Политичко лудило во италијанско село- има 46 жители, а 30 кандидати ќе се борат на изборите - Канал 5

Политичко лудило во италијанско село- има 46 жители, а 30 кандидати ќе се борат на изборите

Последниот пат кога Игор Де Сантис се кандидирал за градоначалник на Ингрија, мало гратче опкружено со шуми и планини во близина на Торино, тој лесно победи.

Политичко лудило во италијанско село- има 46 жители, а 30 кандидати ќе се борат на изборите

Во тек е изборната кампања во која тој се обидува да освои четврти мандат, но се соочува со тежок предизвик откако неговата мајка се приклучила во ривалскиот табор, пишува Гардијан.

Ингрија е едно од најмалите села во Италија, со само 46 жители. Избирачкото тело го сочинуваат уште 26 лица, кои се пријавени за гласање од странство.

Де Сантис е на чело на селото од 2009 година и очекувал дека на локалните избори противник ќе му биде советникот од опозицијата Ренато Полето (70). Ситуацијата стана покомплицирана кога Стефано Венути, жител на Милано, кој има втор дом во Ингрија, реши да се кандидира за функцијата.

„Не го очекувавме тоа“, изјави Де Сантис.

Доживеа тотален шок кога Полето објави дека ја обезбедил поддршката од мајката на Де Сантис, Милена Кросасо и ја номинирал за советничка функција на изборите за новиот совет на 8 и 9 јуни, на список од девет жени и еден маж. Вкупно, околу 30 луѓе - околу две третини од населението во селото - сега се натпреваруваат на избори за различни позиции.

- Ја замолив мајка ми да ми се придружи, но откако виде дека на списокот на Полето има главно жени, реши да оди со нив. Сите тие се волонтери кои работеа многу напорно за селото, рече Де Сантис.

Милена Кросасо тврди дека политичкото ривалство нема да влијае на семејната хармонија.

„И мојот син и јас го сакаме најдоброто за заедницата и ова е можност да им дадеме глас на жените, додека семејните врски нема да страдаат“, рече таа.

Ингрија се наоѓа во италијанската долина Соана и има слични проблеми со другите планински села, како што се депопулација, недостаток на служби и проблеми со снег во текот на зимата. Од 2022 година, кога беше прогласена за едно од „најубавите“ села во Италија, мора да се справи и со поголем прилив на туристи.

- Има неверојатен скок во бројот на туристи и мораме да го решиме. Има малку жители. Нашата главна цел е да ја зачуваме убавината на Ингрија, изјави Де Сантис.

YouTube video

Венути за весникот „Кориере дела сера“ изјави дека одлучил да се кандидира за градоначалник откако бил поканет да го стори тоа од локалното население.

„Многу добро се интегрирав“, рече тој.

И покрај конкуренцијата, Де Сантис, чиј дедо беше градоначалник на Ингрија 30 години, рече дека е „оптимист“ и верува во победа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногата

Тело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. 

Пронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногата

Според официјалните информации од МВР станува збор за лицето Е.Ш. од селото Љубин. Покрај телото во близина бил пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот.

При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата а на лице место екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 6 часот и 15 минути. Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Засега нема информации како настанала прострелната повреда ниту дали станува збор за убиство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои починал 38-годишникот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара

Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска .

Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара

Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска на 15 ноември беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер Кристијан Корабоски и фрлена од автомобил на улица.

На протестот се појави и нејзиниот татко, Љупчо Ѓорѓиески кој покажа фотографии од неговата ќерка со модрици на лицето.

– Ова е ќерка ми Сара, сакам ниту еден родител да не го види ова повеќе, да не го доживее, само толку можам,-изјави Љупчо Ѓорѓиески, татко на Сара Ѓорѓиеска, жртва на насилство.

Со транспарент „Охрид Не молчит“ и ниту една повеќе, поголем број на граѓани преку минута молк им оддадоа почит на сите жртви од фемицид, а до институциите испратија барање за сериозно третирање на пријавите за насислтво врз жени.

Револтот кај охриѓани, но и кај целата македонска јавност ескалираше откако на Корабоски, кој на Ѓорѓиеска во својот автомобил под дејство на алкохол и нанел тешки телесни повреди, првично му беа одредени само мерки за претпазливост.

По притисокот од јавноста, Корабоски беше повторно повикан на распит, а против него е определен 30-дневен притвор и доби кривични пријави за три дела – Нанесување тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Судењето против Корабоски ќе започне на 27 ноември во Основниот суд во Охрид.

Токму со пораки против родово-базираното насислтво и фемицидот граѓанската организација „ниту една повеќе“ и платформата за родова еднаквост, вчера го блокираа булеварот Илинденска пред влада и побараа конкретни мерки за заштита на жените кои се жртви на насилство.

Министрите за внатрешни работи и социјална политика Тошковски и Велковски пак, вчера на состанок со обвинителот Савески, договорија побрз институционален одговор и посилна меѓусебна координација при пријавите за семејно насилство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“

 Американскиот милијардер, најбогатиот човек на светот, Илон Маск изјави дека не припаѓа на движењето MAGA на претседателот Доналд Трамп, иако со години јавно го поддржуваше.

Маск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“

Маск зборуваше за својот однос со движењето на Трамп во средата на самитот „Дилбук“ (DealBook Summit), организиран од „Њујорк тајмс“.

„Не сум сигурен што воопшто значи MAGA, но ако тоа подразбира некаква слепа лојалност кон политиката на Републиканската партија, тогаш тоа секако не е нешто што ме опишува мене“, рече Маск, објаснувајќи го својот однос со движењето на Трамп.

За време на претседателската кампања во 2024 година, Маск отворено го поддржа Трамп, учествуваше на неговите предизборни собири и носеше капи со натпис MAGA, што е кратенка за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again).

На еден од предизборните собири на Трамп, тој изјави: „Јас не сум само MAGA, јас сум ’темен MAGA‘!“ Трамп му одговори Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Маск во интервју за NBC News.

Тој рече дека постојат различни толкувања на движењето MAGA, но исто така предупреди на последиците од отстапувањето од неговите принципи.

„Постојат многу дефиниции“, рече Трамп за значењето на движењето MAGA. Тој додаде дека ова политичко движење има многу конкретно значење за него и дека оние што отстапуваат од неговите принципи не поминуваат добро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер