Политико: ЕУ не се засити од вакцината против Ковид, смислуваат нов план за нарачка - Канал 5

Политико: ЕУ не се засити од вакцината против Ковид, смислуваат нов план за нарачка

И покрај сите контроверзи, на Европската унија не се засити од вакцини против Ковид, пишува Политико.

Политико: ЕУ не се засити од вакцината против Ковид, смислуваат нов план за нарачка

ЕУ подготвува тендер за речиси 150 милиони дози mRNA вакцини против Ковид, а голема е веројатноста дека новиот договор ќе биде доделен на Модерна. Времето на објавување на тендерот според многумина не е соодветно.

Бидејќи заканата од пандемијата се повлече и на луѓето веќе ги пропуштаат термините за вакцинација, членките не можеа доволно брзо да ги искористат своите резерви на вакцини против Ковид.

До лани во ѓубре беа фрлени најмалку 215 милиони дози со поминат рок, што ги чинеше даночните обврзници четири милијарди евра, наведува Политико.

Во исто време, Фајзер ги тужи Унгарија и Полска, откако тие престанаа да плаќаат за нивниот дел од нарачката за вакцина, наведувајќи го наводниот недостаток на потреба од дополнителни дози.

Станува збор за нарачка од договор со огромна вредност од околу 1,1 милијарда дози за вакцината Pfizer/BioNTech што ЕУ ја потпиша во 2021 година и оттогаш е под интензивна контрола поради личната улога која во преговорите ккао штро се сомнева, ја одиграла претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

За Договорот веќе накнадно се преговараше за да се одложат и распоредат испораките поради малата побарувачка меѓу земјите-членки. Тоа остави само една опција за вакцина на масата, онаа на Фајзер. Останатите вакцини од Модерна, Новавакс и други или се истечени со рок на траење или сите дози се испорачани.

Европската комисија сега е под притисок од европските лидери за јавно здравје да обезбеди повеќе од една вакцина, и за да им понуди на луѓето избор и за да го ублажи ризикот во случај на идни закани за синџирот на снабдување.

Дополнително, вакцинацијата против Ковид се уште ќе биде актуелна некое време. Вирусот е се уште со нас, мутира и предизвикува болести и смрт, а вакцинацијата на старите и ранливите луѓе против Ковид веројатно ќе биде стратегија за јавно здравје во годините што доаѓаат.

Овој последен тендер се однесува на „проценети“ 146 милиони дози за 24 месеци, со пропишана можност за продолжување на 12 месеци двапати.

Освен проценка, нема конечна бројка на дози бидејќи се работи за договор за заедничка набавка. Тоа значи дека без разлика кој ќе победи на тендерот, земјите нема да имаат никаква обврска да ги купуваат дозите за кои се предрегистрирани. Ова им дава поголема моќ на земјите да изберат дали им се потребни или не повеќе дози.

Дури 18 земји од ЕУ аплицирале, меѓу кои и Норвешка и Република Македонија, што укажува на голем интерес за уште една вакцина против Ковид. Натпреварот го води Управата на ЕУ за подготвеност и одговор за итни ситуации во здравството (ХЕРА).

Модерна потврди за Политико дека компанијата има намера да аплицира, додавајќи дека договорот „ќе им овозможи на земјите-членки да обезбедат пристап до разновиден опсег на вакцини против Ковид базирани на mRNA во 2024 година и понатаму“.

Фајзер, сепак, не одговори на барањето за коментар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Кралицата на прекрасните облини , светската музичка ѕвезда Ријана повторно провоцира, нејзиниот буен задник во танга повторно ги „запали'“ мрежите.

Фото: Кралицата на облините Ријана повторно провоцира

Атрактивното издание на мегапопуларната Ријана ни овој пат не разочара. Нејзиниот гол задник стана главна тема на интернет.

Позната по своите атрактивни, често и провокативни изданија, Ријана и овој пат ја разгори имагинацијата на многумина.

Таа се потруди својот бренд за убавина „Savage X Fenty“ да го претвори во главна тема на социјалните мрежи, а за таа цел ги искористи своите вештини за заведување, како и своите облини.

Имено, Ријана објави неколку промотивни фотографии за новогодишната колекција долна облека. Како што може да се види, фотографиите откриваат повеќе отколку што би требало, што предизвика големо внимание, но и збунетост кај корисниците на интернет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Пред дербито од петтото коло во Лигата на нации против Италија, селекторот на Франција, Зинедин Зидан, се осврна и на можноста за враќање на Апенинскиот полуостров. 

Зидан: Би сакал да го тренирам Јувентус

Поточно во Јувентус, клубот каде што францускиот виртуоз настапуваше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „триколорите“ откри дека би бил отворен за преземање на кормилото на „Старата дама“.

„Би сакал еден ден да го тренирам Јувентус. Би ми било драго. Но, во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи“, изјави Зидан.

Франција и Италија ќе се соочат на Апенинскиот Полуостров во дуел што ќе одлучува за првото место во групата А од највисоката дивизија на Лигата на нации.

„Знаеме дека кога ќе се фокусираат, Италијанците можат да одиграат на високо ниво – особено во одбраната“.

Зидан исто така откри дека Килијан Мбапе нема да настапи. „Чувствуваше болка, а ние генерално се обидуваме да избегнуваме ризици со нашите играчи. Сепак, се надевам дека ќе биде на располагање за недела (против Турција)“, истакна легендарниот предводник на триколорите.

Италија и Франција играат во четврток во 20:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина

Зеленски повторно укажа на проблемот со „Старшилд“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека украинските единици веќе неколку дена забележуваат сериозни пречки во функционирањето на системот „Старшилд“ (Starshield) на територијата на Украина – долж целата линија на фронтот, како и во привремено окупираните области.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека добил извештаи за состојбата од министерот за одбрана на Украина, Јевен Хмара, и од главнокомандувачкиот на вооружените сили на Украина, Михајло Драпати.

Според него, во системот „Старшилд“ систематски се применуваат ограничувања на брзината до 161 километар на час. Украинската војска утврдила дека не станува збор за случајни грешки, туку за намерни и повторувачки ограничувања.

Зеленски предупреди дека ова значително го отежнува пресретнувањето на руските беспилотни летала на млазен погон, бидејќи украинските системи за пресретнување не можат да ја постигнат потребната брзина за навремена реакција.

За жал, веќе имаше напади што успеаја да поминат, бидејќи нашите системи за пресретнување не можеа да ја постигнат потребната брзина и да реагираат навремено“, изјави Зеленски. „За жал, ова им помага на Русите да убијат повеќе Украинци и да извршат попрецизни напади врз Украина.

Заедно со американската страна се обидуваме да ги утврдиме сите околности“, заклучи претседателот на Украина.

„Starshield“ се користи во Украина за воени комуникации и за поврзување на единиците на терен, особено во областите каде што класичната комуникациска инфраструктура е оштетена или недостапна.

Сателитската врска им овозможува на украинските сили да пренесуваат податоци и да одржуваат комуникација долж линијата на фронтот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер