ЕвропаПолски автобус се превртел во Унгарија, 12 загинатиДванаесет лица загинаа, а најмалку десет се повредени откако полски автобус се преврте во текот на ноќта на автопат во источна Унгарија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја соопшти веста за несреќата во објава на Фејсбук утрово пренесува Ројтерс. Рано утринава, автобус излета во канал и се преврте на автопатот М3, во близина на градот Мезехерестеш. Полицијата соопшти дека возилото се движело кон градот Њиреѓхаза. Државната новинска агенција МТИ известува дека во автобусот имало 57 патници и двајца возачи. Истрага за причините Во соопштението, полицијата наведе дека автобусот излетал во канал и се превртел на дел од патот што бил прав. „Првичните информации укажуваат на тоа дека возачот веројатно заспал“, се наведува на веб-страницата на полицијата. Потврдено е дека возачот на автобусот е приведен, а сите повредени се пренесени во болница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски на увид во Идризово - стручњак на вистинското место за вистинската темаПремиерот Христијан Мицкоски денеска е на увид на изградбата на фекална канализација во Идризово.Логичен избор. Откако граѓаните во Гостивар цел месец пиеја фекалии, премиерот конечно одлучи да се занимава со фекалната инфраструктура. Само овојпат од правилната страна на цевката. Додека во Гостивар немаше ниту еден негов увид, ниту една посета, ниту една „здравица“ со граѓаните кои се труеа и заболуваа, сега има време за фотографирање покрај канализација во Идризово. Идризово, место што народот го поврзува со затвор, денеска го пречекува премиерот како експерт за фекален систем. Савевски да си ја работеше својата работа, а не по барање на Мицкоски, можеби Мицкоски ќе останеше подолго во Идризово и ќе имаше можност посериозно да ја проучи темата, научно. Еден месец криза со загадена вода. Илјадници заболени. Епидемија на жолтица. Отруена вода во болницата. Епидемија на западнонилска треска. Двајца починати од западнонилска треска. Болниците во колапс. А премиерот? Прво на научна екскурзија. Потоа на увид на фекална канализација. Приоритетите се кристално јасни. Скопје, 16.08.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДраматичен пожар во ЗелениковоДраматична ноќ во Зелениково, голем пожар околу два часот по полноќ се приближил до последните куќи на ридот над населеното место. За среќа со брза интервенција на жителите, доброволните и професионалните пожарникари, како и на Општина Зелениково, огнот бил запрен пред да ги зафати домовите. -Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, околу 2 часот по полноќ добил телефонски повик од видно вознемирена жителка која побарала помош бидејќи пожарот се приближувал кон нејзината куќа. Според Ангелов, веднаш бил известен дежурниот пожарникар во Скопје, од каде му било потврдено дека за пожарот веќе знаат и дека противпожарно возило од станицата во Драчево било упатено кон Зелениково. Ангелов во тој момент се враќал од Македонски Брод, каде биле направени подготовките за денешната интервенција на пожарот што гори на висок и тешко пристапен карпест терен. По повикот, тој се упатил кон Зелениково и околу половина час подоцна пристигнал на критичната локација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиАмериканска пливачка собори два светски рекорда во ист денАмериканската пливачка Кејт Даглас собори два светски рекорда во ист ден на Првенството во пливање „Пан Пацифик“ во Ирвин, Калифорнија.Во финалето на трката на 50 метри слободен стил, Даглас дополнително го подобри рекордот што го постави само неколку часа претходно во квалификациите. Во финалето, Даглас ја заврши трката за 23,19 секунди, надминувајќи го сопствениот резултат од 23,49 секунди од утринските квалификации за дури 30 стотинки. Со тоа, таа повторно го презеде светскиот рекорд во оваа дисциплина од својата сонародничка Гречен Волш. Волш претходниот светски рекорд од 23,55 секунди го постави на 28 јуни на митингот „Сет Коли Трофи“ во Рим, но Даглас двапати го собори светскиот рекорд во текот на истиот ден. Американката претходно учествуваше во соборувањето на светскиот рекорд во штафетата 4x100 метри мешано на првата вечер од натпреварувањето, заедно со Гречен Волш, Ван Матијас и Вил Модглин. Даглас е освојувач на пет олимписки медали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook