Политико: САД поддржуваат се што Израел прави против Хезболах, но молчи за тоа - Канал 5

Политико: САД поддржуваат се што Израел прави против Хезболах, но молчи за тоа

Високи претставници на Белата куќа приватно му кажале на Израел дека САД ќе ја поддржат неговата одлука да го засили воениот притисок врз Хезболах.

Политико: САД поддржуваат се што Израел прави против Хезболах, но молчи за тоа

Политико

Високи претставници на Белата куќа приватно му кажале на Израел дека САД ќе ја поддржат неговата одлука да го засили воениот притисок врз Хезболах, иако администрацијата на Бајден изминатите недели јавно ја повика израелската Влада да ги намали своите напади, тврдат американски и израелски официјални лица.

Претседателските советници Амос Хохштајн и Брет Мекгурк, координатори на Белата куќа за Блиски Исток, им рекоа на високи израелски претставници во последните недели дека САД ја поддржуваат севкупната стратегија на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го пренасочи воениот фокус на Израел на север, кон Хезболах, со цел да ја принудат групата да се вклучи во дипломатски разговори со цел да се стави крај на конфликтот, изјавија официјални лица за Политико.

Не сите во Белата куќа беа за оваа идеја

Не сите во администрацијата го поддржаа израелскиот потег и покрај поддршката во Белата куќа, рекоа официјални лица. Одлуката да се фокусира на Хезболах предизвика поделеност во американската Влада, соочена со противење од Пентагон, Стејт департментот и разузнавачката заедница, која сметаше дека израелскиот потег против иранската милиција може да ги вовлече американските сили во друг конфликт на Блискиот Исток.

Политико разговараше со двајца израелски и четворица американски официјални лица, од кои повеќето побараа анонимност за слободно да зборуваат за чувствителните дипломатски разговори. Советот за национална безбедност на САД одби да коментира.

Дени Данон, амбасадорот на Израел во Обединети нации претходно одби да ги коментира приватните разговори меѓу израелските лидери и американските претставници на прашањето за разговорите меѓу Хохштајн и другите.

„Ние не бараме секогаш дозвола за сè што правиме“, рече тој за двете земји, додавајќи: „Мислам дека она што тие го кажуваат јавно ја одразува целта што тие сакаат да ја постигнат, а тоа е дипломатско решение, на кое ние не се спротивставуваме“.

Раздвојување на судирите

Во средината на септември израелските власти соопштија дека нивната војска се подготвува за оваа промена, но не дадоа детали. Хохштајн и Мекгурк им пренесоа на своите израелски колеги дека иако се уште повикуваат на внимателен пристап, моментот може да биде поволен за таков потег, особено откако Хезболах значително ослабна во последните месеци.

Хезболах долго време тврди дека ќе стапи во преговори со Израел само доколку постигне примирје со Хамас, против кој се бори во Газа. Но, американските процени покажаа дека Хамас веројатно нема да се согласи на примирје во тој момент. Ова значеше дека сега можеби е време да се фокусираме на Хезболах и да ги разделиме двата конфликти.

Овој последен конфликт со Хезболах почна еден ден по 7 октомври, кога групата почна да лансира ракети од Либан кон Израел, на крајот принудувајќи десетици илјади цивили да ја напуштат областа од двете страни. На 7 октомври Хамас ја започна својата војна против Израел од Газа.

„САД можеби сакаат дипломатија и поддржуваат посилни напади на Израел против Хезболах“

Американските власти не знаеја многу за тоа што планира Израел, но иако го поддржаа израелскиот притисок врз Хезболах, тие предупредија од претпазливост. Тие предупредија дека ако Израел претера, може да ризикува да ја ескалира ситуацијата во сеопфатна регионална војна, нешто што администрацијата се обидува да го избегне речиси една година. Тие исто така нагласија дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот е преку дипломатски договор.

Претставници на разузнавачката заедница, во брифинзи и разговори со членовите на Конгресот минатата недела, рекоа дека се повеќе загрижени за потенцијалот за директна копнена конфронтација помеѓу Израел и Хезболах. Слични разговори имаше и во Стејт департментот, каде што официјалните лица беа загрижени за зголемениот број цивилни жртви во Либан.

Некои од администрацијата велат дека она што изгледа како несогласување е всушност американскиот пристап кон конфликтот.

„И двете работи можеби се вистинити – САД можеби сакаат дипломатија и ги поддржуваат поголемите цели на Израел против Хезболах“, рече висок американски функционер. „Јасно е дека администрацијата внимава да не ја премине линијата, само не е јасно каде е таа линија“.

САД јавно зборуваат едно, но зад кулиси всушност поддржуваат нешто друго

Зад кулисите Хохштајн, Мекгурк и други високи функционери за национална безбедност на САД ги опишаа операциите на Израел во Либан како историски момент, кој ќе го обликува Блиски Исток на подобро во претстојните години.

Размислувањето е следно, пишува Политико: Израел го уништи врвот на командната структура на Хезболах во Либан, сериозно поткопувајќи ги капацитетите на групата и ослабувајќи го Иран, кој го користи Хезболах како прокси и алатка за проекција на моќта.

Внатрешните поделби во администрацијата се чини дека донекаде исчезнаа во изминатите денови, а високи американски претставници пред два дена се сретнаа во Белата куќа со претседателот Џо Бајден за да разговараат за ситуацијата на теренот. Повеќето се согласија дека конфликтот, иако е чувствителен, може да даде можност да се намали иранското влијание во Либан и во регионот.

Сепак, Белата куќа се движи по танка линија, рекоа американски и израелски официјални лица. Администрацијата на Бајден сака да ги поддржи израелските акции против групата, која САД ја прогласија за терористичка група која убила Американци и му се заканува на регионот. Но, таа не се чувствува удобно целосно да ја поддржува кампањата на Израел или тоа да го прави јавно, бидејќи се плаши дека со тоа ќе навлезе премногу на либанска територија, што ќе предизвика сеопфатна војна, рече еден американски официјален претставник.

Јавната порака на администрацијата до Израел продолжува да биде: избегнувајте ескалација и продолжете со дипломатските преговори со Хезболах, особено со минатогодишниот предлог на САД и Франција за 21-дневно примирје.

Ова беше и покрај развојот на израелската операција. Тие вклучија напади врз илјадници оперативци на Хезболах користејќи експлозивни пејџери и воки-токи, како и уништување на највисоката команда на Хезболах, вклучително и напад во кој беше убиен и лидерот Хасан Насрала.

Државниот секретар Антони Блинкен ги повика Израел и Хезболах да го прифатат примирјето, иако тој, како Бајден и другите, беше задоволен поради смртта на Насрала.

Преговорите за прекин на огнот во застој, Израел продолжува да ги напаѓа позициите на Хезболах

„Во однос на Либан, кое е најдоброто решение за постигнување на целта за создавање средина на северот на Израел што ќе им овозможи на луѓето да се вратат во своите домови? Како што реков, ние веруваме дека дипломатскиот пат е најдобар“, рече тој по веста за смртта на Насрала.

Кога Бајден пред два дена на прес-конференција беше запрашан дали е задоволен од целната израелска копнена интервенција во Либан, претседателот рече: „Задоволен сум затоа што престанаа. Сега ни треба примирје“.

Сепак, преговорите за предложеното 21-дневно примирје објавено од САД минатата недела се во застој, рече американски официјален претставник, бидејќи Израел продолжува да ги напаѓа позициите на Хезболах преку границата во Либан.

Ситуацијата дополнително се влоши кога израелските специјални сили ја преминаа границата, гаѓајќи ја мрежата на тунели и други командни центри на Хезболах, изјави друг американски претставник за Политико.

Израелците планираа да почнат многу поголема копнена инвазија врз Либан оваа недела, но претставниците на Бајден ги убедија да се откажат, барајќи од Израел да биде поселективен во спроведувањето на своите операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок.

„Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски.

Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација.

Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на

Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување.

„Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура.

Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница.

Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта.

По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници.

Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени.

„Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај.

Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот.

„Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. 

СДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!

Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски.

Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ.

Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците.

За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот.

Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија.

Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ.

Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре.

Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници.

ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски.

Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови.

Сега сите се на исто место. Им благодариме.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер