Политички лидер на Хамас убиен во Газа во израелски воздушен напад - Канал 5

Политички лидер на Хамас убиен во Газа во израелски воздушен напад

Во израелски напад во Појасот Газа во текот на ноќта загина висок политички лидер на Хамас, соопшти денеска палестинската милитантна група.

Политички лидер на Хамас убиен во Газа во израелски воздушен напад

Покрај тоа, 19 лица, меѓу кои и жени и деца, се убиени во нападите на Појасот Газа. Хамас соопшти дека Салах ал Бардавил, член на неговото политичко биро и на палестинскиот парламент, бил убиен во напад во близина на градот Кан Јунис, во кој била убиена и неговата сопруга. Бардавил беше истакнат член на политичкото крило на Хамас, кој со години даваше интервјуа за медиумите.

Израел минатата недела го прекрши примирјето со Хамас кога започна ненадеен бран воздушни напади во кои загинаа стотици Палестинци низ Појасот Газа.

Дневен хороскоп за 28. април 2025 година

Дневен хороскоп за понеделник, 28. април 2025 година. 

Дневен хороскоп за 28. април 2025 година

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Со помош на вашите драги пријатели ќе заборавите на сите љубовни грижи и ќе се отворите за нови можности.

Кариера

Ќе ги усогласите своите ставови и планови со околината , така што во иднина ќе работите полесно и усогласено.

Здравје

Делата се посилни од зборовите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Нежноста и емотивноста на вашата сакана личност пријатно ќе ве изненади , така што ќе мора да се согласите на неговите или нејзините идеи.

Кариера

Додека се одморате во пријатен амбиент, во душата ги исмевате оние кои не се согласуваат со вас. Тоа и не е многу убаво.

Здравје

Бидете пообјективни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе дознаете дека некој ве сака и тоа ќе ви го освежи денот. И вие ќе се чувствувате слично , па можете во акција.

Кариера

На работното место ви оди добро, а повеќето од вас ќе му се посветат на приватниот живот, на своето хоби или на спорт.

Здравје

Одете на сонце и на свеж воздух.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не навалувајте се премногу за да не паднете преку оградата. Чувајте го она што го имате и уживајте со цело срце во тоа.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на себеси , во длабоки мисли за вашите деловни предизвици и за тоа кон што се стремите.

Здравје

Не брзајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Веројатно околностите ќе ве поттикнат за да размислите за себеси и за својот статус во врската.

Кариера

Ќе бидете во центарот на вниманието и од вас многу чќе се очекува.Многумина ќе се затекнат во ситуација во која ќе се наметнуваат во работата.

Здравје

Можна е минлива главоболка.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе ве нервираат сите и се околу вас , па потрудете се да го најдете она зрно на мир во себеси за да ги надминете провокациите.

Кариера

Во моментов малку може да влијаете на работите , но тоа нема да значи дека оние за кои се однесува ова , нема да продолжат добро да работат. Прифатете ги.

Здравје

Зајакнете се со прошетка на свеж воздух.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе успеете да и се прилагодите на саканата личност без да поставувате премногу прашања. Верувајте во подобро утре.

Кариера

Со олеснување ќе го дочекате крајот на работното време , зашто знаете дека ви е потребно што повеќе опуштање и одмор. Работата нека причека.

Здравје

Осмислете пријатен ден за себеси.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе бидете среќни и задоволни во друштво на саканата личност , а нема да ги заборавите ниту контактите со пруијателите што може да бидат инспиративни.

Кариера

Некои го чекаат финалето на едно истражување , чии резултати може да стигнат во секој момент. Размислете какви ќе бидат.

Здравје

Јадете здрава храна .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму сте среќни и радосни во душата , саканата личност ве поддржува. Денеска идеите за љубов ќе ви доаѓаат самите од себе.

Кариера

Психолозите, психијатрите и сличните професии денеска ќе приведат до крај една фаза од својата работа и ќе дојдат до нови откритија. Останатите ќе читаат меѓу редови.

Здравје

Терапиите се ефективни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе поверувате дека љубовта доаѓа низ желудникот и на саканата личност ќе и подготвите вечера што ќе ја воодушеви.

Кариера

Добро ќе се снаоѓате во новонастанатата ситуација . Дури и ќе им бидете од полза на другите , па помогнете им.

Здравје

Помалку јадете , повеќе спортувајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во прашањата за чувствата сите коцкички ќе се поклопат по ваша желба. Оттаму многумина денеска ќе сфатат колку се среќни.

Кариера

Не само што одлично ќе функционирате во редовните работни задачи , туку ќе успеете да ги забавувате сите околу вас.

Здравје

Нема пречки пред вас.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате во својот свет , што самиот го создавате со помош на фантазијата. Се друго ќе биде главно фрустрирачки.

Кариера

Добро ви оди , а на повидок се и некои нови работи. Без оглед што вашите шефови миослат поинаку, вие се држите за своето.

Здравје

Не се откажувајте од вашата цел.

Арбен Таравари „На кавга со Иван“

Вечерва во оригинално шоу На кавга со Иван, гостува лидерот на Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари.

Арбен Таравари „На кавга со Иван“

Неисполнети желби, сопки и интриги или нови амбиции, која е причината за превирањата во Вреди?

Таравари или Меџити, кој прв ќе ги надмине емоциите во име на гласачите?

Седи ли на две столчиња како што се „шушка“ во кулуарите, кокетира ли со ДУИ или враќа хипотеки?

Има ли и кој му „шепна“ дека не му е потребен на Мицкоски?

Дали и скандалот со Онкологија ќе остане во заборав како многу претходни?

Останува ли министер за здравство или има други афинитети?

Вечерва Арбен Таравари „На кавга со Иван“ во 23ч.

притисни ентер