МВР со детали: Му одзеле пиштол на полицаец, па се дале во бегство- удриле во банкина на автопатот кон Тетово
1Надојдените води ги збришаа автомобилите во морето, загина момче- драматични снимки од Родос (ВИДЕО)
2МВР со детали: Му одзеле пиштол на полицаец, па се дале во бегство- удриле во банкина на автопатот кон Тетово
Други спортовиПолска последен противник на македонските одбојкари во квалификациите за ЕПСелекцијата на Полска е последниот противник на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, во квалификациите за ЕП кое во 2015 година ќе се одржи во Италија и Бугарија.Попладнево во словенскиот град Стожице, нашите одбојкари ќе имаат тешка задача во дуелот со фаворизираната селекција на Полска да го поправат впечатокот во овој квалификациски циклус. Избраниците на селекторот Жарко Ристоски во вториот круг од квалификациите, забележаа само една победа (над Летонија) и претрпеа четири порази (Словенија два пати, Летонија и Полска). Натпреварот Македонија – Полска ќе започне од 16 часот, а во последната средба од квалификациската група 1 ќе играат домаќинот Словенија и репрезентацијата на Летонија. Табела: Полска 13 бодови, Словенија 8, Македонија 5 и Летонија 4.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНадојдените води ги збришаа автомобилите во морето, загина момче- драматични снимки од Родос (ВИДЕО) 25-годишно момче загина на грчкиот остров Родос кога автомобилот во кој се наоѓал бил однесен од пороен дожд за време на силна бура и одвлечен во морето, на плажата Стегна, во областа Архангелос.Според достапните информации, вкупно четири автомобили завршиле во морето, а младиот човек не успеал навреме да излезе од автомобилот. Неговото тело го пронашла крајбрежната стража, пренесува Прототема. Бурата што го погоди Родос во раните утрински часови предизвика големи проблеми во сообраќајот, а обилните врнежи од дожд ги претворија патиштата во порои. Проблеми се пријавени од Јалисос до градот Родос, како и во областите Афанту, Фалираки и Архангелос, каде што беа заглавени бројни возила. Поради опасноста за граѓаните, властите го повикаа населението преку системот за известување за итни случаи 112 да ги ограничи своите движења и да ги следи упатствата на надлежните служби. Во Архангелос, сообраќајот беше прекинат на патот кон Малонас откако голема карпа падна на патот и оштети заштитна ограда. Мостот што го поврзува главниот пат со селото беше исто така привремено затворен. Гром предизвика пожар во куќа во градот Јалисос, додека удар од гром предизвика и прекин на електричниот систем на регионалната станица на грчката јавна телевизија ЕРТ. Некои линии на јавен превоз и пристаништето Акантија, како и линијата Родос-Фалираки, беа привремено прекинати поради бурата. Училиштата во Родос и Сими се затворени денес, а некои општински згради се исто така затворени. Важни археолошки локалитети и знаменитости, вклучувајќи ги Линдос, Камирос, Акрополот Јалисос-Филеримос, Археолошкиот музеј на Родос и Палатата на Големиот мајстор, исто така беа затворени од 12:30 часот. Седум области под црвена тревога Грчките власти прогласија највисоко ниво на тревога поради опасни временски услови во седум области: Евија, Споради, Атика, Јужен Егеј, Крит, Самос и Икарија, како и Пелопонез. Силни дождови и грмотевици се очекуваат во текот на целиот ден, особено во Евија, Споради, регионот Магнезија, Крит и Додеканезите. Многу силни северни и североисточни ветрови, до девет степени, ќе дуваат во Егејското Море. Пожарникарите интервенираа поради поплавени згради и паднати дрвја, додека во некои области се активирани предупредувања за граѓаните. Реките се излеваат, жителите добија наредба за евакуација Проблеми беа пријавени и на островот Евија, каде што се излеа река во областа Макрикапе. Жителите беа повикани да се евакуираат кон Псахна преку системот 112 поради излевањето на реката. Претходно, беше испратено предупредување и до жителите на Политика, со кое се повикуваат да избегнуваат непотребни патувања и да ги следат упатствата на властите. Излевањето на реката Киреас предизвика сериозни проблеми во патната врска помеѓу северниот дел на Евија и Халкида. Во Атика и Евија, пожарникарите добија вкупно 58 повици од претходниот ден до 6 часот наутро поради обилни врнежи од дожд и силен ветер. Во Атика беа регистрирани 38 повици, а пожарникарите пумпаа вода и отстрануваа паднати дрвја. Во Евија беа примени 20 повици, со бројни интервенции поради дрвја на патиштата. Штети и на Скијатос, едрилица се насука Бурата го погоди и Скијатос, каде што системот 112 беше активиран двапати. Според градоначалникот Теодорис Цумас, поднесено е барање општината да се прогласи за област погодена од природна катастрофа. На островот се регистрирани прекини на електричната енергија, соборени дрвја и два автомобила однесени од водата. Училиштата се затворени, а штетата се проценува на 40 до 50 бизниси и помеѓу 15 и 20 домови. Во близина на островот Перистери, кај Алонисос, едрилица под грчко знаме се насука со две лица на неа. Двете лица беа спасени и однесени во пристаништето Алонисос. Некои фериботи се суспендирани Силните ветрови предизвикаа проблеми и за поморскиот сообраќај. Забраната за пловење од пристаништата Пиреја и Лаврио остана на сила до 15 часот, со налети на ветер кои достигнаа 10 бофорти на некои места. Некои фериботски линии се суспендирани, вклучувајќи ги врските Принос-Кавала, Агија Марина-Неа Стира и Аркица-Едипсос. Ограничувања се воведени и на некои линии во Саронскиот Залив, додека хидрофоилите не работат. На патниците кои планираат патување им се препорачува да ја проверат состојбата на линиите кај локалните пристанишни власти и туристичките агенции пред поаѓање, бидејќи се можни дополнителни доцнења и откажувања.Тагови: автомобили Родос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Црна хроникаМВР со детали: Му одзеле пиштол на полицаец, па се дале во бегство- удриле во банкина на автопатот кон Тетово Кривични пријави против три лица за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.Во врска со кривично правниот настан, кој се случил на 07.10.2026 околу 20:25 часот на ул.„Црногорска“ во Скопје каде при заседа на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, а по претходно добиени оперативни сознанија дека ќе биде извршено кривично дело по член 215, купопродажба на марихуана, веднаш по добиените информации преземени се соодветни мерки и од страна на полициските службеници даден е знак за запирање на патничкото возило „бмв“. Откако полициските службеници се упатиле кон возилото со цел легитимирање и преглед, возачот го стартувал возилото, при што удрил во бандера и во истиот момент преку прозорецот фрлил кеса со марихуана. Во тој момент еден од полициските службеници го извадил својот службен пиштол и од совозачката страна на полуотворениот прозорец издал наредба „стој полиција“, при што од страна на лицето од совозачката страна му бил одземен службениот пиштол, а возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. Полициски службеници кои биле поставени во близина, се упатиле по возилото кое со голема брзина се движело по ул.„Ѓорче Петров“ кон автопатот Скопје-Тетово, при тоа оглушувајќи се на звучните и светлосни знаци од полициските службеници, а од страна на еден полициски службеник испукани се и три предупредувачки проектили во воздух. Во еден момент возилото „бмв“ удрило во банкина на автопат и се извртело, по што од возилото излегле возачот П.А.(24) и совозачот Е.П.(21). Лицата се лишени од слобода, пиштолот е одземен, а по извршено пребарување на теренот пронајдена е кеса со марихуана. Во координација со ОЈО Скопје од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО, денеска (14.10.2026) поднесена е кривична пријава против Е.П. и П.А. за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 од Кривичниот законик и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик, а против М.Т. за кого постојат сознанија дека е поврзан со случајот поднесена е кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик. Исто така, за настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, кој презема мерки и активности во врска со евентуалните неправилности при постапувањето на полициските службеници во овој случај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
АвтомобилизамЕУ воведува остри мерки против кинеските хибриди- силен удар за купувачите Европската Унија подготвува ново големо ограничување за автомобилите што доаѓаат од Кина, овој пат насочено кон хибридните и plug-in хибридните модели кои бележат невиден раст на продажбата во Европа во последните години. Брисел и Пекинг постигнаа принципиелен договор со кој ќе се ограничи годишниот увоз на овие возила на 350.000 единици. Ова е драстично намалување, бидејќи според проценките на Европската комисија, дури 800.000 вакви автомобили би можеле да стигнат на европскиот пазар оваа година. Новата мерка треба да стапи на сила во декември. Според планот, квотата за увоз за 2027 година ќе изнесува 350.000 возила, по што би се зголемувала за шест проценти годишно во следниот четиригодишен циклус. Пред договорот официјално да се спроведе, тој мора да ги помине конечните европски регулаторни процедури. Кинеските производители ги заобиколуваат царините за електрични возила Овој потег на Брисел е директна последица од брзото прилагодување на кинеските производители. Откако Европската Унија воведе дополнителни царини за електрични автомобили произведени во Кина во 2024 година, фабриките на тој пазар масовно го пренасочија извозот кон хибридни модели кои не беа опфатени со тие даноци. Официјалните податоци од европското здружение на производители ACEA јасно ја илустрираат брзината на оваа транзиција. Во првата половина од 2026 година, кинеските брендови држеа дури 25 проценти од европскиот пазар на plug-in хибридни возила, додека нивниот удел беше само два проценти само две години претходно. Во истиот период, уделот на класичните хибриди од кинеските брендови скокна од два на 14 проценти. Различни ставови на Брисел и Пекинг за истиот договор Интересно е што двете страни го претставуваат постигнатиот договор во сосема поинакво светло. Европските преговарачи го нагласуваат успехот бидејќи увозот е намален за повеќе од половина во споредба со очекуваните 800.000 возила оваа година. Од друга страна, кинеските претставници нагласуваат дека 302.000 хибриди биле извезени во ЕУ во 2025 година, што значи дека новата квота всушност им гарантира понатамошен раст во споредба со извозот од минатата година. Домашната европска автомобилска индустрија го поздрави потегот бидејќи агресивниот раст на поевтините модели создаде огромен притисок врз европските фабрики. Брисел проценува дека ова ограничување би можело да го намали трговскиот дефицит со Кина за помеѓу 10 и 14 милијарди евра. Преместување на фабриките во Европа како долгорочен одговор Иако новите ограничувања им носат привремен одмор на европските производители, тие нема да го спречат присуството на кинеските брендови. Поставените квоти важат исклучиво за возила увезени од Кина, но не и за автомобили произведени во фабриките во самата Европска Унија. BYD веќе интензивно го развива своето производство во Унгарија, додека другите конкуренти исто така се подготвуваат да отворат фабрики на европско тло. Оваа трговска мерка ќе им купи време на европските производители да се прилагодат, но во исто време ќе ги принуди кинеските компании да го забрзаат локализацијата на производството, што на долг рок сепак ќе им донесе силна конкуренција на европските купувачи.Тагови: Европска Унија хибриди Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook