Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
1Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животи
КултураПолитичкиот трилер на Гоце Цветановски селектиран на Меѓународниот филмски фестивал на БахамитеФилмот „Бизнисот на Задоволството“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски е избран во официјална конкуренција на престижниот Меѓународен филмски фестивал на Бахамите.Фестивалот, кој ќе се одржи од 13 до 17 ноември во Насау, е познат по својата богата историја и поддршка од големи имиња како Шон Конери, Николас Кејџ и Џони Деп. Филмот на Цветановски ќе биде прикажан во програмата „Духот на Слободата“. Ова е 32. селекција за филмот, кој досега има освоено 10 меѓународни награди. Од 19 септември, филмот кој е поддржан од Агенција за филм, ќе биде достапен и во кино салите низ државава./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕпидемијата на ебола во Демократска Република Конго е најсмртоносната во историјата на земјата, однесе 2.325 животиЕпидемијата на ебола во Демократска Република Конго однесе 2.325 животи, со што го надмина бројот на жртви во епидемијата од 2018 до 2020 година и стана најсмртоносната во историјата на земјата.Конгоанскиот институт за јавно здравје соопшти дека бројот потврдени случаи се зголемил на околу 5000 случаи. Станува збор за 17-та епидемија на ебола во Конго, која веќе кон крајот на јули ја надмина претходната по бројот на случаи и стана најголема во историјата на земјата според тој показател. За овој сој на ебола нема одобрени вакцини или лекови.Тагови: ебола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАпел до владата поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козитеСојуз на одгледувачи на овци апелира до владата и до надлежните институции за итно преземање мерки поради алармантната состојба со епидемијата на сипаници кај овците и козите, како и за заштита и помош на сточарите. Насер Џемаил претседател на Сојуз на одгледувачи на овци изјави дека 40 семејства останале без приходи поради угинување на овците, тие од државата бараат обештетување и да обезбеди вакцини за заштита од болеста која ги коси овие домашните животни. Информаираат дека месото нема да биде штетно за јадење по вакцинација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран има нова мета?Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Канада станала „резервен тим“ на САД во нивната воена агресија против Иран.Портпаролот Багеи изјави дека САД ја нарекуваат Канада своја педесет и прва земја, воведуваат царини на нејзините стоки, па дури и се закануваат дека ќе ја казнат за еколошки проблеми. Тој исто така додаде дека одговорот на Отава е само послушност, според новинската агенција Тасним. „Официјална Отава учествува во нелегалната војна на САД против Иран за да го задоволи Вашингтон. Оваа ситуација покажува дека Канада повеќе не се согласува со САД, туку е сведена на улога на резервен тим“, рече Багеи. Извор: Б92Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter