3И Здравје и работа: Рударството повторно паѓа – не смееме немо да гледаме како ни се гаси една од стратешките индустрии
БалканПолитико: Вучиќ го освојува Западот со ветувањата за литиум, но го губи народотВо текстот „Српскиот лидер го освојува Западот со ветувања за „бело злато“, но го губи народот“, Политико наведува дека на Вучиќ како бумеранг му се враќа стремежот да стане „омилениот балкански лидер на Брисел“, пренесе Бета.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, успеа да склучи договор за снабдување на Европската унија (ЕУ) со литиум што и е потребен за електрични возила, но со тоа го оживеа масовното движење против големиот рударски проект поддржан од Брисел и Берлин, пишува денеска бриселскиот портал Политико. Во текстот „Српскиот лидер го освојува Западот со ветувања за „бело злато“, но го губи народот“, Политико наведува дека на Вучиќ како бумеранг му се враќа стремежот да стане „омилениот балкански лидер на Брисел“, пренесе Бета. -Тоа е парадокс: Свртувајќи се кон Западот за да ја овозможи неговата транзиција кон зелена иднина, Вучиќ, според неговите критичари, осуди седум милиони српски жители на понатамошна економска експлоатација и загадување на животната средина, што ги става западните стандарди на демократија и одговорност уште подалеку од дофат, се наведува во текстот. Порталот додава дека Вучиќ во страв ги обвини демонстрантите, кои на 10 август се собраа во Белград во десетици илјади, дека сакаат да го соборат од власт. -Тоа е дел од хибриден пристап и извршување обоени револуции, изјави Вучиќ за новинарите, наведувајќи дека неговото предупредување за можен државен удар се заснова на информации добиени од Русија, историскиот покровител на Србија, пишува Политико. Реномираниот бриселски портал потсетува дека англо-австралискиот рударски гигант Рио Тинто добил дозвола за развој на проектот „Јадар“ во 2017 година, пет години по доаѓањето на Вучиќ на власт и дека е отповикана по бранот масовни протести. Се додава дека ентузијазмот на ЕУ не го делат луѓето во Србија, кои сметаат дека потпирањето на Унијата на Вучиќ само ги поттикнало неговите автократски тенденции. -Според аналитичарите, довербата на јавноста во ЕУ нагло опадна, додека ветувањата на лидерите на блокот за промовирање на демократските вредности во земјите кои долго време се кандидати за членство стануваат сè попразни, се наведува во текстот. Еден од водачите на еколошките протести, Небојша Петковиќ од Горњи Недељице, за Политико изјави дека ЕУ „е лицемерна затоа што го поддржува диктаторот во Србија кој го блокираше судството, медиумите и се друго“ и додаде дека Унијата „е прифатлива затоа што ќе го испорача литиумот што ѝ е многу потребен“. Политико, исто така, наведува дека во јули Вучиќ помпезно ги угостил германскиот канцелар Олаф Шолц и потпретседателот на Европската комисија за зелениот договор Марош Шефчович со цел да се потпише договор за формализирање на поддршката од ЕУ за проектот Јадар, заедно со кои беа потпишани неколку меморандуми со големите производители на автомобили, како што се како Mercedes-Benz и Stellantis. Два месеци претходно, Вучиќ му приреди уште попомпезно добредојде на кинескиот претседател Си Џинпинг, со стотици Срби кои се собраа да го поздрават, веејќи кинески знамиња и извикувајќи „челично пријателство“ меѓу двете земји, додава порталот. Политико посочува и дека во Србија на Вучиќ „многу малку се добива“ на телевизија со национална фреквенција „ако не ја одобри пораката“, и додава дека извештајот за демонстрациите против литиумот викендов траел 24 секунди на вести од јавниот сервис, за кои се вели дека „обично ги игнорираат антивладините протести“. -Доколку барањата на демонстрантите навистина беа покриени (во мејнстрим медиумите), јавноста ќе разбере дека нивната загриженост е првенствено за еколошките прашања. За да го заобиколат медиумскиот мрак со кој се соочуваат, демонстрантите прибегнаа кон блокирање автопати и патишта. Така, граѓаните , кои во вестите можеби нема да видат што се случува, физички се принудени да застанат и да се запознаат со последиците од рудникот, наведува порталот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско селоЗајакнување на соработката меѓу Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село со цел поддршка на децата и намалување на последиците од семејно и врсничко насилство.Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ја зајакнуваат меѓусебната соработка со цел навремена поддршка на децата, родителите и семејствата, како и превенција и намалување на последиците од семејното и врсничкото насилство. Во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари работна средба со националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо, и претставници на организацијата, на која беа разгледани конкретни можности за продлабочување на соработката и реализација на заеднички активности на локално ниво. Посебен акцент беше ставен на Методологијата за јакнење на семејства и Методологијата за позитивно родителство, кои преку стручен и системски пристап овозможуваат рано препознавање на ризиците, превенција и соодветна поддршка на децата и нивните семејства. На средбата се разговараше и за можностите Општина Ѓорче Петров да даде дополнителна поддршка на програмите и активностите на СОС Детско село, како и за промоција и развој на згрижувањето како важен сегмент во системот за заштита на децата. Градоначалникот Стојкоски истакна дека грижата за децата и семејствата е еден од неговите лични и институционални приоритети. -Како градоначалник, но и како човек и родител, верувам дека заштитата на децата не смее да биде само формална обврска на институциите, туку постојана и лична заложба. Моја цел е ниту едно семејство да не остане само кога му е потребна помош и ниту едно дете да не остане без навремена поддршка, заштита и грижа. Ќе продолжам лично да поддржувам иницијативи кои создаваат посилни семејства и побезбедна средина за нашите најмлади - истакна Стојкоски. Преку понатамошната соработка, Општина Ѓорче Петров и СОС Детско село ќе работат на координиран пристап на терен, со цел создавање безбедна семејна и училишна средина, јакнење на родителските капацитети и навремена поддршка на семејствата кои се соочуваат со различни предизвици. Општина Ѓорче Петров останува посветена на креирање локална заедница во која секое дете ќе има услови да расте безбедно, достоинствено и опкружено со грижа и поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 августПродолжува проценката на штетите што ги предизвика невремето во прилепско на 24 август. До крајниот рок, 1 септември, се поднесени 154 барања на земјоделците за причинетите штети на тутунот и на црвената пиперка – ајварка.„Барањата ги поднесоа земјоделците од реоните на населените места мало и големо коњари и мажучиште. Првичните проценки укажуваат дека од 30 до 40 проценти има штети кај тутунот, а многу поголеми, од 60 до 80 проценти се штетите на насадите со црвената пиперка – ајварка, вели Николче Карапеески, претседател на комисијата за проценка на штети и раководител на подрачната единица на министерството за земјоделство во Прилеп. Комисијата е постојано на терен и веќе 70 проценти од поднесените барања се проценети. Очекуваме до крајот на неделава да заврши проценката на теренот. Потоа ќе се подготви елаборатот кој ќе чека усвојување од општинскиот совет за потоа да биде доставен до владата која го дава крајниот збор за процентот на обесштетување на земјоделците – објаснува Карапеески. Инаку, невремето од 24 август проследено со дожд, силен ветер и град направи големи штети и во Општина Долнени каде најмногу настрада тутунот, од 50 до 100 проценти.Тагови: невреме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЗдравјеРекорд во ксенотрансплантацијата: Свињски бубрег функционирал во човечко тело 271 денНаучниците прават нов чекор кон иднината на трансплантацијата – со помош на генетски модифицирани свињи се истражува можноста нивните органи еден ден да се користат кај луѓето. Трансплантиран свински бубрег функционирал во телото на маж од Соединетите Американски Држави цели 271 ден, со што е соборен рекорд. Во меѓувреме, за пациентот бил пронајден и човечки донор. Американските лекари велат дека досега не е забележано животински орган толку долго да функционира во човечко тело. Тие додаваат дека органите од свињи би можеле да се користат како „мост“ додека пациентот чека да се појави соодветен човечки орган за трансплантација. Пациентот Тим Ендруз изјавил дека операцијата му дала надеж и му овозможила да не оди секојдневно на дијализа, пренесува Би-Би-Си. Свинскиот бубрег на крајот престанал да функционира и бил отстранет. Поради тоа, Ендруз морал кратко време повторно да оди на дијализа, пред за него да биде пронајден човечки донор. Лекарите последниве години интензивно ја истражуваат ксенотрансплантацијата, односно употребата на органи од други видови, поради хроничниот недостиг на органи за трансплантација. Во САД околу 100.000 луѓе чекаат на трансплантација на бубрег, додека годишно се изведуваат околу 25.000 трансплантации. Свињите се сметаат за едни од најпогодните животни за ксенотрансплантација. Нивните органи се приближно соодветни по големина за човечкиот организам, а постои и долгогодишно искуство во нивното одгледување. Истражувачите развиле таканаречени џуџести свињи од Јукатан, кои биле подложени на дури 69 генетски модификации, со цел нивните органи потенцијално да можат да се користат за трансплантација кај луѓе. Фото: Marion Streiff from PixabayТагови: бубрег свиња Трансплантација човек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook