Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије е погребан во катарскиот град Лусаил (ВИДЕО)

Политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије е погребан денеска на кралските гробишта во градот Лусаил, на што му претходеше погребна церемонија во катарската престолнина Доха.

Во пресрет на погребот, илјадници луѓе се собраа во џамијата Имам Мухамед ибн Абдул ал-Вахаб во Доха, каде што се вклучија во молитвата, пренесува Ал Џезира.

Во соопштението, Хамас повика на ден на „екстремен гнев“ поради убиството на Ханије, барајќи од луѓето „да маршираат од секоја џамија, осудувајќи го кукавичкото злосторство на атентат“, за што го обвинува Израел.

Денеска комеморации се одржуваат и во Турција, Либан, Јемен, Пакистан, Малезија и Индонезија.

На церемонијата во Доха присуствуваше Калед Машал, за кој се претпоставува дека е новиот политички лидер на палестинската група, катарскиот емир Шеик Тамим бин Хамад ал Тани, како и други претставници на Хамас.

Ковчегот на лидерот на Хамас беше обвиен со палестинско знаме во џамија во Доха, заедно со неговиот убиен телохранител.

„Нашата порака до окупаторот (Израел) денес е дека тонете длабоко во калта и дека вашиот крај е поблиску од кога било. Крвта на Ханија ќе промени сè“, изјави претставникот на Хамас, Сами Абу Зухри за Ројтерс.

Погребната церемонија на Ханије беше одржана вчера во Техеран, предводена од иранскиот ајатолах Али Хамнеи.

Ханије беше убиен во средата, а Хамас и иранската влада ветија одмазда против Израел, сметајќи дека Тел Авив е одговорен за убиството.

Притвор за скопјанец поради недозволено држење оружје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 47-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи според член 396 став 3 од Кривичниот законик.

На 18 јануари полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории на лицето, на улица “Македонско-косовска ударна бригада” во Скопје, при што пронашле една пушка марка “Црвена застава”, една ловна пушка, муниција – куршуми и патрони, како и делови и компоненти од огнено оружје.

Ценејќи дека лицето нема да може да биде обезбедено во текот на постапката со друга поблага мерка, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.

Дејан Чиплаковски по трет пат го фаќа Чесниот Крст во Берово

Дејан Чиплаковски од Берово е среќниот фаќач на Чесниот Крст од водите на река Брегалница во Берово по повод празникот Богојавление Водици.

Чиплаковски повеќе пати учествува на оваа традиција, а досега трипати го има извадено крстот од реката Брегалница во Берово.

-По трет пат го фаќам крстот. Бог се јави и за многу години празникот Водици. Здравје среќа на сите, истакна Чиплаковски.

Честитки до среќниот фаќач на крстот упати и градоначалникот на општината Звонко Пекевски кој на Чиплаковски и неговото семејство им посака да ги следи добро здравје и среќа во текот на годината.

Општина Берово среќниот фаќач на крстот го награди со вредносен ваучер од 10.000 денари, Зегин обезбеди 15.000 денари, а Чиплаковски доби подарок телевизор од фирмата Мис Стон.

Претходно по повод Богојавление Водици се одржа црковна литургија./МИА

Хамас ги објави имињата на првите заложници кои ќе бидат денеска ослободени

Хамас ги објави имињата на трите Израелки кои ќе бидат ослободени на првиот ден од спроведувањето на договорот за прекин на огнот во Газа.

Една од нив е британско-израелската државјанка по име Емили Дамари.

Другите две имиња се Роми Гонен и Дорон Штајнбрехер.

притисни ентер