Употребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“
2Употребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“
3За да се отворат дел од официјалните-веб страни на општините, треба да се знае албанскиот облик на името
1.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
11.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
БалканПолицискиот началник бил сосед со убиецот, испукал три куршуми во него додека нарачувал кафе- детали за убиството во ХрватскаЧовекот кој го застрела и убил шефот на криминалистичката полиција бил Марин Г. (роден во 1974 година), според локалните медиуми. Потоа излегол од кафулето и се обидел да се самоубие. Според неофицијални информации, убиецот починал во КБ Дубрава. Таа информација сè уште не е официјално потврдена. Како што неофицијално дознава Загорје Интернешнл, убиецот им подлегнал на повредите во болница. Сосед за убиецот: Тој бил познат по испади и чудно однесување Zagorje.com дознава дека убиениот полицаец и неговиот убиец биле соседи. „Двајцата живееле во населбата Бобовје во Крапина, на само неколку куќи еден од друг. Не можеме да знаеме што го навело убиецот на тој чин, но тој бил малку чуден, познат по своите испади и чудно однесување. Знаел често да вика низ градот и да фрла секакви работи по луѓето“, изјавил еден од соседите за Zagorje.com. Во 2018 година, убиениот началник на криминалистичката полиција, Роберт Грилец, беше награден од тогашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за неговата чесна и примерна служба, пренесе Индекс. Убиениот и убиецот биле соседи Портпаролот на Полициската управа на Крапина-Загорје, Звонимир Лончар, потврди за Хина дека убиениот началник на криминалистичката полиција бил надвор од должност. „Нешто по осум часот во ресторан во Крапина, полицаец кој бил надвор од должност бил убиен со огнено оружје. Сторителот се повредил со истото огнено оружје, а потоа бил префрлен со хеликоптер во КБ Дубрава. Полициските службеници се на терен и ги утврдуваат сите околности на инцидентот“, рече Лончар. Убиениот полицаец е жител на Крапина, како и сторителот, и живееле во соседството. Сведоци: Влегол со пиштол и неочекувано го застрелал три пати. Потоа излезе надвор и се застрела Загорје Интернешнл разговараше со сведок, келнер во кафуле, Доријан Шваљек, кој видел сè. „Човек влезе внатре со пиштол, се сврте кон него и го застрела три пати, потоа излезе надвор и се застрела. Немаше никаква расправија, ништо воопшто... Тој само влезе во кафулето и пукаше“, рече Шваљек, кој во тој момент брзо се скри во магацин. Во тој момент во кафулето имаше околу 15 луѓе, вели тој. Сите се разбегаа во еден миг. „Беше ужасно. Се криев во магацинот 10 минути, додека не дојде полицијата“, додаде келнерот. Неговата колешка Викторија Жижак во тој момент примаше нарачка за кафе од убиениот полицаец. „Го уби пред моите очи. Го застрела три пати без да каже ниту еден збор. Само го насочи пиштолот и пукаше. После тоа го сврте погледот кон мене и јас истрчав во магацинот“, вели таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од КиткаВо повеќе делови од земјава денеска се активни пожари на отворен простор.Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно 11 пожари, од кои шест сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати. Продолжува интензивната интервенција за ставање под контрола на пожарите во селата од областа каршијака, а директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека сериозен пожар избил пожар во општина Градско, а поради неговото ширење пренасочени биле и ер-тракторите. Наведе дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината китка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаУпотребените градежни материјали и издадените дозволи во фокусот на вкрстените прашања на судењето за „Пулс“Брзото ширење на пожарот во Пулс е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба.Брзото ширење на пожарот во Пулс е директна последица на изборот на несоодветни материјали за градба – одговори судскиот градежен вештак и професор на Градежниот факултет– Горан Марковски на денешните вкрстени прашања од одбраната на сопственикот на објектот во кој функционирала дискотеката Пулс – Гроздан Милковски. Според адвокатка на Милковски, во договорот за закуп на објектот постои член кој вели дека потребните документи за извршување дејност ќе ги обезбеди закупецот, меѓутоа повикувајќи се на Законот за градење, Марковски одговори дека барање за пренамена на објект треба да поднесе сопственикот на објектот или негово ополномоштено лице. Адвокатка на одбраната: Дали ќе се согласите дека во списите на предметот нема ниту еден доказ дека сопственикот на објектот презел какви било дејства што може да се поврзат со причините за последиците од пожарот? Вешто лице: Делумно. Ќе наведам еден факт што може да се поврзе со пренамената, а се работи за превземени дејствија од сопственикот, а тоа е изведба на потпорна платформа на дел од објектот, што има одредена поврзаност. На прашањата упатени кон Марковски - дали ќе се согласи дека предметниот објект не бил граден за дискотека, дека неговата состојба на денот на издавање не е причина за последиците за настанување на пожарот како и дека не постои доказ оти Дејан Јовановски – Деко го известил Милковски за направените реконструкции во објектот, Марковски одговори потврдно. Ожалостените родители го оценија денешното вкрстено испрашување на вештаците за како што велат, проверка на тоа колку долго можат родителите да издржат бескрајно повторување на прашања без суштина. -Од денешното рочиште едно станува се поочигледно – суштинските прашања како да се најтешки за поставување. Наместо вкрстено испрашување со јасни и прецизни прашања, што навистина ќе ги проверат или оспорат наодите на вештаците, слушаме долги серии прашања, повторување и враќање на веќе кажаното. // Ако има што да се побие во вештачењето, повелете со факти, документи и конкретни прашања, но ако нема што суштински да се оспори, одолжувањето на рочиштето нема магично да создаде аргументи. - Александар Наунов – родител на Надица Наунова Со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица, треба да заврши изведувањето докази од страна на Обвинителството по што со изведување докази треба да започне одбраната. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
МакедонијаЗа да се отворат дел од официјалните-веб страни на општините, треба да се знае албанскиот облик на иметоНе е во пребарувачот, туку во адресата – за да се отворат дел од официјалните-веб страници на македонските општини, треба да се знае албанскиот облик на името. Gostivar.gov.mk на пребарувачот не му значи ништо – не постои, но со gostivari.gov.mk ве води веднаш на страницата. По тој пример е и Дебар, кој треба да се напише како дибра, а меѓудругите се и Арачиново, Липково и Желино... Министерот за дигитална трансформација – Андоновски за Канал 5 појаснува дека правилата на МАРНЕТ, кој ги дава домените, не бараат задолжително доменот да биде идентитечен со официјалниот назив на општината, што според него треба да се промени и секоја општина да има усогласен домен според стандардниот македонски јазик. Оттаму додава и дека проектот на Владата за изработка на беб страници за општините се реализира исклучиво со домени на макеоднски јазик. А смета дека МАРНЕТ треба дополнително да го регулира ова прашање. -Доменот .gov.mk не е обичен комерцијален домен – за граѓаните тој претставува официјален дигитален индентитет на една јавна институција. Затоа е логично примарниот домен на институцијата да биде јасен, недвосмислен и усогласен со нејзиниот официјален назив и македонскиот јазик како службен јазик на територијата на Репулбика Македонија. МАРНЕТ во таа смисла треба да размисли за конкретно регулирање на ова прашање. - Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација Од МАРНЕТ пак за Канал 5 велат дека тие го дефинираат само техничкиот дел, а дека во моментов називот на општините на веб-страниците се во раце на свесноста на оние кои ги водат. Се што треба да направат е да направат уште еден домен по примерот на О. Тетово, на чија страница може да се влезе со двата називи на градот – вели директорот на МАРНЕТ Бидиков. -Правилникот на МАРНЕТ, како институција одговорна за домените исклучиво ги опфаќа правата и условите за регистрација во овие технички форми, не можеме ние да ставаме правила како би гласело она што потенцијалната општина, физичко, правно лице или друга владина институција како би сакале да биде пред она што е дефинирано во правилникот како име на доменот. Сепак станува збор за процес на свесност, едукација и потреба да се достават информациите до своите граѓани. Во конкретниот случај треба да се опфатат сите називи, односно сите начини на читање на соодветниот назив на општината. - Владислав Бидиков – Директор на МАРНЕТ Во однос на тоа дека во моментов нема соодветни стандарди покажува тоа што и дел од државните институции поради маркетинг-причини користат имиња кои често можат да го доведат во забуна оној кој пребарува, како што се finance.gov.mk, centar.gov.mk како и нбрм.мк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16