Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска
2Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска
3Сиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветПолска уапси Украинка осудена за продажба на 56 бубрезиПолските граничари уапсија Украинка која беше осудена на 12 години затвор во Казахстан за учество во организирана криминална група која се занимавала со трговија со човечки органи и продажба на 56 бубрези, соопшти денеска обвинителството.- Жената, идентификувана како Ксенија П., е уапсена на железнички премин меѓу Полска и Украина врз основа на налог за апсење на Интерпол, изјави портпаролката на полското обвинителство Марта Петковска. Обвинителството не наведе причина зошто жената не била во затвор во Казахстан за време на апсењето, ниту кога била осудена. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСветски ден на аудиовизуелното наследство во КинотекаСветскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден. Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, м-р виш филмолог Александар Трајковски и м-р виш филмолог Дамјана Патчева, како промотори на изданието. Истиот ден со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан ТЕТОВИРАЊЕ, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски. Всушност цел октомври измина во знакот на заштитата на аудиовизуелното наследство со прикажувањето на наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј. Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.Тагови: Кинотека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања БожиновскаДенеска во Собранието на македонија ќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.Зад оваа интерпелација стои целокупна политика во која државниот енергетски систем се задолжува, приватните монополи профитираат, јавните ресурси се оставаат без заштита, а граѓаните ја плаќаат сметката, стои во соопштениетоТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова: Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави исходот од парламентарните избори во Србија.Честитки за исходот од денешните избори во Србија! Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“,напиша Сиљановска-Давкова на мрежата ИКС. Congratulations on the outcome of today’s elections in Serbia! The Serbian citizens have demonstrated democratic maturity through a peaceful transfer of political power — Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 25, 2026 Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter