Полициски службеник и советник на министерот за здравство фатени како конзумираат дрога

Полицаец од Прилеп конзумира кокаин на маса во кафуле, советник на министерот за здравство фатен со марихуана во Градскиот парк – два случаи објавени во медиумите деновиве покажаа дека на дрогата не се имуни ниту оние кои треба да борат против неа.

По скандалозната фотографија објавена на А1Он, како полициски службеникво работно време конзумира кокаин, министерот за внатрешни Наќе Чулев изрази силна осуда и побара случајот целосно да се истражи.. Според извори на порталот, станува збор за полицаец кој се фалел дека е дел од тимот на новопоставениот началник на техничкиот министер Чулев, кој пак го повика медиумиот да ги достави во полиција сите докази поврзани со случајот.

“ Не дозволувам ниту еден полициски службеник да ја деградира и понижи полициската професија со било какво несоодветно однесување и постапување. Законите важат за сите, а особено за полициските службеници и сите останати лица кои се вработениво МВР.“ напиша Чулев на Фејсбук.

Во меѓувреме,советникот на министерот за здравство Венко Филипче – 27-годишниот Горјан Гилевски, кој беше уапсен пред три дена откако кај него полицијата пронајде марихуана повеќе не е ангажиран со работа во министерството. Министерот очекува надлежните да го расчистат случајот.

„Најостро ги осудувам сите постапки на прекршување на закони во државата. Нема селективна правда, законот важи подеднакво за сите и мора да се почитува од секој граѓанин во општеството. – изјави министерот Филипче.

Полицијата тврди дека успешно се бори со трговијата со дрога, а како пример наведуваат десеци акции во кои беше заплената марихуана и други видови опијати, а се фалат ис о меѓуанродната акција за трговија со кокаин во која беше уапсена и актерката Силвија Стојановска. Од друга страна, опозицијата тврди дека улиците се полни со дрога како никогаш досега, а конкретни докази за тоа кој ги заштитува криминланите банди најавија дека ќе соопшти техничкиот министер Чулев во следниот период...

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

Во руски напад во Сумската област оштетен високонапонски објект на Укренерго

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во руски напад со беспилотни летала и ракети врз Сумската област во Украина.

- Меѓу оштетената цивилна инфраструктура е и високонапонски објект на „Укренерго“ … Екипите за поправка на „Укренерго“ работат на постепено враќање на снабдувањето со енергија на потрошувачите, соопшти операторот.

Како што пренесува Укринформ, во соопштението се додава дека руските напади врз енергетските капацитети во регионот Харков не престануваат и оти вчера од безбедносни причини била исклучена опремата на локалната регионална енергетска компанија.

- Поголемиот дел од неа веќе е вратена во функција, но целосното обновување на снабдувањето со енергија е попречено од непријателствата во близина на објектите на енергетската инфраструктура, се вели во соопштението.

Израел почна евакуација на Рафа пред планираната воена операција

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска почнаа да го евакуираат Рафа во јужниот дел на Појасот Газа пред планираната воена операција во градот.

- Почнуваме операција со ограничен опсег за привремено евакуирање на жителите на источен Рафа, изјави портпаролот на ИДФ.

ИДФ ги повикаа жителите на источниот дел на градот на границата со Египет да се преселат во кампот Ал-Маваси на Медитеранот неколку километри северно. Според портпаролот на ИДФ, се проценува дека се погодени околу 100.000 луѓе. Тие биле информирани преку СМС порака, телефон, летоци и преку медиуми на арапски јазик.

Луѓето треба да одат во „проширена хуманитарна област“ во областа Ал-Маваси. Таму има храна, вода и лекови, рече портпаролот на ИДФ. Армијата исто така постави теренски болници. Портпаролот не можеше да каже колку време имаат луѓето да се евакуираат.

Тој нагласи дека доставувањето хуманитарна помош за населението ќе продолжи непречено за време на операцијата за евакуација. Таа може да се донесе до крајбрежниот појас преку различни рути, на пример преку пристаништето во Ашдод.

притисни ентер