Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции
2Предлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции
СветПолитико: Дали е ова крај за НАТО?Додека се собраа на самитот, европските официјални лица се уште беа оптоварени од 90-минутниот телефонски разговор на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин.Додека се собраа на самитот, европските официјални лица се уште беа оптоварени од 90-минутниот телефонски разговор на Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин, како и од коментарите дадени во Брисел оваа недела од американскиот секретар за одбрана Питер Хегсет. За поранешниот литвански министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис, најзанемарената линија од обраќањето на Хегсет беше предупредувањето дека реалноста ќе ги спречи САД да продолжат да бидат гарант за безбедноста на Европа. Како и многу други, Ландсбергис го гледа крајот на една ера. „Ова може да го означи самракот на НАТО, особено ако се земе предвид она што мислам дека Вашингтон наскоро ќе го објави, а тоа е повлекување на 20.000 американски војници од Европа“, изјави тој за Политико. Хегсет во тоа време беше во Варшава, каде што најави намалување на бројот на војниците и ги предупреди веќе загрижените европски сојузници. „Сега е време за инвестирање, бидејќи не можете да претпоставувате дека американското присуство ќе трае вечно“, им порача тој. Американските пратеници присутни на самитот се обидоа донекаде да ги смират загрижените европски претставници, но без голем успех. Меѓу нив беше и сенаторот Роџер Викер, претседател на моќната Комисија за вооружени служби на Сенатот, кој рече дека Хегсет направил дебитантска грешка во Брисел. „Не знам кој го напиша неговиот говор, но Такер Карлсон можеше да го напише. Карлсон е будала“, рече Викер, обидувајќи се да ги убеди европските сојузници дека Трамп се уште слуша многу сериозни луѓе во неговата администрација. Викер додаде дека Хегсет веќе омекнал некои од своите поостри изјави, но призна дека тоа се уште не го сторил кога станува збор за губењето на американската гаранција за безбедноста на Европа, што директно го поткопува членот 5 на НАТО, кој ги обврзува членките на алијансата на колективна одбрана. „Да бидеме јасни, претседателот Трамп нема да дозволи чичко Сем да се претвори во вујко наивен“, беше една од изјавите на Хесгет што предизвика најголема загриженост. „Директниот пристап на Трамп кон Путин, во комбинација со секретарот за одбрана Хегсет во Брисел кој ги информира сојузниците дека САД однапред се согласуваат со некои клучни руски барања уште пред да почнат преговорите, претставува двоен удар не само за Украина, туку и за иднината на Европа“, рече Кир Гилс од Чатам Хаус. Во меѓувреме, говорот на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во Минхен, чија цел беше критикување на демократските практики во Европа, не направи ништо за да ги смири загрижените европски сојузници, ниту Американците наклонети кон НАТО. Неговиот говор беше примен студено, со повремен млак аплауз и неколку љубезни тремања со главата, особено откако почна да зборува за миграцијата како закана за европската цивилизација. „Заканата што најмногу ме загрижува за Европа не е Русија, не е Кина или некој надворешен фактор. Она што ме загрижува е заканата одвнатре“, рече Венс. Венс ја игнорираше и темата за војната во Украина. „Можеби на Европа и требаше електричен шок за да се разбуди и да стане поактивна и независна“, вели поранешниот германски дипломат Волфганг Ишингер. Тој, исто така, смета дека европските лидери се делумно виновни за ситуацијата за која сега жалат. Имаа доволно предупредувања за тоа што би можел да донесе втор мандат како претседател на САД, но, според него, премногу бавно реагирале во зголемувањето на сопствените трошоци за одбрана и преземање на поголем дел од трансатлантскиот товар. Наследникот на Габриелиус Ландсбергис, Кестутис Будрис, се согласува дека Европа заостанува. „Навистина доцниме. Треба да забрзаме, да покажеме дека имаме вистинска одбрана и дека сме подготвени, способни и обучени за борба“, рече тој. Тој додаде дека за опстанок на НАТО ќе биде потребна заедничка свест за сериозноста на ситуацијата меѓу сите сојузници. Но, некои се прашуваат дали сега е доцна и стравуваат дека администрацијата на Трамп повеќе не е сојузник, туку противник. „Сега имаме сојуз меѓу рускиот претседател кој сака да ја уништи Европа и американскиот претседател кој го сака истото. Трансатлантскиот сојуз е завршен“, изјави висок функционер на ЕУ за Политико, кој сакаше да остане анонимен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоНатпросечно високи температури – од утре големо заладувањеНевообичаено високите температури за овој период од годината и честите временски промени сè повеќе се одразуваат врз секојдневието на граѓаните. Иако сме во средината на ноември, Температурите повеќе наликуваат на пролетни. Граѓаните, посебно повозрасните велат дека ваквите температурни осцилации им прават здравствени проблеми. Дополнително, наглите температурни разлики можат да предизвикаат тегоби, особено кај хронично болните, повозрасните и лицата со кардиоваскуларни проблеми. Главоболки, вртоглавици и промени во крвниот притисок се дел од тегобите што можат да се појават при температурни осцилации. Лекарите предупредуваат дека ваквите промени можат да ги погодат и помладите, а не само повозрасните граѓани. „Сведоци сме дека изминатиот период имаме доста варијации на температурата...Вчера,денешниот ден, утре се очекува и пад на температурите. 00:48 Секоја популација е засегната од ваква разлика на температурите , најчесто е популацијата којашто се во оние ризични години од 40 до 60, но засегнати се и помладите.Кога имаме промена на температурите најчести симптоми се вртоглавици, главоболката може да се јави и поспаност, губење на концентрација,Но. Бидејќи периодов е сезона на грип кадешто имаме доста вируси , доста се испреплетени симптомите покрај главоболка, може да се јави и покачена температура, болка во грлото“-– докторка, Итна медицинска помош. Но, топлото време среде ноември нема долго да се задржи. Метеоролозите најавуваат голем пресврт. Веќе од утре ни следува заладување. Инаку, силниот ветер, кој синоќа на места беше над 80 километри на час, предизвика помали штети. Во близина на црквата „Св. Богородица“ во скопје, голема гранка падна врз автобуска постојка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПредлог-буџетот за 2027 година – проектиран раст од 3,8 проценти и силен акцент на капитални инвестиции7,16 милијарди евра планира да потроши државата во следната 2027 година.. Според предлог буџетот кој влезе во собраниска процедура, планирани се приходи од 6,43 милијарди евра, што значи дека буџетскиот дефицит е проектиран на 731,7 милиони евра.. Капиталните инвестиции се за околу 70 милиони евра помалку, односно предвидени се 663,4 милиони евра. Министерката за фианснии Кочоска, во своеото експозе кажа дека очекува ваквиот буџет да го продолжи трендот на раст на економијата, што се бележи во претходните две години. -Во 2027 година се очекува продолжување на позитивните економски движења и реален раст на БДП од 3,8 проценти. Главен двигател на растот повторно ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто-инвестициите се проектирани да забележат раст од 6,8 проценти, поддржан од продолжувањето на големите инфраструктурни проекти, инвестициите во енергетиката, обновливите извори на енергија, здравството, образованието и земјоделството. Се очекува продолжување на инвестициската активност на домашните претпријатија, како и прилив на нови странски директни инвестиции и проширување на капацитетите на постојните инвеститори. Приватната потрошувачка се очекува да бележи раст од 2,5 проценти, поддржана од растот на расположливиот доход, зголемувањето на вработеноста и платите, редовното усогласување на пензиите и растот на кредитирањето на населението,- Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии. Од Фискалниот совет предупредуваат дека и покрај проектираното подобрување на буџетското салдо, остварувањето на планираниот дефицит останува изложено на ризици. Во 2027 година државата треба да сервисира долгови во вкупен износ од околу 2 милијарди евра, меѓу нив е и еврообврзницата од 500 милиони евра, издадена во 2023 година, која доспева во март