3Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветПолска и НАТО ја засилуваат одбраната- започна операцијата „Истрочна стража“По 16-те беспилотни летала кои влегоа во полскиот воздушен простор во средата, Полска официјално го активираше членот 4 на НАТО кој формално значи дека секоја членка на алијансата може да побара да биде активиран доколку се чувствува загрозена од дрНа вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, Алексус Гринкевич порачаа дека ја започнуваат операцијата „Источна стража“ за да се зајакне позицијата на НАТО, оценувајќи ги руските беспилотни летала над Полска како непромислен потег. Досега неколку држави најавија учество на мисијата, меѓу кои и Данска, Франција, Германија и Велика Британија. -Како одбранбена алијанса секогаш сме спремни да се одбраниме.Што и да има направено (Русија), тоа е непромислено, тоа е неприфатливо и не можеме да прифатиме руски дронови да влегуваат на воздушниот простор над воздушниот простор на Европа, Европската Унија или НАТО. Тоа е апсолуно невозможно и затоа треба да се браниме од тоа.-Марк Руте. -Сојузниците се солидаризираат со Полска и се посветени на овој потфат. Веќе имаме најава за распоредување од страна на Франција, Германија, Данска и Велика Британија и наскоро очекуваме уште неколку други.- Алексус Гринкевич. Дел од експертите за активирањето на членот 4 од страна на Полска го толкуваат само како политички чекор и дека понатаму НАТО би требало да преиспита како понатаму да се однесува во однос на Русија. Професорот Методи Хаџи Јанев за Канал 5 објасни дека Полска заедно со балтичките земји веќе го имаат активирано овој член и пред три години, но не биле преземени никакви понатамошни чекори. -2022 година веќе Полска заедно со балтичките земји го активираа членот 4 и немаше никаква реперкусија, односно не видовме никакви конкретни чекори, освен тоа дека се зајакна распоредот на трупи кои треба да имаат одвраќачка улога. Но, за да ја одвратите Русија треба малце повеќе, а тоа е да покажете малку повеќе капацитет дека имате за да војувате во темпо и начин како што тоа го наметна Русија.Преголемото активирање на членот 4 без да има некоја реперкусија може да биде само контрапродуктивен, иако засега, всушност, како што кажав неговиот политички импакт е огромен бидејќи тоа треба да значи дека НАТО е сериозен и сериозно размислува за одвраќачки чекори против Русија.-Хаџи Јанев . Членот 4 најмногу пати го искористиле Полска и Русија. Јанев за ова повторно активирање на членот вели дека би можел да претставува ризик бидејќи без активирање на членот 5 се намалува моќта на член 4 и од страна на Русија би се толкувал само како празна реторика без акција на терен. Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави нов фронт: По Иран нашите бродови ќе тргнат кон Куба (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп го искористи предизборниот митинг во Флорида, каде што кубанските Американци се значајна изборна единица, за да вети дека ќе се обрати на Куба откако ќе се реши ситуацијата со Иран.Во 90-минутниот говор во Форт Мајерс, Флорида, Трамп повтори дека може да има нова воена акција против Иран додека се обидува да се справи со причините за наглиот пораст на цените на нафтата - ситуација што ги стави републиканците во дефанзива пред изборите на 3 ноември. Обраќајќи се на постарите Американци што живеат во Флорида, Трамп објави план за инвестирање 250 милиони долари за вработување најмалку 5.000 нови медицински сестри и техничари во домови за стари лица низ САД. Трамп: Ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата Бидејќи нема крај на конфликтот со Иран на повидок, Трамп зазеде цврст став кон Куба, продолжувајќи да врши притисок врз комунистичката влада таму по соборувањето на лидерот на Венецуела претходно оваа година, според Ројтерс. Трамп, кој освои 68 проценти од гласовите меѓу кубанските Американци во Флорида, рече дека американските поморски сили, кои моментално се вклучени во војна со Иран, ќе застанат на Куба на пат кон дома. „Еден од бродовите ќе застане на околу 50 јарди од брегот. Ќе ги кренат рацете во знак на предавање, а потоа ќе го испратиме Марко Рубио да ја заврши работата“, рече тој. Државниот секретар Рубио, поранешен американски сенатор од Флорида, во голема мера беше шеф за политика на администрацијата на Трамп за Куба. Митингот на Трамп имаше за цел да ги зголеми изборните изгледи на републиканскиот претставник од Флорида, Бајрон Доналдс, кој се кандидира за гувернер против демократот Дејвид Џоли. САД воведуваат ембарго за нафта врз Куба Трамп го зголеми притисокот врз Куба во својот втор мандат. Во септември, тој ја нарече Куба „пропадна држава“ на Генералното собрание на ОН и рече дека „слободата ќе дојде на Куба“, што предизвика напуштање на кубанската делегација. Трамп отворено изјави дека неговата цел е фундаментално да ја промени кубанската влада. Ембаргото за нафта наметнато од САД ја стави земјата под голем притисок додека се бори со недостиг на гориво и прекини на електрична енергија, влошени од влошената инфраструктура.Тагови: Доналд Трамп куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСрбин е уапсен вчера на Табановце- во јули возел со 166 км/час кај Демир КапијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 166 км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80 км/ч .На 23.10.2026 во 16:00 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија - Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
МакедонијаМанасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?Пред дебаклот во Брвеница на предвремените локални избори, Венко изјави дека ќе обзнани анкети во кои СДС имал голем рејтинг и граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ.Две недели по таа изјава на Филипче, ниту трага и глас од анкетите. Го прашуваме Филипче, каде се тие негови анкети во кои СДС има голем пораст во рејтингот, а ВМРО-ДПМНЕ пад? Зошто не ги покаже во јавноста? Зошто ги крие? Дали тие анкети се направени во штабот на СДС? Додека Филипче ветуваше анкети, во реалниот свет, СДС беше декласиран од ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница со 4 спрема 1, поддршката на Филипче во СДС е на завидно ниво, кој стигне му бара оставка, но ние како ВМРО-ДПМНЕ му даваме целосна поддршка. Почитувани граѓани, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски имаат најголема поддршка од граѓаните, а СДС полека но сигурно со Филипче станува маргинална партија. Разликата во однос на партиите е 4 спрема 1, а претседателот Мицкоски има 7 спрема 1 предност во однос на Филипче. Граѓаните ја ценат работата, посветеноста и вистинската грижа која ВМРО-ДПМНЕ ја пружа. Затоа Филипче не сака избори, затоа што ќе доживее дебакл, рече Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57