СветПолитичката нестабилност во Франција ја загрозува целата еврозонаЗагриженоста расте во Брисел и другите европски престолнини.Франција повторно се соочува со политичка криза откако новата влада на Себастијан Лекорну падна помалку од 24 часа по преземањето на функцијата, испраќајќи нервоза на пазарите и отворајќи ја можноста за нови избори што би можеле да ја зајакнат крајната десница. Овие настани доаѓаат во време кога Европа веќе се соочува со низа предизвици, војната во Украина, притисоците на американскиот претседател Доналд Трамп врз меѓународната трговија и растот на популистичките сили, па затоа постои страв дека целата економија на еврозоната наскоро би можела да биде загрозена, пишува Политико. Загриженоста расте во Брисел и другите европски престолнини, каде што официјалните лица предупредуваат дека авторитетот на претседателот Емануел Макрон на меѓународната сцена, особено во однос на Украина и Газа, би можел сериозно да ослабне. Некои проценуваат дека нестабилноста во втората по големина економија во еврозоната би можела да го загрози целиот блок. „Франција е премногу голема за да пропадне. Оваа политичка нестабилност ја загрозува целата еврозона“, изјави дипломат од ЕУ под услов да остане анонимен, според Политико. Како што се нагласува во статијата, Франција е втора најголема економија во Европската Унија, водечки играч во Г7, единствената нуклеарна сила на ЕУ и постојана членка на Советот за безбедност на ООН. Подеднакво важно е што под водство на Макрон, оваа политичка сила, која е и еден од клучните актери во обликувањето на европските политики, можеше да се спореди само со Германија. Сепак, Макрон долго време се соочува со притисок од крајната десница, предводена од Националниот собир на Марин Ле Пен, која води во анкетите, а истовремено се обидува да го реши проблемот со големиот буџетски дефицит. Набљудувачите дури и не ја исклучуваат можноста за оставка на Макрон, иако неговиот претседателски мандат трае до 2027 година. По вчерашниот пад на владата француските акции и државни обврзници паднаа, додека еврото ослабе во однос на доларот. „Еврозоната веќе има доволно проблеми. Не ѝ треба повеќе од ова“, рече владин претставник од земја членка на Еврозоната. Француските претставници се обидоа да ја намалат кризата, велејќи дека и покрај сложеноста на ситуацијата, „пилотот сè уште седи во пилотската кабина“. Во Брисел, некои дипломати веќе зборуваат за крајот на политичката кариера на Макрон, бидејќи, иако тој ја освои власта во 2017 година како симбол на промени, сега се смета за ослабена фигура чие влијание во ЕУ брзо бледнее. „Не е добро за ЕУ што една од нејзините најголеми членки е во криза, особено во сегашната безбедносна ситуација“, рече еден функционер од Еврозоната. Француско-германскиот тандем, традиционално клучен за функционирањето на ЕУ, е тешко да се замисли во овие околности, и покрај германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој во Брисел се смета за подинамичен од неговиот претходник, верува Политико. „Франција ќе биде отсутна токму кога Русија врши притисок врз европските граници, Кина го зголемува индустрискиот притисок, а Америка на Трамп се однесува непредвидливо. Во овие услови, Франција не може да го обезбеди она што е способна да го даде“, изјави француски функционер од кабинетот на министерот во оставка. Лидерката на Националноит собир Марин Ле Пен веќе го искористи падот на владата за да го повтори барањето за нови избори, а лидерот на холандската десница Герт Вилдерс изјави дека времето на старите европски лидери е завршено. Политико Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ХороскопДневен хороскоп за 3. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 3 октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Вашите емоции ќе испливаат на површина. Некои ќе се затекнат како излегуваат или ќе бидат поврзани со млади личности. Кариера Посебните задачи ќе ги решавате со својата креативност и уметнички талент . Ќе успеете во тоа. Здравје Уживајте во спортот или во уметноста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете задоволни со своите лични односи. Ќе се потрудите својата среќа да ја споделите со широк круг на луѓе. Кариера Во деловната кореспонденција ќе внесете од својот шарм , а љубезниот пристап ќе ви отвори бројни врати. Здравје Денеска знаете што сакате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Колку и да се трудите за да го подобрите својот личен живот , денеска работите поврзани со него ќе ви излегуваат од контрола. Кариера Ќе покажете дека вашиот однос со надредените доста хаотичен. Како тука да се знае кој тука пие , а кој плаќа. Здравје Ќе водите војна со апетитот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Кај вас денеска ќе се јави потреба за слобода , па оние мкои се во врска ќе сакаат малку да бидат сами или пак ќе одат во големо друштво. Кариера Ќе бидете многуз адоволни од изврпшените анализи или со резултатите од претходниот период. На тоа се надоврзуваат нови идеи. Здравје Помогнете му на член од семејството. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе сфаттите дека минувате низ еден доста фрустрирачки ден кога станува збор за љубовта. Едноставно издржете. Кариера Вашата потреба за да ги наметнете своите идеи ќе биде силна , но реалната состојба ќе биде таква што никој нема да ве сфати сериозно. Здравје Трпение, спасение. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Повеќето од вас ќе бидат расположени за раскажување бајки , ддодека реалната ситуација ќе биде поинаква. Не правете драма ако некој ве спушти на земја. Кариера Мали приходи ќе доцнат , а вие поради тоа ќе се чувствувате помалку сигурни. Сепак , контактите и натаму ви се добри. Здравје Не истражувајте премногу. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе бидете упорни во изразувањето на своите идеали. Некои би можеле да претерат со тоа. Одрекнете се од совршенството. Кариера На службено патување или на поголем состанок би можело да дојде до непрофесионално однесување . Здравје Прво смислете што ќе кажете , па потоа зборувајте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко дека нешто може да ја помати вашата среќа. Дури и малите семејни недоразбирања ќе ги решите со леснотија. Кариера Ќе најдете оригинален начин за да победите во малите битки .Вашата стратегија е за секоја пофалба. Здравје Не се напрегајте толку многу . Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Без оглед што не го наоѓате она задоволство во љубовта какво што очекувате , ќе успеете се за да свртите во насока на добра забава. Кариера Во соработката со другите ќе покажете како може да се работи поинаку , понеобично и пооригинално. Здравје Може да ве прогласат за генијалец на денот. Рак 22.6-22.7. Љубов Повторно малку ќе загубите компас , а другата страна ќе се прашува што вие всушност сакате. Дефинирајте го својот став. Кариера Своите шефови денеска би можеле пријатно да ги изненадите со еден свој необичен финансиски предлог. Здравје Слушајте го својот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеск ќе бидат маѓепсани , вљубени и она што не е типично за нив , ќе ја заборават реалноста. Но , ќе им биде убаво. Кариера Веројатно ќе ги анализирате резултатите од една работа и ќе заклучите дека тие би можеле да бидат подобри. Сепак , генерално , работите подобро. Здравје Немојте да бидете практични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во сегашните одлични лични односи денеска ќе внесете малку фантазија и така дополнително ќе ги подобрите. Некои ќе бидат навистина оригинални. Кариера Работата ќе ја одработувате со уживање и леснотија , а покрај сето тоа би можеле да предложите и некои сосема нови методи во работата. Здравје Силни сте и здрави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЌерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари. „Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм. Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез. Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“. „Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера. View this post on Instagram A post shared by 🧚🏻♀️ (@sundayrose) „Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЕвропаФридрих Мерц е во сериозни проблемиСамо 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар. Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември. Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти. Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“. Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас. Извор: Б92Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16