Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
2Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
СветПолски медиуми: На куќата покрај границата не падна руски дрон, туку ракета од нашиот Ф-16 Полските обвинители кријат информации за неидентификуван летачки објект чии остатоци паднале врз куќа во Вирика, во регионот Лублин, во близина на границата со Белорусија, објави полскиот весник „Жечпосполите“.Министерството за одбрана, исто така, одбива да коментира за случајот. Според информациите на весникот, станува збор за ракета испукана од полски авион Ф-16, кој требало да го собори дронот, но неговиот систем за водење се расипал за време на летот. Минатата недела, руски дронови или нивни делови беа пронајдени на неколку локации во источна Полска. Од пронајдените 17 предмети, повеќето се таканаречени „мамки“, кои не предизвикале штета - освен оној во Вирики Вола во близина на Влодава, каде што неидентификуван објект го урна покривот и го проби таванот на една куќа. Сопственичката изјави дека успеала да излезе од спалната соба кратко пред металните парчиња да паднат врз неа. Обвинителство: Не можеме со сигурност да кажеме што ја погодило куќата Обвинителството на Лублин ги идентификуваше остатоците од 17-те дронови со стручна помош, но вели дека не се сигурни дали објектот во Вирики бил дрон, дел од дрон или нешто друго. „Засега не можеме со сигурност да кажеме што ја погодило куќата во Вирики. Се истражува, чекаме мислење од експертите“, изјави Агњешка Кепка, портпаролка на Военото обвинителство на Лублин. Локалниот функционер Кшиштоф Коморски изјави дека како претставник на владата во регионот, тој има овластување да ги координира активностите на терен, но не е задолжен за техничка идентификација: „Тоа го прават стручните служби. Тие собираат докази, утврдуваат технички спецификации, утврдуваат дали нешто е соборено или паднало само по себе.“ За каков вид ракета станува збор? Според достапните извори, куќата била погодена од ракета воздух-воздух AIM-120 AMRAAM испукана од полски F-16. Извор за полскиот весник тврди дека неговиот систем за водење не функционирал во лет и дека не се активирал поради безбедносен механизам. Куќата била погодена од објект долг околу три метри и тежок над 150 килограми. Мацеј Коровај, поранешен разузнавач, нагласил дека немало експлозија и дека штетата е резултат на самиот удар. На семејството чија куќа била оштетена му е понуден алтернативен сместувачки капацитет од страна на општината, а штетата се проценува на околу 50.000 злоти (околу 11.600 евра). Сè уште не е познато дали ќе можат да се вратат во својот дом. Првата финансиска помош ја добиле минатиот петок. Тестирање на полската одбрана Експертите веруваат дека беспилотните летала, вклучувајќи ги и беспилотните летала-мамки („гербери“), биле намерно испратени кон Полска за да се тестираат системите за одговор и одбрана на земјата. Тие проценуваат дека беспилотните летала најверојатно долетале од правец на Белорусија и дека целта била да се предизвика несигурност, но да се избегне активирање на Член 5 на НАТО, кој ја дефинира колективната одбрана. Аналитичарот Јарослав Волски вели дека ова била многу прецизно испланирана операција: беспилотните летала летале во близина на воени бази и тоа не случајно. Во Вирика, обвинителството и експертите ја продолжуваат истрагата. Се очекува форензичка анализа да покаже што точно паднало врз куќата.Тагови: дронот ракета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаЛДП: 15.000 граѓани реагираа - Продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ!Народниот револт против институционалното слепило не запира! За помалку од три дена, 15.000 граѓанки и граѓани ставија свој потпис на петицијата на Либерално-демократската партија (ЛДП) за итно воведување електронска нараквица за сторителите на семејно насилство! Ова веќе не е само иницијатива, ова е општествен фронт што секојдневно расте и кој јасно им порачува на властодршците – продолжуваме да се потпишуваме за ДА ЗНААТ ДЕКА НЀ ИМА МНОГУ! Секој нов потпис нè носи чекор поблиску до побезбедна земја во која насилниците ќе носат електронска нараквица, а жртвите ќе ја имаат заштитата што државата е должна да им ја обезбеди. Срамно е што парламентарното мнозинство и понатаму молчи пред барањето на 15.000 граѓани, криејќи се зад процедури додека жените во Македонија секојдневно живеат во страв. Граѓаните веќе ја донесоа одлуката – тие бараат акција, а не политички калкулации и изговори што не држат вода. ЛДП јасно порачува: нема да застанеме додека ова законско решение не биде изгласано во Собранието по итна скратена постапка, како што знаете да направите кога ви е од корист! Ги повикуваме сите граѓани кои сè уште не се потпишале, да се приклучат на петицијата и да го дадат својот глас за превенција што спасува животи. Секој глас е глас против насилството, а народниот притисок е премногу силен за да можете да продолжите да го игнорирате!Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМеѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја освои наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во ДубаиМинистерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден град“ го освои првото место во категоријата „Извонредност во сообраќајната безбедност“ на Светскиот полициски самит во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати.Ова значајно меѓународно признание денеска на прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, презентирајќи ги резултатите од примената на системот и постигнатиот напредок во сообраќајната безбедност. Македонскиот проект беше избран за најдобар во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи и полициската служба од индиската држава Махараштра. За наградите на Светскиот полициски самит пристигнале повеќе од 700 номинации од над 60 држави во 13 категории, а изборот на победниците се спроведува преку независно стручно оценување, интервјуа и детална проценка на технолошките и оперативните резултати. „Кога почнавме со „Безбеден град“, многумина се сомневаа дека конечно ќе профункционира систем за кој со години се зборуваше. Денес имам чест да ви соопштам до каде стигнавме на тој план. Македонија го освои првото место во категоријата за извонредност во сообраќајната безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека ова признание претставува потврда дека и Македонија има капацитет да спроведе современи реформи и да постигне резултати препознаени на меѓународно ниво. „Знаеме што значи Сингапур кога се зборува за функционална администрација и технолошки развој. Знаеме што значат Дубаи и Абу Даби во примената на технологијата во сообраќајот. Но, ние покажавме дека и Македонија има капацитет да постигне резултат што ќе биде препознаен во светот“, посочи Тошковски. Министерот потсети дека „Безбеден град“ со години бил проект за кој се зборувало, но не бил целосно ставен во функција. Со спроведените законски измени, дигиталното поврзување на институционалните постапки и воспоставувањето автоматизиран систем за контрола, создадени се услови за доследна примена на сообраќајните правила и еднаков третман на сите учесници во сообраќајот. Резултатите покажуваат значително намалување на бројот на загинати и тешко повредени лица. Во периодот јануари–октомври 2026 година на македонските патишта загинале 85 лица, наспроти 117 во истиот период од 2025 година и 119 во 2024 година. Тоа се 32 помалку загинати во однос на минатата година, односно намалување од 27,4 проценти. Истовремено, бројот на тешко повредени лица е намален на 748, наспроти 872 во 2025 година, што претставува 124 помалку тешко повредени, односно намалување од 14,2 проценти. Особено значајна е споредбата за периодот февруари–октомври, од почетокот на примената на системот, кога бројот на загинати е намален од 108 на 74 лица, односно 34 помалку загинати или намалување од 31,5 проценти. Тошковски истакна дека овие резултати се постигнати преку заедничкото дејствување на „Безбеден град“, засилените полициски контроли, законските измени и превентивните активности. „Тие резултати ѝ даваат суштина на нашата кандидатура, затоа што успехот го мериме по намалувањето на опасното возење и тешките последици, а не по бројот на наплатени казни“, нагласи министерот. Тој потсети дека во последните 15 години на македонските патишта животот го загубиле 2.131 лице, што ја потврдува неопходноста од континуирани и системски мерки за подобрување на сообраќајната безбедност. Заблагодарувајќи им се на полициските службеници, правните и техничките тимови и на граѓаните за нивниот придонес, министерот порача дека меѓународното признание е дополнителен мотив за натамошно унапредување на системот, проширување на опфатот на ризичните локации и детектирање дополнителни опасни однесувања. Како долгорочна цел ја посочи „Визија нула“ – сообраќај без загинати и тешко повредени лица, нагласувајќи дека безбедноста на патиштата бара постојани вложувања, подобра инфраструктура, едукација и одговорност од сите надлежни институции. „Наградата е признание за завршената работа, но одговорноста за она што сè уште не е добро останува исклучиво наша. Додека постои и едно дете кое не може безбедно да премине улица, нашата работа не е завршена“, порача Тошковски. Официјалното доделување на признанието е предвидено за 18 ноември 2026 година во Дубаи.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаКристи Мекормик номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше Кристи Мекормик за нова амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Македонија, соопшти Белата куќа.Мекормик не доаѓа од редовите на традиционалната дипломатска служба, туку е долгогодишна правничка и специјалистка за изборно право со меѓународен теренски ангажман. Нејзиниот избор носи поинаков профил на чело на амбасадата на Кале, каде што фокусот на Вашингтон природно се насочува кон владеењето на правото и институционалната функционалност. Кристи Мекормик минала речиси дванаесет години во американската Комисија за помош при изборите (EAC), институција независна од партиските тела што поставува технички стандарди и ја гарантира веродостојноста на гласачките процеси во САД. Таа била именувана за комесарка во декември 2014 година и ја извршувала функцијата сè до јули 2026 година, период во кој повеќепати застанала на претседателското место на комисијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06