Политичкиот секретар на СИРИЗА предлага изборите за партиски лидер да се одржат на 24 ноември - Канал 5

Политичкиот секретар на СИРИЗА предлага изборите за партиски лидер да се одржат на 24 ноември

 Одржување вонреден партиски конгрес на почетокот на ноември и избори за лидер на партијата на 24 ноември, предлага Политичкиот секретаријат на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Политичкиот секретар на СИРИЗА предлага изборите за партиски лидер да се одржат на 24 ноември

Политичкиот секретар одржа состанок откако Централниот комитет во неделата му ја одзеде довербата на претседателот Стефанос Каселакис со што започнаа процедурите за нов партиски лидер.

Како што информираа од СИРИЗА главните теми на состанокот биле одржувањето на вонреден конгрес и изборот на претседател, како и најдобрата подготовка на партијата во пресрет на учеството на Меѓународниот саем во Солун следниот викенд.

Препораката на Политичкиот секретаријат до Централниот комитет што ќе одржи состанок на 21 и 22 септември е вонредниот конгрес да биде во периодот од 1 до 3 ноември, а во недела на 24 ноември да се одржат изборите за претседател, додека пак доколку е потребен втор круг, да биде една седмица подоцна, односно во недела на 1 декември.

-Јасно е дека нашиот противник е Мицотакис и неговата антинародна и деструктивна политика. Премиерот кој на Меѓународниот саем се појави без да се кае, без трошка емпатија. Држејќи се до истите антинародни и антисоцијални политики кои го осиромашуваат социјалното мнозинство и се во корист на малкумината и на економски моќните. Наводните бенефиции што ги најави, како бедното зголемување на пензиите или покачувањето на платите за вработените во приватниот сектор, здравствените работници и униформираните службеници, се ниски и ќе се потрошат со поскапувањата на цените и инфлацијата, велат од СИРИЗА.

Најавија дека тие, од Меѓународниот саем во Солун ќе презентираат „сеопфатна и конкретна програма во која ќе бидат опфатени сите сектори“.

Во текот на следниот викенд на маргините на Меѓународниот саем, традиционално како и секоја година, непосредно пред затворањето, говор и прес-конференција одржува лидерот на главната опозициска партија и иако веќе беше најавен Каселакис, сепак Централниот комитет одлучи СИРИЗА да ја претставува претседателот на пратеничката група Никос Папас. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата.

Средба на министерот Муцунски со претседавачот на ОБСЕ, Касис

Унапредувањето на билатералните односи, економската и развојната соработка, како и европската перспектива на Македонија беа во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и швајцарскиот министер за надворешни работи, Ињацио Касис, кој е и актуелен претседавач со ОБСЕ.

На средбата двајцата министри разговарале за можностите за натамошно унапредување на политичките, економските и развојните односи меѓу двете земји, како и за континуираната швајцарска поддршка во областа на развојната соработка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

Во организација на ССМ денеска се прикажа документарен филм „До први“ еден пратеник, една минимална плата каде се потикнува да видат пратениците како е да се живее со минималец..

ССМ: Со документарецот „Живот до први“ ќе ги будиме пратениците

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

ПАТИШТАТА, МОСТОВИТЕ И КОРИДОРИТЕ ЈА ПОКАЖУВААТ РАЗЛИКАТА !

Стојаноски: Растот на нискоградбата е потврда за засилените инфраструктурни инвестиции и реализацијата на капиталните проекти

Бројките за нискоградбата покажуваат силна промена во динамиката на инфраструктурните работи.

Овие бројки го докажуваат реализирањето на проектите.

Во анализираните 8 квартали од јули 2024 до јуни 2026 на владата на ВМРО - ДПМНЕ, просечната реална годишна стапка изнесува +26,1%.

Во споредбениот период од претходните 29 квартали влада на ДУИ/СДСМ просекот изнесува -3,2%.

Значи споредуваме 2 со 7 години.

Тоа е разлика од дури 29,3 процентни поени !

Според методолошкото објаснување на Државниот завод за статистика нискоградба е градежна работа на објекти кои „со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата“.

Нискоградбата значи патишта, автопати, мостови, тунели и крупна инфраструктура – инвестиции што остануваат и создаваат услови за побрз економски развој.

Затоа овие бројки не се само статистика.

Зад нив стојат конкретни проекти, активни градилишта и нова инфраструктура.

Кога се гради инфраструктура – се гради иднината на Македонија.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/share/p/1Hgzuc9hzg/

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер