3Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
1Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
БалканПолитика:Од забраната за извоз на Косово, српската економија има загуба од 150 до 200 мил.евраСрпската економија поради забраната за трговија со домашни производи на територијата на Косово и Метохија, која беше воведена во јуни 2023 година, има загуба од 150 до 200 милиони евра, пишува „Политика“.Бојан Станиќ, помошник директор на Секторот за стратегиски анализи и услуги при Стопанската комора на Србија (ПКС), вели дека властите во Приштина сè уште не се откажуваат од својата политика и дека Србија „само треба да акумулира загуби, бидејќи не може да влијае на можностите“. Поради забраната за трговија со стоки, прекршен е и ЦЕФТА договорот, иако оваа меѓународна организација за се го изнесе своето неформално мислење . Покрај тоа, европратениците имаат капацитет посериозно да ја предупредат Приштина, но тоа го избегнуваат, па домашната економија може „само да чека сето тоа да помине“, рече Станиќ за „Политика“. Во првите два месеци од годинава на Косово се испорачани 48,8 тони стока, за разлика од истиот период лани кога биле извезени околу 92 тони. Истовремено, вкупната трговска размена меѓу Србија и Косово изнесуваla околу 45 милиони евра. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика - „Фич“ не кажа дека се живее подобро Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе да слави бројка што не се мрднала.2024: BB+ 2026: BB+ Тоа не е напредок. Тоа е исто. А тој тоа го продава како лоша вест за опозицијата и како доказ дека народот живее подобро. Лаже уште додека ја чита оценката. Што значи BB+ на јазик што го разбира секој: Нема инвестициски рејтинг. Инвестицискиот почнува од BBB. Ние сме под тоа. Државата и натаму се смета за ризична. Зошто? Затоа што сè уште не сме дел од ЕУ. Затоа што Мицкоски не ги спроведува потребните реформи. СДСМ го направи првиот чекор и ја обезбеди сигурноста за инвестициите со влезот во НАТО. Сега ни е потребна ЕУ за да продолжиме да напредуваме. Затоа се Мицкоски задолжува поскапо од земјите со BBB. Истиот ризик. Истата цена на долгот. Истата приказна. „Фич“ не му напиша пофалница на Мицкоски за стандардот. Агенцијата со две години ги повторува истите дупки: голем фискален дефицит, ниска продуктивност, демографски проблем. Државата троши повеќе отколку што собира. Работи помалку вредност отколку што треба. Луѓето си одат. Тоа не е економски тигар. Тоа е предупредување во фуснота, а арамијата го чита како химна. И најважно: оваа оценка не зборува за животот на граѓаните. Не ја мери потрошувачката кошничка. Не го мери горивото. Не ја мери киријата. Не ја мери минималната плата што стои. Не го мери фрижидерот. Граѓаните не живеат во извештај на „Фич“. Живеат со цени до плафон во продавница, маркет, пазар. Таму цената оди нагоре. Горивото јаде плата. Поскапувањата не чекаат рејтинг. Минималната плата не расте. А најсилниот показател не е ни БДП ни BB+ туку празни фрижидери и празни паричници на граѓаните. Подобар показател од тоа нема. Кога Мицкоски вели „денес се живее многу подобро отколку пред три години“, не го гледајте „Фич“. Погледнете ја сметката. Ако оценката е иста како во 2024, а кошницата е потешка, лагата е очигледна. Арамија чим ќе зине - лаже. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нова утка на СДС ботовска, бројат само до 50 илјади и манипулираатСДС се однесува како бот и чита само наслови Без да навлезе во суштината. Впрочем по интелектуалното ниво ако се цени како да Заев им ги пишува соопштенијата повторно. Тие утрово обвинија дека претседателот на Владата Мицкоски наводно излажал кога кажал дека на прославата за независност имало 200 илјади посетители, кога имало само 50 илјади, како што кажал Дејвид Гета. И тоа е така ако се чита ботовската логика на СДС. Но, она што го кажува Мицкоски е дека над 200 илјади граѓани ги посетија настаните за независност, од кои само 50 илјади концертот на Гета. Ако не веруваат, нека ја преслушаат изјавата. Впрочем, веројатно оние кои само не биле на прославата се од СДС, иако таинствено, без да ги видат другите, веројатно потслушнувале или скришум гледале некој од настаните, затоа што импресионираноста не можат да ја сокријат штом 10 дена верглаат во празно една иста тема. Нивната завидливост е обратнопропорционална со среќата и возбудата на граѓаните. За да им биде полесно, еве уште еднаш им го испраќаме видеото кое го објави Дејвид Гета за Скопје, Македонија. Името кое СДС ботовски претходно го смени. Нека уживаат https://www.facebook.com/reel/1564598228179847/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00
МетеоПо катастрофата во Непал, издадено е ново предупредување: „Хималаите стануваат сè понестабилни“Хималаите се приближуваат кон критична точка на пресврт поради забрзаното топење на глечерите, сè понестабилните леднички езера и значителниот недостиг на систематско следење, предупредува нова студија објавена овој месец. Во извештајот на организацијата „Systemiq“ – изработен со придонес на Меѓународниот центар за интегриран развој на планинските предели (ICIMOD) и Националниот институт за хималајска животна средина „Г.Б. Пант“ од Индија – се наведува дека хималајските глечери моментално губат маса 65 проценти побрзо отколку пред една деценија. Ова предупредување доаѓа само неколку недели по катастрофата на границата меѓу Непал и кинескиот регион Тибет. Уривањето на еден глечер кон крајот на август предизвика лавина од мраз и карпи, проследена со огромни ненадејни поплави и свлечишта. Според најновите достапни официјални податоци, потврдени се повеќе од 1.400 смртни случаи, додека околу 5.600 луѓе се водат како исчезнати. Еден од главните предизвици е недостигот на податоци. На Хималаите и на Каракорум има приближно 40.000 глечери, а сепак, моментално само 21 од нив се следат на долгорочна и систематска основа. Научните набљудувања опфатиле само неколку десетици глечери. Истовремено, глечерите се повлекуваат, оставајќи зад себе сè поголем број езера. Овие езера често се задржуваат само од нестабилни наталожувања на карпи, почва и мраз; следствено на тоа, нивното пробивање може да предизвика ненадејни и катастрофални поплави. Затоплувањето дополнително ја дестабилизира вечно замрзнатата почва (пермафрост) и планинските падини, зголемувајќи го ризикот од каскадни катастрофи во густо населените долини. Само во Индија се идентификувани и класифицирани 56 леднички езера кои претставуваат многу висок ризик. Според истражувањата, хималајските региони зафаќаат околу 18 проценти од копнената површина на Индија, но на нив отпаѓаат приближно 35 проценти од природните катастрофи во земјата. Ризикот не се сведува само на поплави. Хималаите претставуваат огромен природен воден систем што ги напојува некои од најголемите азиски реки и обезбедува вода за стотици милиони луѓе. ICIMOD проценува дека повеќето речни сливови во регионите на Хиндукуш и Хималаите ќе го достигнат таканаречениот „воден врв“ (peak water) околу средината на векот. Тоа значи дека топењето на глечерите во тој момент ќе го генерира максималниот волумен на вода, по што протокот ќе почне да опаѓа како што глечерите ќе губат сè повеќе мраз. Според една нова студија, водата што потекнува од Хималаите директно или индиректно придонесува за околу 20 проценти од БДП на Индија. Од неа зависат производството на пченица, ориз и чај, хидроелектраните, како и бројни други економски сектори и аспекти од животот на луѓето. Затоа, авторите предупредуваат дека Хималаите веќе не можат да се гледаат само како оддалечен планински регион, туку како клучна инфраструктура за безбедноста на водата, храната и економијата во голем дел од Јужна Азија. „Екосистемот што го овозможува ова се приближува кон критична пресвртна точка“, се предупредува во извештајот.Тагови: климатски промени Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00