Полициските службеници од Кочани пред судот ја дадоа својата одбрана по обвинението - Канал 5

Полициските службеници од Кочани пред судот ја дадоа својата одбрана по обвинението

Податоци за тековната состојба на правното лице Класик кое стопанисувало со дискотеката Пулс во Кочани прибавувала полициската администрација а тие до неодамна дознале за термините активно и неактивно правно лице. 

Полициските службеници од Кочани пред судот ја дадоа својата одбрана по обвинението

Вака тројцата полициски службеници од Кочани денеска пред судот ја дадоа својата одбрана по обвинението дека во записниците внеле неточни податоци за правното и одговорното лице и дозволиле да се водат прекршочни постапки против неактивно правно лице. Обвинетиот Кире Богатинов кажа дека откако затекнале малолетници во Пулс при акциска контрола во октомври 2023 го известиле Дејан Јованов Деко, за кој и тие но и целиот град како што рече, знаеле дека е сопственик на дискотеката.

-Потоа изготвив извештај во полициската станица. На состанокот е запознаен непосредниот старешина па е прибавена тековна состојба од страна на администрацијата во полициската станица преку Централен регистар по што е изготвен записник за прекршок а врз основа на него и барање за поведување прекршочна постапка,раскажа обвинетиот - Кире Богатинов и додаде дека до поднесување на кривичната пријава не знаел што е активен или неактивен статус.

И вториот обвинет раскажа дека ноќта кога ја спровеле акциската контрола Дејан Јованов Деко воопшто не сакал да соработува со нив ниту им дал документи за тековната состојба на фирмата. Но на распит во Обвинителството рече дека му бил предочен записник за кој тврди дека не бил негов.

-Записникот за извршена контрола и записникот за констатиран прекршок се разликуваа во ракописот и побарав да се вештачи, затоа што записникот за прекршок не беше со мој ракопис, се сомневав да не го напишал некој од администрацијата,- Горан Лазаров – Обвинет.

Вкрстените прашања на обвинителката Спасенка Андонова дали при контрола на Пулс го барале одговорното лице на правното лице што стопанисувало со објектот, обвинетиот рече дека Дејан Јованов секогаш се претставувал како сопственик. И командирот н полициската станица во Кочани во тој период кажа дека податоците за тековната состојба на правното лице ги обезбедувала полициската администрација. Следното рочиште е закажано за 30 април кога ќе бидат дадени завршните зборови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми.

Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството.

Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем.

Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот.

Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа.

Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата.

Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun).

Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд.

Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера.

Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“.

Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година.

Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Предводникот на англискиот фудбалски шампион Арсенал, Микел Артета се осврна на шпекулациите во медиумите за интересот на „топџиите“ за Винисиус Жуниор, изјавувајќи дека клубот ќе биде „многу амбициозен“ на трансфер-пазарот. 

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Според Goal.com, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со договорот на бразилскиот напаѓач во Реал Мадрид, бидејќи клубот бара засилување од светска класа за својот напад.

Менаџерот на Арсенал беше воздржан кога беше прашан за евентуалното ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид, но испрати јасна порака во врска со намерите на клубот.

По убедливата победа од 4:1 во подготвителниот натпревар против Џирона, Артета нагласи дека лондонскиот тим е подготвен да заземе одлучен пристап во потрагата по нови играчи.

Кога беше директно прашан за ангажирањето на бразилското крило, тој внимателно ги бираше зборовите, но јасно ги изнесе своите цели.

„Активни сме и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот. Тоа е јасно. Очекуваме одредени случувања во наредните недели бидејќи сакаме да напредуваме, исто како и сите други“, рече Артета. „Тоа е очигледно и на пазарот и преку потезите што ги прават нашите ривали – нема само да стоиме и да гледаме. Имаме големи амбиции за она што сакаме да го постигнеме.“ „Разликите се минимални.

Сакаме да бидеме подобри, а нивото на конкуренција ќе расте, па затоа мораме да ја зголемиме конкуренцијата во самиот тим. Мораме да утврдиме што ни недостасува за да стекнеме поголема предност. Тоа е нашиот начин на размислување“, додаде тој.

Оптимизмот на Арсенал произлегува од застојот во преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб би можел да биде принуден да го продаде играчот доколку наскоро не се постигне договор, бидејќи постои ризик тој да си замине како слободен играч следното лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер