Полскиот Парламент изгласа законот за абортус да се испрати до специјална комисија на анализа

Пратениците во полскиот Сејм (долниот дом на парламентот) денеска изгласаа да се испратат четири закони за абортус до специјална комисија која дополнително ќе ги анализира.

Два предлог-закони имаат за цел да го легализираат абортусот до 12-та недела од бременоста, а третиот е насочен кон декриминализација, пишува „Гардијан“.

Четвртиот, предложен од конзервативната алијанса Трет пат, повикува на враќање на строгите закони од 1993 година.

Во Полска, речиси целосна забрана за абортус беше воведена во 2021 година, но откако ја презеде власта минатиот октомври, новиот премиер Доналд Туск го врати јавното финансирање за ИВФ, а новата владејачка коалиција, исто така, гласаше за промена на правилата за пристап до итна контрацепција.

Според постоечките закони, абортусот е легален во случај на силување, инцест или ако здравјето или животот на жената е во опасност.

Активистите за правата на жените истакнуваат дека дури и легален абортус е тешко да се добие бидејќи лекарите не се сигурни во правилата или одбиваат да ја прекинат бременоста од морални причини.

На почетокот на оваа недела, Европскиот парламент ги повика земјите-членки на ЕУ целосно да го декриминализираат абортусот, а Полска и Малта да ги укинат законите кои го забрануваат и ограничуваат.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Полска, претежно католичка земја, се оддалечува од учењето на црквата и дека се поголем број гласачи го поддржуваат правото на абортус. /МИА

Ќустендил и други општини од Бугарија бараат брз старт на изградбата на автопатот до Македонија

Изградбата на автопатот од Дупница до граничниот премин со Македонија Ѓуешево треба да почне што е можно поскоро, инсистираат локалните власти од регионот на Ќустендил, Бугарија.

Советите на општините во целиот регион потпишаа декларација во која бараат властите на Бугарија да посветат сериозно внимание на напредокот на важната инфраструктурна локација, која освен патна, вклучува и железничка пруга. Декларацијата ќе биде испратена до претседателот, националното собрание, советот на министри и други институции, јавуваат бугарските медиуми.

Општинските советници на Ќустендил, Дупница, Бобов Дол, Сапарева Бања, Рила, Кочериново, стравуваат дека Македонија се обидува да ги пренасочи европските средства наменети за коридорот 8 за коридорот 10, јави бугарската национална телевизија...

Калифорнија воведе вонредна состојба после силниот земјтрес

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусам синоќа прогласи вонредна состојба во оваа сојузна држава по замјотресот со јачина од 7 степени по Рихтеровата скала.

-Пред малку воведов режим на вонредна сосотојба за да се овозможи испраќање ресурси таму каде што е непоходно за вонредно да се реагира на земјотресот со јачиа од 7,0 кој се случи денеска наутро, напиша гувернерот на социјалната мрежа „Икс“. Тој додаде дека властите работат во оперативен режим за да ги „информираат и обезбедат безбедност на калифорнијци“.

Според Геолошката служба на САД, епицентарот се наоѓал во Тихи Океан, 63 километри западно од градот Петролија. Засега нема информации за настрадани или за материјални штети. Властите го повлечија предупредувањето за закана од цунами./МИА

Спречен терористички напад на божиќен пазар во Германија

Германската полиција спречила потенцијален терористички напад на божиќниот пазар во Баварија, откако добила дојава од странска разузнавачка агенција за активностите на еден осомничен маж на интернет.

Според германски Велт, осомничениот, 37-годишен маж од Ирак, бил уапсен во објект за баратели на азил во градот Аугсбург.

По апсењето тој е задржан во притвор каде чека депортација. Во 2016 година беше извршен терористички напад на божиќниот пазар во Берлин, кога припадник на џихадистичката исламска држава влета со камион во толпата и уби 13 луѓе.

Две години подоцна, екстремисти поврзани со Исламската држава извршија напад на божиќниот пазар во стразбур, кога беа убиени пет лица..

притисни ентер