Претставникот на опозициските дипломати Густаво Маркано денеска во Вашингтон изјави дека сметките на амбасадата и на конзултот на Венецуела во САД се замрзнати , така што од денеска нема дипломатски претставништва на Венецуела во САД.
,,Опозицијата работи заобновување на конзуларната служба . Од 56 вработени ,11 останаа во САД .” изјави Маркано. Оние кои останаа во САД ќе бидат вработени во конзулат под раководство на самопрогласениот претседател Хуан Гваидо.
Во меѓувреме , Николас Мадуро ја затвори границата со Бразил и се закани дека ќе биде затворена и границата со Колумбија , каде тргна опозицискиот лидер Хуан Гваидо , за да ја донесе американската хуманитарна помош.
Хуан Гваидо , кој е признаен од 50 тина лидери на држави за привремен претседател на Венецуела , отпатува на 900 километри оддсалечената граница со Колумбија , заедно со неколку автобуси со свои приврзаници. Целта е да ја подиогнат американската хуманитарна помош , што со недели е заглавена на границата , додека во земјата владее недостиг на основни животни продукти и лекови.
Ваквиот потег на Гваидо , Мадуро го нарече политичка претстава и повтори дека амаериканскиот претседател Доналд Трамп подготвува воена интервенција со која сака да го тргне од функцијата.