следната година. -Предлог-буџетот за 2027 година предвидува номинално намалување на дефицитот, а неговото остварување останува изложено на значајни ризици. Тековната буџетска година нè упатува да бидеме претпазливи кон овој ризик. Имено, согласно проекциите, приходите растат побрзо од расходите и се планира подобрување на примарното салдо,- Абдулменаф Беџети – претседател на Фискален совет. Од опозицијата, пак, критикуваат дека буџетот не е доволно развоен и дека најголемиот дел од средствата се наменети за тековно функционирање на системот, наместо за капитални инвестиции. - 91 процент од расходите се наменети за тековно функционирање на системот, додека 9,3 проценти непосредно се издвојуваат за капитални вложувања. Државата издвојува огромни средства за да ја одржува економијата каква што е, додека развојниот маневарски простор останува намален. Додека Владата се обидува да нè увери во постоење на фискална стабилност, јавниот долг достигна 10,93 милијарди евра. На крајот на 2023 година изнесуваше 8,5 милијарди евра. Тоа се дополнителни 2,5 милијарди евра долг,- Фатмир Битиќи – СДСМ. Најголем дел од расходите во буџетот, односно околу 3,6 милијарди евра, ќе бидат наменети за социјални трансфери. За пензии се предвидени околу 2 милијарда евра, додека за плати во јавниот сектор околу 930 милиони евра. Тагови: Предлог буџетот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови обвинувања меѓу власта и опозицијата за случајот со Алта банкаВо новиот Кривичен законик кој веќе е објавен на ЕНЕР и испратен на мислење во Брисел, ќе има и посебно кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Според предложеното решение, кривично ќе одговара тој што, злоупотребувајќи го своето влијание, службената или општествената положба и углед, преку лажни изјави или исправи ќе пласира неточни информации во јавноста, а со тоа ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем до степен што ќе наложи преземање законски мерки за нејзино одржување. За ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години. Премиерот Мицкоски вели дека одредбата е додадена по актулените случувања поврзани со Алта банка, но и претходните слични искуства. -За банкарскиот тоа е дел којшто е додаден како резултат на искуството кое сега го гледаме а тоа е искуството со Стопанска Банка Битола, Алта Банка. Гледаме како на отворена сцена имаме обид да се опструира изнаоѓање на решение од одредена политичка структура и тоа да помине неказнето и ладно. И тоа не е прв пат. Ако се навратите назад во 2016/17 година тогаш заменскиот заменик министер во техничката влада за финансии испраќаше писма во светот на начин кој ја опструираше тогашната емисија на еврообврзница. И мислам дека е ова една добра форма за понатаму да не се случува за никој политичар ваква тема да злоупотребува за политички поени,- Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Иако во сегашниот КЗ нема вакво конретно дело, од НБРМ пред неколку дена поднеле две пријави до скопското обвинителство против раководството на СДСМ за наводите што ги изнесуваа на прес конферецнии во врска со Алта банка.. Од обвинителството брифираат дека во пријавите не се наведени конкретни кривични дела, но наводите во нив ќе бидат проверени. Од друга страна, кривична пријава против гувернерот Славески поднесе и СДСМ. Од таму денеска побараа обвинителството да не чека и додека ја разгледува пријавата да преземе итни мерки на претпазливост вклучително и привремена забрана за вршење на должноста на гувернерот. -Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски. Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија,- изјави – Јон Фрчкоски – Член на ИО на СДСМ. Државниот обвинител Ненад Савески синоќа во тв интервју порача дека Обвинителството ќе постапува по сите кривични пријави поврзани со Алта банка, без разлика кој ги поднесува и против кого се поднесени. Тој вели дека секоја пријава ќе биде распределена кај надлежен обвинител, кој треба да ги провери наводите, да ги истражи и да собере докази, нагласувајќи дека самото поднесување пријава не значи автоматски и основ за кривично гонење. Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook