Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
2Халанд направи шоу на свадба во Италија: Ги зема тапаните, па ги натера гостите да веслаат како Викинзи (ВИДЕО)
СветПолска го активира Член 4 на НАТО, се огласи Туск: Во текот на ноќта имаше 19 упади со дронови Во текот на ноќта имаше 19 упади во полскиот воздушен простор, при што повеќето од беспилотните летала доаѓаа од Белорусија, изјави полскиот премиер Доналд Туск пред парламентот.Тој додаде дека е потврдено дека се соборени три беспилотни летала и се чека потврда за уште едно, објави Ројтерс. Туск, исто така, рече дека Полска побарала од НАТО да го повика Член 4 од Северноатлантскиот договор во врска со нарушувањето на нејзиниот воздушен простор од страна на беспилотни летала. „Фактот дека овие беспилотни летала, кои претставуваа закана за безбедноста, беа соборени ја менува политичката ситуација. Затоа, сојузничките консултации беа во форма на формално барање за активирање на Член 4 од Договорот за НАТО“, рече Туск. Член 4 од Северноатлантскиот договор прецизира дека „страните ќе се консултираат меѓусебно“ ако се заклучи дека нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“ е загрозен. За разлика од Член 5, кој ја дефинира меѓусебната одбрана и обврската нападот врз една членка да се смета за напад врз сите, Член 4 не подразбира воен одговор, туку започнување консултации во рамките на Алијансата. За потсетување, полските власти претходно утрово објавија дека руски беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор и дека полските воздухопловни сили употребиле оружје за да ги соборат. Полската војска соопшти дека влегувањето на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата за време на рускиот напад врз Украина претставува „чин на агресија“ што ја загрозува јавната безбедност и бара соборување на објекти, објави Ројтерс. Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека Варшава го информирала генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за дејствијата што ги презела Полска против руските беспилотни летала.Тагови: Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаМладеновска: Клековски призна: „Црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар - оставка веднаш!Министерот за здравство Сашо Клековски призна дека „црвените светла“ се запалиле со задоцнување во Гостивар.Клековски призна дека институциите задоцниле, ама не затоа што сакаше да ја каже вистината туку затоа што не може да ја сокрие непособноста. Во болницата во Гостивар веќе помош побарале над 4.000 граѓаните, се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна. Ова признание на Клековски не ја намалува вината, туку ја потврдува. Ова е признание за целосен колапс на системот под водство на Мицкоски и неговата криминална организација. Колку време му требаше на Клековски да признае дека задоцнија со реакција, дека потфрлија во тоа што е основна обврска на секоја Влада - да се грижи и да ги штити граѓаните? 22 дена Гостиварчани пиеле загадена вода - илјадници граѓани се разболеа. Денови поминаа откако прогласија епидемија и дека водата е неисправна во повеќе населени места. Денови поминаа откако уште во 6 други градови и населени места водата е исто така загадена. Денови откако белата пена почна да тече низ Лепенец и Вардар. Денови откако институциите велеа дека ќе дојдат „за пет дена“ да ја проверат водата. Кога веќе призна за Гостивар, Клековски треба да признае и за водата во Болницата за белодробни болести во Лешок, наместо да ги извртува фактите и да предизвикува катастрофа. Анализата во Лешок е направена од Центарот за јавно здравје во Тетово, согласно Националната годишна програма. Резултатот е пратен до Агенцијата за храна и до Министерството за здравство. Прашањето е дали постапиле овие институции кога го добиле резултатот или повторно црвените светла задоцниле? Дали се известени пациентите, персоналот, дали се презеле мерки за нивна заштита? Или и во овој случај ќе се чека да поминат денови, па откако ќе ескалира проблемот ќе слушаме признавања дека системот затаил? Опасни се изјавите на Клековски со кои сака да го релативизира проблемот. Вели диспанзери имало во Лешок, а како се одржува хигиената во болницата? Со каква вода медицинскиот персонал ги мие рацете? Со каква вода се одржува личната хигиена на пациентите што се хоспитализирани? Ниту едно признание нема да ги заштити граѓаните ако по него не следуваат оставки и одговорност. Признанието на Клековски не дојде од совест. Дојде затоа што веќе секој граѓанин со свои очи ја виде вистината - оваа власт им го загрози здравјето, ја отру државата. И сега, кога конечно признаа, кој ќе одговара за задоцнетите реакции, за загрозеното здравје на граѓаните? Мицкоски? Клековски? Граѓаните немаат ништо од ова признание за црвените светла. Не се виновни црвените светла, туку луѓето што носат одлуки. А одговорност сè уште никој не ја презема. Мора да има целосно утврдување на одговорноста, оставки од Клековски, Андоновска, Миланов и итни контроли и анализи на квалитетот на водата во целата држава, рече Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира.Венко Филипче и актуелното раководство на СДС немајќи идеи што да прават ги користат актуелните настани за добивање само политички поени на нивна сметка. И скандалот во Гостивар каде токму тие со нивните партиски другари од ДУИ и Арбен Таравари се локална власт, наместо да ги погледнат своите редови и конкретно сега да побараат одговорност од градоначалникот, тие шират лаги и делат лекции. Колку за илустрација, деновиве излегоа и со информација дека и водата во Валандово не била безбедна за пиење. Но, вонредните анализи покажаа нешто сосема спротивно од тврдењето на СДС. И не само тоа се виде и колку СДС кога биле власт во Валандово не работеле, односно дека во тој период не се правеле ниту редовните анализи на квалитетот на водата кои се прават два пати годишно. Им порачуваме на СДС да бидат мирни, бидејќи во моментов надлежните си ги реализираат соодветно активностите, а за тоа говорат и фактите. Бројката на граѓани во Гостивар, кои бараат лекарска помош во здравствените установи се намалува, а деновиве граѓаните ќе имаат и технички исправна вода или вода која може да се користи за миење, санитарни потреби и одржување на домаќинствата. Кон крајот на следната недела пак, според проценки на надлежните треба да имаат и вода со соодветен квалитет за пиење. Тоа што е важно за граѓаните е дека се прават максимални напорни за стабилизиање на ситуацијата во Гостивар, а тоа што СДС се јавува со прес конференции на кои дели совети, а често и лаже треба да разберат дека е на штета на нив. Рејтинг не се прави со лаги!, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје се сеќава…На денешен ден, пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, времето за Скопје застана.За само неколку секунди беа згаснати повеќе од илјада човечки животи, разурнати домови и разделени семејства. Зад секоја бројка остана нечие дете, родител, сопруг, пријател, нечиј цел свет. Денес, со длабока почит, се поклонуваме пред споменот на жртвите. Нивната болка е вградена во темелите на нашиот град, а обврската да не ги заборавиме е вечна. Но, од правот, урнатините и солзите се роди надеж. Светот му подаде рака на Скопје, а градот, како феникс од пепелта, повторно се издигна и стана симбол на човечноста и светската солидарност. Скопје повторно беше изградено со љубов, храброст и подадени раце од целиот свет. Денес, наша должност е да продолжиме таму каде што застанаа генерациите пред нас - да го чуваме, унапредуваме и градиме со визија, одговорност и љубов кон секој негов дел. Да создадеме современо, безбедно и достоинствено Скопје, град што ќе го почитува своето минато, но храбро ќе ја гради својата иднина. Затоа што најголемата почит кон оние што ги загубивме е да создадеме град достоен за нивниот спомен и за генерациите што доаѓаат. Скопје памети. Скопје тагува. Но Скопје никогаш не престанува да живее, да се обновува и да чекори напред. Нека е вечен споменот на жртвите од катастрофалниот земјотрес. Нека живее Скопје - градот на солидарноста, надежта и непокорот, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter