порача министерката Божиновска на состанокот. На средбата беше потенцирана и важноста на Стратешкото партнерство меѓу двете земји, со истакнување на заложбите за понатамошно продлабочување на взаемната соработка, како и заедничките напори за промоција на демократските вредности. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter