Полн грст бадеми штити од оксидативен стрес - Канал 5

Полн грст бадеми штити од оксидативен стрес

Јадењето најмалку 60 грама бадеми секој ден може да Ве заштити од оштетувањето на ДНК и од оксидативен стрес .

Полн грст бадеми штити од оксидативен стрес

Јадењето најмалку 60 грама бадеми секој ден може да Ве заштити од оштетувањето на ДНК и од оксидативен стрес - еден од тивките виновници за стареењето, воспаленијата и хроничните заболувања, се нагласува во ново истражување - објавено во списанието „Сајентифик репортс“ (Scientific Reports). Во научниот труд, истражувачите собрале резултати од осум клинички испитувања за да го потврдат и разјаснат влијанието на бадемите кај возрасните луѓе.

Инаку, 60 грама бадеми се околу еден полн грст. Ова може некому да му изгледа многу, но истражувачите забележале јасна врска зависна од дозата: Учесниците кои консумирале повеќе од 60 грама бадеми дневно, покажале значително намалување на одредени маркери на оштетување на клетките. Прегледот на испитувањата имал за цел проценка и на влијанието на бадемите врз оксидативниот стрес. Се покажа дека јадењето бадеми може да ја подобри активноста на антиоксидантните ензими, особено Супероксид дисмутазата (СОД) - важен ензим којшто ги штити клетките од оштетување.

Сепак, нутриционистите предупредуваат дека ова е храна богата со калории и треба да се јаде умерено и рамномерно распоредена. Затоа, се препорачува како дел од урамнотежена исхрана, а не како додаток на калориите што веќе се внесуваат од другата храна.

Бадемите се богати со витамин Е, полифеноли и здрави масти - сите тие придонесуваат за антиинфламаторни и антиоксидантни дејства. Прегледот го истакнува потенцијалот на ова овошје како природен начин за борба против стресот на клеточно ниво. Сепак, научниците ја нагласуваат потребата од постандардизирани истражувања, бидејќи варијабилноста на резултатите била под влијание на неколку фактори, како што се начинот на подготовка на бадемите, здравствената состојба на учесниците и навиките во исхраната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег.

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд

Променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Според УХМР времето во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 27. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 27. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 27. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета.

Кариера

Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично.

Здравје и совет

Не манипулирајте со луѓето.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен.

Кариера

Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично.

Здравје и совет

Не е исклучена кашлица..

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат.

Кариера

Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите.

Здравје и совет

Одете кон својата цел.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара.

Кариера

Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред.

Здравје и совет

Позанимавајте се со својата листа на приоритети.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место.

Кариера

Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место.

Здравје и совет

Пазете се од провев.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување.

Кариера

Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка.

Кариера

Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате.

Здравје и совет

Бидете праведни.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот.

Кариера

Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите.

Здравје и совет

Соработувајте со младите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе.

Кариера

Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат.

Здравје и совет

Одлично сте расположени.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем.

Кариера

Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата.

Здравје и совет

Бидете одговорни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност.

Кариера

Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли.

Кариера

Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој.

Здравје и совет

Несоница по кошмарните сништа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак

Петар Арсовски, Александар Трајановски и Раби Седрак  во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер