Половина Хавана доби струја - Канал 5

Половина Хавана доби струја

Потрошувачите во половина од Хавана, главниот град на Куба, денеска добија струја по четиридневниот прекин во целата земја, соопшти електростопанството на кубанската престолнина.

Половина Хавана доби струја

„Околу 50 отсто од клиентите сега имаат струја“, се наведува во извештајот на Електропривреда објавен, што го објави државниот портал за вести Cubadebate.

- Во петокот, 10 милиони жители на островот снемаа струја по падот на најголемата електрана за јаглен во Куба, што ја оштети мрежата, рече Лазаро Гуера, шеф за снабдување со електрична енергија во Министерството за енергетика.

Во саботата претпладне имаше нов дефект во снабдувањето со електрична енергија низ државата.

Пристигнувањето на тропската бура Оскар во неделата навечер ја влоши ситуацијата. Обилните дождови и ветрови погодија милиони Кубанци.

Кубанските власти прогласија „енергетска вонредна состојба“, ја прекинаа наставата во образовните институции и дел од јавните служби.

Откако луѓето излегоа на улиците да протестираат поради прекинот на електричната енергија, кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел рече дека работат на олеснување на ситуацијата, но предупреди дека нема да „дозволат вандалски акти“.

Кубанската влада соопшти дека се очекува струјата да биде вратена во поголемиот дел од земјата до вторник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните бои

Извини Кевин, но Бразил е во срцето. Убавата манекенка Изабела Гулар во мини-костим за капење во националните бои го освои светот.

Извини Кевин, но Бразил е во срцето: Изабела Гулар во бикини во националните бои

Веќе две недели светот пулсира во ритамот на најважната споредна работа на светот фудбалот, „виновник“ за тоа е 23 Светски шампионат организаран во три држави, САД, Канада и мексико.

Вниманието на спортските фанови го привлекуваат и познати лица од светот на модата и забавата.

Меѓу нив е и бразилската манекенка Изабел Гулар, која не пропушта можност да ја бодри репрезентацијата на својата земја дури и за време на одморот.

Атрактивната убавица, која е во врска со германскиот голман Кевин Трап, објави неколку фотографии од одморот на социјалните мрежи.

На нив, таа позира во впечатливо бикини во боите на Бразил, додека во рацете го држи бразилското знаме, јасно покажувајќи за кого навива во големото фудбалско натпреварување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција

Мадона го покажа својот дом во Лондон, луѓето гледаат со неверување.

Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција

Кралицата на попот, 67 годишната светска музичка дива Мадона ги отвори вратите на својот луксузен дом во Лондон за „Вог“ и притоа зборуваше за предмети што ја потсетуваат на семејството, пријателите и најважните моменти од нејзиниот живот, но исто така покажа и неколку необични уметнички дела кои привлекоа големо внимание.

Меѓу првите работи што ги претстави беше портрет на Фрида Кало – уметница на која ѝ се восхитува уште од млади години и чија работа ја следи со години.

„Кога пристигнав во Њујорк, првото нешто што го видов беше разгледница со таа слика од Фрида Кало. Значи, уште во првите 10 минути од мојот престој во Њујорк, ја видов неа. Тогаш си ветив дека еден ден ќе ја имам таа слика. По 11 години, сликата се појави на аукција и оттогаш е тука“, изјави Мадона за „Вог“.

YouTube video

Зборувајќи за славната сликарка, таа сподели и една анегдота што отсекогаш ја фасцинирала. „Таа многу ги сакаше мајмуните и имаше неколку од нив. Тие ѝ кажуваа кога нејзиниот сопруг ѝ бил неверен. Кога тој ќе се вратеше од некоја авантура, тие го намирисуваа тоа и стануваа агресивни кон него. Така таа дознаваше“, рече Мадона низ смеа.

Иако поседува работна соба исполнета со уметнички дела, таа признава дека најголемиот душевен мир за работа го наоѓа во бањата. „Успевам да завршам по нешто во бањата, бидејќи таму сите ме оставаат на раат“, рече таа. Токму во таа просторија таа ги чува некои од предметите што за неа имаат најголема емотивна вредност. Таму има бројаници и парфеми на нејзината покојна мајка, музичка кутија што ја свири песната „Ciao Bella“, како и пораки што нејзината посвоена ќерка Естер ѝ ги оставала како девојче додека учела англиски јазик. Покрај спомените што ја поврзуваат со семејството, во бањата има и колекција од уметнички скулптури во форма на пенис, подарок од младиот бразилски уметник Андерсон Астеклинс.

„Сакам да имам уметнички дела и во бањата. Меѓу моите омилени се овие скулптури на пениси, односно мојата колекција на пениси, како што сакам да ги нарекувам. Имам четири. Две помали и две поголеми“, рече пејачката. Таа со посебна почит зборуваше за нивниот автор: „Уметникот се вика Андерсон Астеклинс. Тој е млад бразилски уметник кој моментално е дел од програма што ја води Трејси Емин.“

Мадона изјави дека за време на запознавањето со уметникот, особено ја погодила неговата приказна за односот со мајка му. „Ја посетив Трејси и тогаш го запознав Андерсон. Неодамна купив една од неговите слики што зборува за неговиот однос со мајка му. Го прашав: 'Дали мајка ти е горда на тебе? Дали ги има видено твоите слики? Дали ѝ ги покажуваш твоите дела?' Тој одговори: 'Не. Мислам дека тоа би можело да ја вознемири, а никогаш не сакам да ја растажам мајка ми'. Ми кажа дека секоја негова слика на некој начин ѝ е посветена нејзе. За малку ќе заплачев, толку ме трогна неговата приказна“, изјави Мадона за „Вог“ и додаде:

„Се збогував со него откако поминавме некое време заедно. Тој потрча по мене носејќи кафеава хартиена кеса и рече: 'Сакам да ти подарам нешто'. Влегов во автомобилот, тргнав кон дома и ја отворив кесата. Внатре беа овие прекрасни скулптури на пениси, и затоа тие се меѓу предметите што особено ги сакам“ – а како изгледаат, погледнете во галеријата на почетокот на текстот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Пред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата, информира првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Со оган е зафатена борова шума. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер