Политика на Еврото: Албански навивачи истакнаа знамиња „УЧК“ пред натпреварот со Италија

Фудбалската репрезентација на Италија од 21 часот ќе игра против селекцијата на Албанија, во вториот натпревар од групата Б на Европското првенство во Германија.

Италијанците се големи фаворити пред оваа средба, а досега во историјата четири пати играле против Албанците, и во сите четири наврати победиле.

Што се однесува до Албанците, имаше огромен интерес во пресрет на средбата со Италија, а според некои проценки, дури 50.000 навивачи се во Германија.

Сепак, за очекување е помал број од нив да се најдат на стадионот, а оние кои влегоа веќе предизвикаа скандал.

Имено, четворица навивачи на Албанија внесоа знамиња на „УЧК“ на стадионот во Дортмунд.

Инаку, ова не е прв скандал, а мечот не е ни започнат, откако претходно стотина албански навивачи сакаа да се пресметаат со симпатизерите на Италија, но полицијата реагираше.

Норвешка, Шведска и Финска создаваат воен транспортен коридор во Арктикот

Норвешка, Шведска и Финска се договорија да создадат воен транспортен коридор што ќе минува низ северниот дел на секоја од трите земји, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе.

Овој договор е „важен чекор“ за овие три земји, кои се веќе членки на НАТО, нагласи тој.

Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на необврзаност со одбранбени сојузи откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Финска се приклучи на Атлантскиот сојуз во април минатата година, а Шведска во март оваа година.

„Денес се договоривме да создадеме воен транспортен коридор низ северна Норвешка, северна Шведска и северна Финска“, рече Сторе по состанокот со неговиот шведски колега Улф Кристерсон и финскиот претседател Александар Стуб.

„Ова ќе овозможи брз транспорт на персонал и опрема од норвешките пристаништа до Финска преку Шведска“, додаде Сторе. /МИА

Пешевска:Кој губи има право да се лути. Беџети:Рамковниот договор,одбрана од мајоризација

Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Блерим Беџети од ДУИ, гости во Само Вистина

Пешевска: Зошто не се согласувате со промената на изборниот модел во една изворна единица? Кој губи има право да се лути и легитимно е да поставувате барања. Изгубивте гласови од Албанската опозиција. Суровата реалност е реалност што сите не' боли, реалноста што се создаде во државата се создаде во процес без консензус, со политички прогон и многу закани и уцени. Лично бев жртва на самиот процес за промената на името што предизвика непријатности мене и на моето семејство. Ако се водиме по емоции не би го искажала, ако морам да го изговорам тешка кнедла би голтнала. Ние за Грција останавме Скопје, не треба да има двојни аршини, треба опомени за двете страни ако не се почитува Преспанскиот договор.

Беџети: За да нема иселување, и кај младите и кај повозрасните треба да чекориме кон ЕУ. Разговаравме со мандатарот и кај една или две точки не се усогласивме. Уште првата вечер без разлика на кампањата Ахмети честиташе на победата, прашањето беше зошто се гласа ако не се почитува гласот. Во самиот рамковен договор има една важна фраза „почитување на духот на Рамковниот договор“, а тој е главниот одбрамбен механизам од мајоризација. Немојте да си земате за право да не ги признавате бројките или да си земете за право што мислат Албанците, нити Албанците ќе го прифатат тоа од вас кој победил или кој изгубил.

Шпанскиот крал не сака да го прими Милеи

 Министерството за надворешни работи негодува поради неговата посета

Шпанскиот крал Фелипе Шести одбил да го прими аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој утре ќе престојува во посета на Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.

Милеи треба да слета во воздухопловната база Торехон де Ардоз во услови на дипломатски расправии меѓу Мадрид и Буенос Аирес поради забелешките што ги изнесе минатиот месец.

И покрај тоа што побара аудиенција кај шпанскиот крал, кој оваа недела слави 10 години на тронот, Милеи не е на агендата на кралскиот дом.

Одлуката доаѓа откако претседателот на Аргентина повеќепати го нападна шпанскиот премиер Педро Санчез и ја обвини неговата сопруга за корупција, пишува бриселскиот портал Политико.

Шпанската Влада одговори со отповикување на својот амбасадор во Буенос Аирес, барајќи јавно извинување од аргентинскиот претседател. Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Алварез се закани дека целосно ќе ги прекине дипломатските односи со Аргентина доколку Милеи не се извини, но тој тоа го одби./МИА

притисни ентер