Политичката криза во Бугарија ги замрзна разговорите со Македонија? - Канал 5

Политичката криза во Бугарија ги замрзна разговорите со Македонија?

Дали политичката криза во Бугарија ги стопира очекувањата за интензивирање на разговорите со Софија за евроинтеграциите по Нова година?

Политичката криза во Бугарија ги замрзна разговорите со Македонија?

Со политичката криза во Бугарија пропаднаа во вода најавите од македонските власти дека по Нова Година е можно интензивирање на разговорите со официјална Софија за некаков исчекор во евроинтеграциите, оценуваат дел аналитичарите. Согласни се дека и доколку има нови избори во Бугарија и се формира нова Влада, таа нема да ја промени реториката и политиката кон Скопје. Според Петар Арсовски македонската Влада разговорите треба да ги води со Брисел, бидејќи пораките од Еу се јасни – земјава треба да ги исполни обврските кои ги презела, а може да се преговара само за тоа да нема нови билатерални обврски.

-Во Бугарија политичката криза која експлодира со незадоволство во пресрет на воведувањето на еврото нема многу да смени во односот кон Македонија. Тие не беа расположени за разговори пред политичката криза, додека таа трае секако нема да бидат расположени, но веројатно ни после тоа нема да бидат расположени да разговараат. Бидејќи политичката ситуација ќе остане комплицирана. Тоа што за нас е губиток е што посредниците од ЕУ кои можеби можеа да отворат некаков канал на комуникација со Бугарија сега нема да го сторат тоа заради високите политички тензии таму. Продолжување на разговорите со Бугарија има смисла само ако очекувате таа за нешто да попушти. Јас тоа не го очекувам, вели Арсовски.

Во моментов нема политичка сила во Бугарија која може да дојде на власт и да ја промени својата реторика и политика кон официјално Скопје, смета политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски. Во Бугарија едноставно не се заморуваат со т.н македонско национално прашање, тие имаат внатрешен консензус и во Бугарското Народно Собрание дека ќе се водат по усвоениот француски предлог и Декларацијата усвоена од Собранието од сите политички партии, вели тој.

-Бугарија влегува во веројатно нов циклус предвремени парламентарни избори како во изминатите 5 години. Падна владата предводена од ГЕРБ на Бојко Борисов со колаициските партнери ИТН и БСП. Тие се ригидни во однос на т.н. македонско национално прашање односно дел од тие политички партии беа против францускиот предлог. Во Бугарија доколку се смени политичката клима аналитичарите предвидуваат дека тоа може да се случи со евентуално формирање на политичка партија од страна на бугарскиот претседател Румен Радев кој е уште поригиден во однос на неговите ставови за македонското прашање, така што на хоризонтот не гледам дека во Бугарија би дошла политичка сила или елита која би ретерирала од нивните добро познати ставови, изјави Атанасовски.

Во последните пет години во Бугарија се одржаа седум парламентарни избори, кои освен во два наврата, сите резултираа со формирање технички влади. Во меѓувреме претставник од ЕК потврдил дека државата ќе може да влезе во еврозоната од 1 јануари, иако владата во Софија поднесе оставка, пишуваат тамошните медиуми. Ставот на Комисијата е дека бугарските власти ги исполниле сите услови за воведување на еврото како средство за плаќање во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова порака на својата социјална мрежа „Truth Social“, во која отворено ја бранеше Русија и упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трамп го нападна Зеленски: Тој не сака војната да заврши; изгуби голем дел од својата земја и океани!

Во објавата, Трамп ја оправда својата одлука да не го потпише новиот пакет санкции против Москва, кој беше одобрен од Конгресот на САД.

Тој тврди дека „се постигнува голем напредок во преговорите“.

„Мојата одлука во врска со Русија е многу едноставна. Во процес сум на договарање мир во војната меѓу Русија и Украина и не сакам да направам ништо што би можело, на непромислен начин, да ја одврати Русија од преговарачката маса. Се постигнува голем напредок, што ги вклучува и тековните преговори за заложниците! Потпишувањето на тој документ во овој момент би довело токму до тоа, а јас можам да го потпишам подоцна, или во кој било момент што ќе го одберам!“, наведе Трамп на почетокот од објавата.

Понатаму, тој се осврна на улогата на Москва на Блискиот Исток и на нападите врз руската нафтена индустрија.

„Можеби уште поважно е тоа што Русија прави многу малку – ако воопшто прави нешто – за да ѝ помогне на Исламската Република Иран, во споредба со она што би можела да го направи. Сакам така и да остане, а така и ќе биде – под услов некои безумни луѓе да не се испречат на патот. Последно, Зеленски ги напаѓа рафинериите за дизел во Русија, добро знаејќи дека овие напади сериозно им штетат на глобалните пазари на дизел, вклучително и на оној во Соединетите Држави. Земјоделците, сточарите и бизнисите од секаков вид трпат големи штети поради тоа; сепак, и покрај ова, Русија продолжува да испорачува милиони барели дизел ширум светот по ниска цена“, изјави Трамп.

На крајот, тој експлицитно го обвини Зеленски дека нема никаква желба за мир, опишувајќи ја ситуацијата во Украина во крајно мрачни тонови.

„На Зеленски не му е грижа, а искрено, со сите пари што Европа великодушно му ги дава – а кои во минатото му ги даваше и ’нечесниот‘ Џо Бајден – тој нема никаква желба да ја заврши оваа војна, а веројатно никогаш и немал. Пред две години можеше да постигне подобар договор отколку што може сега. Неговата земја е во урнатини, голем дел од неа е изгубен, ги нема повеќе неговите океани и мориња, а машкото население е исцрпено, рането и/или мртво. САКАМ ОВАА ВОЈНА ДА ЗАВРШИ! Ви благодарам за вниманието посветено на ова прашање. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, заклучи американскиот претседател. Патем, Украина нема океани.

Оваа изјава на Трамп доаѓа во време на радикална промена во политиката на Вашингтон во однос на војната во Украина. По долг и пријателски телефонски разговор со Владимир Путин, Трамп неодамна одлучи привремено да ги укине санкциите за увоз на руски дизел и еднострано прогласи „енергетско примирје“ – потег што го затекна Киев неподготвен, додека руската војска на терен веднаш го прекрши со нови воздушни напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија

Тирана  повторно беше во хаос како и во текот на целата недела. 

Тирана и вчера во хаос, нападнат беше штаб на Социјалистичката партија

Големи количини молотови коктели, петарди и камења беа фрлани врз полицијата во текот на целата вечер, иако најопасната ситуација беше вчера на плоштадот Скендербег, каде што имаше насилни судири меѓу полицијата и некои демонстранти кои фрлаа палки.

Неколку пати во текот на денот, булеварот на Националните маченици стана место на конфронтации меѓу демонстрантите кои нападнаа и полицијата која одговори со солзавец и водни топови, но и со гумени куршуми.Во текот на вечерта, демонстрантите се вратија во седиштето на Социјалистичката партија за да ја нападнат. Насилни судири имаше и кај банката на Албаниј, демонстрантите се судрија со полицијата. Исто така, имаше палење на канти за отпадоци каде и да поминуваше толпата. Демонстрантите фрлија голема количина молотови коктели врз полицајците по судирите и интервенцијата на полицајците со солзавец, водни топови и гумени куршуми, некои од демонстрантите се упатија кон седиштето на демократската партија и се засолнија. Повредени се 19 полицајци, 4 демонстранти, меѓу кои 1 малолетник, еден новинар и 4 минувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер