„Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј Куцуловски
Американската војска утре ќе детонира експлозив со олово- Трамп дал зелено светло за опасната операција
1„Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј Куцуловски
2Американската војска утре ќе детонира експлозив со олово- Трамп дал зелено светло за опасната операција
МакедонијаПолска го крева нивото од закана по невидената саботажа на железничка пруга кон УкраинаПолска ќе го зголеми нивото на закана на одредени железнички линии и воено ќе ја заштити клучната инфраструктура, објави денеска премиерот Доналд Туск откако беа оштетени шините на железничката пруга што води кон Украина.„Шефот на агенцијата за внатрешна безбедност и министерот за внатрешни работи ме замолија да го воведам третото ниво на закана, Чарли, поради терористички закани“, изјави Туск пред парламентот. „Одлуката ќе се однесува на одредени железнички линии, додека остатокот од земјата ќе остане под второто ниво на закана“. Туск притоа денеска соопшти дека службите веќе идентификувала две лица одговорни за саботажата на нејзината железница, откривајќи дека станува збор за двајца украински државјани кои соработувале со руските разузнавачки агенции и избегале во Белорусија. Портпаролот на полските специјални служби претходно денеска изјави дека сè укажува дека руските разузнавачки служби стојат зад саботажата на полската железница кон Украина. Експлозијата на железничката пруга Варшава-Лублин, која го поврзува главниот град со градот на украинската граница, следеше по серија палежи, саботажи и кибер напади во Полска и други европски земји. Полската влада претпладнево одржа вонреден состанок на Советот за национална безбедност за инцидентот, на кој присуствуваа воени команданти, раководители на разузнавачки агенции и претставник на претседателот.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 25. ноември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 25. ноември 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате. Здравје и совет Постои можност за настинка. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се. Кариера Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи. Здравје и совет Изразите го својот став и борете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично. Кариера Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас. Здравје и совет Одморете се во слободното време. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите. Кариера Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им. Здравје и совет Преоден стрес. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи. Здравје и совет Радувајте му се на секој убав момент. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје и совет Бидете умерени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Кариера Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Рак 22.6-22.7. Љубов Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата. Кариера Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат. Здравје и совет Издржете. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост. Кариера Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас. Здравје и совет Преодна психичка нестабилност. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено. Здравје и совет Душевен немир што набргу ќе помине. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни. Кариера Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно. Здравје и совет Внимавајте да не се сплеткате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј КуцуловскиВечерва во „Само вистини со Видиновски“ со Мила Петрушевска, Стефанија Кузмановска, Тодор Конески и Андреј КуцуловскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЖивотПет работи кои најчесто ги изговараат луѓето со големо его – Еве како да реагирате според психолозитеНачинот на кој некој реагира на несогласување или непријатно прашање, многу говори за неговиот однос кон другите. Некои луѓе систематски избегнуваат да преземат одговорност преку менување на темата, префрлање на вината или предизвикување чувство на срам. Сте се нашле ли некогаш во разговор со личност која одбива да признае грешка, некој кој, наместо да ве сослуша, ги минимизира вашите зборови или инсистира на тоа дека претерано реагирате? Овие обрасци на однесување не се поврзани со полот, ги користат сите оние на кои им е тешко да се справат со критика. Важно е да се направи разлика помеѓу повремена одбранбена реакција и повторлив образец поради кој се чувствувате неразбрани и несигурни во односот. 1. Менување на темата кога се соочуваат со вистината Кога ќе му кажете на партнерот или пријателот дека ве повредил, наместо да се извини, тој возвраќа со напад: „Добро, сега за тоа ќе разговараме? Што е со она што ти го правиш... “? Или, пак, го свртува вниманието на сопствените проблеми: „Немаш поим под колкав стрес сум!“ Одеднаш, разговорот повеќе не се однесува на неговите постапки, туку на вас или на товарот што го носи. Како да реагирате: Задржете го фокусот на конкретниот проблем: „Разбирам дека имаш свои грижи и можеме да разговараме за тоа, но сакам прво да завршиме со она што се случи пред малку.“ Ако другото лице одбие, одложете го разговорот додека ситуацијата не се смири. 2. Припишување на сопствените грешки и несигурности на другите Проекцијата е чест одбранбен механизам: личноста најгласно го напаѓа она со кое и самата се бори. Некој што крие важни работи може да го обвини партнерот за неискреност, додека несигурна личност на другите може да им залепи етикета на себичност. Целта е обвинетата страна да се вовлече во бескраен циклус на правдање, наместо да се реши вистинскиот проблем. Како да реагирате: Не паѓајте во замката на докажување на сопствената невиност. Држете се до фактите: наместо да расправате дали сте „секогаш себични“, фокусирајте се на конкретниот настан и на неговото влијание врз вас. 3. Омаловажување на вашите чувства преку споредби Кога ќе ја споделите својата мака, наместо емпатија добивате „натпревар по страдање“ и коментар од типот: „На сите им се случува тоа, не си единствен/а“; „Мислиш дека само тебе ти е тешко? Погледни низ што минувам јас“; или „Другите имаат многу поголеми проблеми“.Овде пораката е јасна: вашите искуства не се важни. Со тек на времето, почнувате да се повлекувате, бидејќи однапред очекувате да бидат отфрлени или обезвреднети. Како да реагирате: Јасно кажете што ви е потребно: „Знам дека и другите минуваат низ тешки моменти, но сега ми е потребно да ме ислушаш без да правиш споредби“. 4. Предизвикување сомнеж во сопствениот разум (gaslighting) Еден од најопасните облици на манипулација се јавува кога соговорникот упорно ја негира реалноста: „Воопшто не беше така, си вообразуваш“! Или, Со тебе навистина нешто не е во ред штом те погодува таква ситница“. Притоа, ве етикетираат како пречувствителни или нестабилни, што на крајот ве наведува да се посомневате во сопственото сеќавање на случката и расудување. Како да реагирате: Ако по некој разговор често се чувствувате збунети и несигурни во сопственото доживување на настаните, запишете ги клучните факти веднаш штом ќе се случи настанот и побарајте објективно мислење од некој во кого имате доверба. 5. Префрлање на вината за сопственото однесување Некои луѓе ќе признаат дека постои проблем, но одговорноста за него ќе ви ја префрлат вам: „Да не ме провоцираше постојано, немаше да викам“. Ова ве принудува да бидете исклучително претпазливи и да внимавате на нивното расположение. Иако во односот навистина влијаеме еден врз друг, секој е исклучиво одговорен за начинот на кој реагира и како го изразува својот гнев. Како да реагирате: Направете јасна разлика помеѓу давањето поддршка и преземањето туѓа одговорност: „Подготвен/а сум да разговараме за нашето несогласување, но не прифаќам одговорност за начинот на кој ти одлучи да пламнеш“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter