КултураПолска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“ Музичката програмата на годинашното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со концертот на „Моушн трио“ и уметниците Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин на хармоника.Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа со прецизноста и строгоста на делата на големите класични композитори. Предводени од Јануш Војтарович, членовите на триото често изведуваат сопствени, оригинални композиции кои се засноваат на нивното класично музичко образование на Академијата за музика во Краков и на нивната љубов кон традиционалната музика со која израснале. Основано во 1996 година, триото започнува да свири на улиците низ Европа, а потоа прераснува во ансамбл кој е признаен на класичната музичка сцена. Настапуваат низ целиот свет, а уникатноста продолжуваат да ја градат со имплементација на звуците на рок и техно со што нивниот нетипичен израз добива сосема нови нијанси. За нив велат дека да се доживее „Моушн трио“ е како да се присуствува на рецитал на Паганини и концерт на групата „Металика“ во живо. Толку е моќен и возбудлив нивниот звучен свет, а сепак тоа го постигнуваат исклучиво со употреба на нивните хармоники – без дополнителни семплери, лупови или технолошки трикови. Нивната неверојатна изведувачка вештина ги поместува границите на интерпретација и прави тие да бидат една од највозбудливите формации од овој тип на светската сцена. Нивната музика е оригинална, еден вид спој на минимализам, џез и рок кој комплетно ги редефинира постоечките звучни пејзажи кои хармониката како инструмент може да ги долови, и на тој начин создава сосема нова слика за неговите можности. Албумите на триото се одлично прифатени од стручната критика и им носат бројни награди и од класичната, но и од џез-сферата. Членовите на триото сметаат дека единствен начин да се задржи вниманието на денешната публика е да се експериментира со звуците на хармониката и да се извлечат од инструментот звуци кои досега никогаш не се слушнати, да се развиваат нови форми со цел да се креира возбудлива музика која ќе продолжи постојано да носи нови изненадувања... Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16