Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
2Пресметајте го вашиот личен број за 2027 г. и дознајте каква година ве очекува – Еве што предвидува нумерологијата кога станува збор за здравјето, љубовта и парите
3Во Кина бесни, откако италијански милијардер допираше за гради кинеска актерка на црвениот тепих (ВИДЕО)
БалканПолитичкиот секретаријат на СИРИЗА потврди дека Каселакис е разрешен од позицијата лидерПолитичкиот секретаријат на СИРИЗА потврди дека Каселакис е разрешен од позицијата партиски лидер.Политичкиот секретаријат на грчката опозициска партија на синоќешниот вонреден состанок потврди дека Стефанос Каселакис е разрешен од функцијата претседател на СИРИЗА, по соодветната одлука и изгласаната недоверба од Централниот комитет во неделата, јави дописничката на МИА од Атина. Од СИРИЗА соопштија дека Централниот комитет, како „највисокиот орган на партијата и автентичен толкувач на статутот“ со гласањето за предлогот за недоверба на Каселакис, „автоматски го разреши од функцијата претседател на партијата и ги активираше одредбите од статутот за одржување на вонреден Конгрес“. - Почитувањето на одлуките на колективните органи на партијата и почитувањето на статутот и партиските процедури е обврска за секој член и функционер и никој не е над нив. Затоа, ова прашање е завршено, соопштија од СИРИЗА во однос на одлуката на Политичкиот секретаријат. Според грчките медиуми, вонредниот состанок одржан синоќа беше свикан поради внатрешно-партиските несогласувања по изгласаната недоверба во однос на тоа дали Каселакис треба да остане на лидерската позиција до конгресот на СИРИЗА во ноември, како што тврделе и барале партиски членови кои го поддржуваат, сега веќе поранешниот претседател. Поддржувачите на Каселакис, според истите информации, се собрале пред централниот објект на СИРИЗА, додека, пак, Каселакис, преку социјалните мрежи, го осуди собирот како „чин на провокација“, побара да не се организираат протестни собири, „пред сè да не ја саботираат посетата на шефот на пратеничката група на СИРИЗА Никос Папас на Меѓународниот саем во Солун“ и ги повика своите поддржувачи да покажат „смиреност, трпение и воздржаност“. - Вашиот гнев претворете го во креација. Тука сум, напиша Каселакис на социјалните мрежи. Централниот комитет на СИРИЗА по гласањето во неделата му ја одзеде довербата на претседателот на партијата, а три дена подоцна Политичкиот секретаријат предложи одржување вонреден партиски конгрес на почетокот на ноември и избори за лидер на партијата на 24 ноември. На традиционалното претставување на главната опозициска партија на Меѓународниот саем што секоја година е непосредно пред затворањето на саемот, иако претходно беше најавен Каселакис, сепак Централниот комитет одлучи СИРИЗА да ја претставува претседателот на пратеничката група Никос Папас, па така за време на претстојниот викенд ќе одржи низа средби во Солун, а за во недела е закажана прес-конференција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Славески и Мицкоски дадоа дозвола за банка на човек што држеше менувачницаНикаде во светот ниту една банка не би дала дозвола за работа на човек што е сопственик на менувачница. Давор Мацура прво доби дозвола од Вучиќ, па потоа од Мицкоски. Како поинаку човек што нема никакво банкарско искуство може да добие дозвола да биде сопственик на банка? Прво Вучиќ му обезбеди кредит да купи банка и пари од граѓани, јавни претпријатија и компании што учествуваа во криминални партиски тендери, па потоа Мицкоски дозвола и пари на ист начин како и Вучиќ. Пари на граѓаните на Македонија. Истиот тој Мацура е човекот што од трезорот на својата банка изнесе 380 милиони евра. Пари што биле пријавувани во Народната банка на Србија, а никогаш не стигнале до трезорот. Народната банка на Србија прво рече сè е во ред. Истата вечер ја одзеде дозволата за работа на Алта банка. Гувернерката во Србија мораше тоа да го направи сфаќајќи дека ќе одговара. Исто беше во Македонија. Гувернерот Славески рече сè е во ред, а веќе по 24 часа воведе присилна управа. Она што е битно е дека сè е јасно и дека нема да можат да избегнат одговорност. Сè е во документите и трансакциите. Сè е забележано. Гувернерката во Србија веќе имаше разговор со обвинителството. Таму се апсат луѓе од режимот на Вучиќ секојдневно. Од кога Вучиќ дојде на власт, правосудството не си ја работеше својата работа. Само работеше по негов налог. Истата работа ја прави и Мицкоски, како негов ментор и шеф на организираната криминална група. Европската комисија веќе неколку пати предупредува на влијанието на „српскиот свет“, мислејќи на Вучиќ и СНС. Веќе неколку извештаи наназад, во текот на една година, има опомени за обвинителството кое е под контрола на Мицкоски. Предупредува за слободата на медиумите. Орбановите медиуми што сочинуваат 40% од македонските добија поддршка од медиумите на Вучиќ - Ало групацијата и лиценцата за Euronews. БИА соработници во владата и медиумите, а нивно финансирање преку Алта банка. Купување на сопственици на портали преку лотарија и директно плаќање преку реклами. Правење атмосфера како да сме Северна Кореја. Ист модел на автократски режим на Александар Вучиќ. Негови претставници, хулигани - стануваат почесни конзули на нашата земја, додека продаваат струја и броила. Исти бизнис шеми на Вучиќ и Мицкоски. Во Србија, по одржаните избори и падот на режимот на СНС, се апсат и ќе одговараат сите што беа во системот на корупција и криминал. Се затвораат и медиумите на Вучиќ. Истрагите се во тек, милионски суми биле уплаќани на медиумите од државните компании. Мицкоски знае дека и него го чека истото. Затоа Мицкоски толку се бори да ја продаде банката, за да не мораат да ги отворат сметките во битолската банка. Затоа што отворањето на тие сметки е отворање на пандорината кутија. Затоа се врши притисок врз две банки што треба да ја преземат на себе сокривањето на тие сметки. Не постои банка што би сакала да купи такво портфолио од сопственик на менувачница. Полицијата и обвинителството мора да постапат во овој случај на Алта банка. Не смее повеќе да се чека. Ако не постапуваат според законот и заклетвата што ја дадоа на граѓаните, а не на Мицкоски, знаат дека ги чека истата судбина како и нивните колеги од Србија. Правдата ќе биде задоволена. Власта наскоро повторно ќе биде во рацете на народот, а оваа организирана криминална група на чело со арамијата Мицкоски ќе одговара. Кулата од карти почна да паѓа. Армагедон почна во Србија, наскоро доаѓа и кај нас. Македонија ќе биде ослободена од бандата! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест во Богданци по убиството на Билјана КириќДенеска во 19 часот во Градскиот парк во Богданци ќе се одржи протест по убиството на 17 годишната Билјана Кириќ за кое осомничено нејзиното поранештно момче 21 годишниот Виктор Бунтаров..„Ова е повик за заедничко изразување на револт, поддршка и барање за правда. Повик да не молчиме пред насилството врз жените и да побараме поголема одговорност, заштита и навремена реакција од институциите. Да покажеме солидарност. Да испратиме порака дека насилството не смее да се премолчува“, пишува во повикот на социјалните мрежи. Убиството се случи во средата кога 21 годишникот прво го запалил автомобилот каде била билјана, а потоа си го одзел животот.. Виктор имал забрана за приближување по пријава од семеството на Билјана..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најавува договор за мир во Украина по средбата со пратеникот на ПутинТрамп се сретнал приватно со рускиот претставник Кирил Дмитриев во Белата куќа.По средбата, Трамп изјави дека наскоро би можел да биде постигнат договор за завршување на војната во Украина. Тој најави дека договорот би можел да има пошироки последици и да ја опфати цела Европа. Американска делегација ќе посредува во разговорите меѓу Русија и Украина во Абу Даби на 10 и 11 ноември. Пратеникот Џаред Кушнер соопшти дека во Брисел се одржале продуктивни разговори со Украина, НАТО и европските партнери. Во фокусот биле безбедносните гаранции за Украина и европската безбедност. Средбата со Дмитриев се одржа на настан организиран од првата дама Меланија Трамп.На него присуствуваа и украински претставници, кои ја повикаа да продолжи со мировните напори.Меланија Трамп им предаде писма на делегациите адресирани до Путин и Зеленски.Ова е првиот директен контакт меѓу руски и американски претставници по среднорочните избори во САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter