Полска денеска ги отвори границите, во понеделник и Чешка , Франција од 1. јули

Полска денеска ги отвори своите граници со соседите од Европската унија, Чешка ќе го стори тоа за многу земји од ЕУ во понеделник, а Франција го најави почетокот на постепеното отворање на своите граници за не-шенген зоната на 1 јули.

По скоро три месеци, Полска денеска ги отвори своите граници со сите соседи во Европската унија.

По олеснувањето на режимот на границата со Литванија во петокот, на полноќ се отворија границите со Германија, Чешка и Словачка.

Олеснети се и влезните мерки за граѓаните од земјите надвор од Европската унија, додека се задржани контролните мерки против Украина, Белорусија и руската енклава Калининград.

Во средината на март, полската влада ја затвори земјата поради пандемијата на „ковид-19“, освен за постојаните жители во Полска, возачите на камиони и дипломатите.

Летовите до дестинациите во Европската унија ќе продолжат на 16 јуни.

Чешката Република ќе ги отвори своите граници во понеделник за скоро сите граѓани на Унијата, како и за Швајцарија и Лихтенштајн.

Напредокот во спречувањето на ширењето на коронавирусот и овозможи на владата да ги олесни мерките, објави Министерството за здравство вчера вечер.

Не е потребен негативен тест за коронавирус за влез во земјата. Граничните контроли кон Германија и Австрија се укинати пред една недела.

Забраната за влез останува за жителите на Белгија, Португалија, Шведска и Шлезиска Полска.

Франција најави отворање на границите за земји надвор од шенген-зоната од 1 јули, објави владата доцна синоќа.

„Отворањето ќе биде постепено засновано на здравствената состојба во трети земји и во согласност со европските процедури“, се вели во заедничката изјава на министрите за внатрешни и за надворешни работи.

Одлуката е донесена по препораката на Европската комисија во четвртокот.

Во четвртокот, Европската комисија повика на забрана за сите патувања што не се неопходни до крајот на месецот, а потоа и фазно укинување на забраната.

Министрите за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан и министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер потврдија дека, со оглед на поволната епидемиолошка состојба во Франција, ограничувањата за патувања во рамките на Европската унија ќе бидат укинати на 15 јуни.

Патниците од другите земји на Унијата, како Исланд, Андора, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Швајцарија и Ватикан, исто така, ќе влегуваат без ограничувања или карантин.

Ограничувања ќе останат за Шпанија и Велика Британија.

Во Франција, од ковид-19 починале 29.000 луѓе.

Крмов: Шестчасовното работно време е попродуктивно за работниците

Пратеникот Борислав Крмов, Носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците истакна:

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има - многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари", се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски: Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“.

Шокантно, самобендисано, претенциозно и криминално. Ќе го потсетам господинот Битиќи но и Обвинителството дека за нешто слично се водеше судски процес во минатото наречен „Траекторија“, вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со писмото коешто го испратил вицепремиерот Фатмир Битиќи до компанииите кои добиле помош од државата и во коешто бара поддршка за изборите.

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.

„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.

„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

„СДСМ од секогаш  била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи.“

„СДСМ од секогаш била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи, за интеграција во ЕУ, но пред сѐ за градење на хармонични односи меѓу различните заедници во земјава. Од оваа наша мисија не се откажувам, по 8-ми мај продолжуваме, на тоа нѐ обврзуваат нашите социјалдемократски вредности“, порачува Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Битиќи истакнува дека патот кон е ЕУ е тежок, тој бара многу промени кај нас и тоа треба да биде мотивација за претстојните парламентарни и претседателски избори да се заокружи бројот 1.

„Наша цел е европските стандарди и вредности да ги донесеме овде, да им овозможиме на граѓаните подобар квалитет на живот“, вели Битиќи.

Тој посочува дека таа промена може лесно да се направи со прифаќање на социјалдемократските вредности кои, како што вели Битиќи, се многу блиски и на христијанството и на исламот.

„Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите. Социјалдемократијата не' подучува на сочувство кон ранливите, кон маргинализираните, да се стремиме кон праведно општество, каде што секој, независно од неговата различност, ќе има пристап до образование, вработување и достоинствен живот. Нема нешто поблагородно од пораката да се однесуваме кон сите со праведност и љубов“, вели Битиќи и апелира во пресрет на двојните избори на 8-ми мај да се препознае моќта на заедништвото и да не се дозволи национализмот да го разедини општеството.

„По 8-ми мај, да продолжиме да бидеме заедно, да ги споделуваме потешкотиите, но и радостите во животот. Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија, во која никој нема да биде изоставен, исклучен или исфрлен“, вели Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер