Полициски глисер се заби во мост во Лондон- повредени се пет полицајци (ВИДЕО) - Канал 5

Полициски глисер се заби во мост во Лондон- повредени се пет полицајци (ВИДЕО)

Петмина припадници на Метрополитенската полиција беа повредени во центарот на Лондон попладнево откако полициски глесер се заби во мостот Вестминстер. 

Полициски глисер се заби во мост во Лондон- повредени се пет полицајци (ВИДЕО)

Полицијата потврди дека несреќата се случила околу 15:40 часот по локално време и дека во неа учествувал пловило од нивната речна единица, пишува Би-Би-Си.

По судирот неколку полицајци паднале во реката, но набрзо биле извлечени. Прва помош им била укажана на гумен чамец врзан за брегот. Според првичните информации, ниту еден од граѓаните не учествувал во несреќата.

Голема интервенција во центарот на градот

Голем број полицајци, пожарникари и екипи за итни случаи биле распоредени на местото на несреќата. Сообраќајот преку мостот бил целосно запрен, а полицијата го блокирала делот што се наоѓа кон зградата на парламентот.

Полициски хеликоптер и хеликоптер на брза помош прелетале над областа. Транспортната компанија за Лондон потврди дека поради инцидентот се затворени и некои од влезовите на блиската метро станица Вестминстер.

Изјави на службени лица

Портпаролот на Метрополитенската полиција го потврди бројот на повредени. „Петмина од нашите полицајци беа повредени и им беше укажана помош. Очекуваме подетални информации за природата на нивните повреди. Според досегашните информации, ниту еден граѓанин не бил вклучен во несреќата, ниту пак бил повреден. Околностите на овој настан ќе бидат темелно истражени, но во овој момент наш приоритет е благосостојбата на нашите колеги“, рече тој.

Се огласи и портпаролот на Лондонската пристанишна управа. „Свесни сме за инцидентот со полицискиот глисер во близина на мостот Вестминстер. Помагаме во интервенцијата и ја обезбедуваме потребната поддршка. Тесно соработуваме со Метрополитенската полиција, Крајбрежната стража и другите партнерски агенции за решавање на ситуацијата“, се вели во нивното соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ал Пачино повторно со поранешната партнерка 54 години помлада од него- Еве што ги спои повторно

Холивудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес.

Ал Пачино повторно со поранешната партнерка 54 години помлада од него- Еве што ги спои повторно

Поранешните партнери се појавија заедно во Лос Анџелес, а фотографијата и описот што ги објави Нур ја открија причината за нивното повторно обединување.

Холивудскиот великан, актерот Ал Пачино и неговата поранешна партнерка Нур Алфалах – која е 54 години помлада од него – повторно го привлекоа вниманието на јавноста со тоа што се појавија заедно во Лос Анџелес.

Легендарниот 86-годишен актер и 32-годишната продуцентка присуствуваа на отворањето на Музејот на наративна уметност „Лукас“, а Нур сподели нивна заедничка фотографија на Инстаграм.

Покрај фотографијата, таа остави краток, но впечатлив опис: – Мајката и таткото на Роман – напиша таа, додавајќи емотикон со црвено срце.

Со ова таа покажа дека, без оглед на природата на нивната моментална врска, ги поврзува нивниот тригодишен син Роман, кој се роди во 2023 година.

За таа пригода, и двајцата избраа црни комбинации, а нивната блискост повторно поттикна прашања за тоа каква е нивната врска денес.

Нејзината сестра, Софија Алфалах, во коментарите напиша „Вечерно излегување за родителите“, со што дополнително ја истакна нивната заедничка улога како родители.

Пачино и Нур претходно беа во романтична врска, но кога во интервју за списанието „Пипл“ (People) во 2024 година беше прашан дали е во врска, славниот актер одговори: „Не. Имам пријателски однос.“

Неговиот претставник тогаш исто така изјави дека Пачино и Алфалах останале добри пријатели и заеднички се грижат за својот син, Роман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“

Дефанзивецот на англискиот премиерлигаш од Енфилд Роуд, Енди Робертсон јавно зборуваше за смртта на својот соиграч и пријател Диого Жота и за тоа колку тешко му било на целиот тим на Ливерпул.

Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“

Диого Жота за жал почина минатата година на само 28-годишна возраст, во тешка сообраќајна несреќа заедно со својот брат Андре Силва.

Тоа беше тежок удар за неговите најблиски, но и за сите во Ливерпул. Енди Робертсон беше еден од неговите најблиски пријатели во клубот и нему сè уште му е тешко да зборува за тоа.

„Тешко е да се опише и да се зборува за она низ што сите поминавме. Беше ужасно. Ако зборуваме за новите засилувања... Новите играчи дојдоа во клуб чие срце беше скршено. Многу ми беше жал за нив. Дојдоа за големи пари – зборувам за фудбалот. Им требаа неколку месеци за да се прилагодат. Искрено, не ни беше грижа за фудбалот. Тоа беше вистината. Изгубивме еден од нашите најдобри пријатели од соблекувалната“, рече Робертсон, кој донекаде застана во одбрана на Флоријан Вирц, Александар Исак и скапите засилувања што пристигнаа во тоа време.

Тој призна дека најтешко му паднало тоа што претходно бил на свадбата на Жота – сите биле среќни и весели. А потоа... „Сите фудбалери го имаат тоа нешто, таа предност. А кога ќе го изгубите тоа, не можете да играте на највисоко ниво. Кога се навраќам на минатата сезона, гледам дека ја изгубивме решителноста. Се прашувавме: 'Која е поентата на сè? Погледнете го семејството и децата на Жота'. Бевме во жалост; тој за нас не беше само играч – беше навистина тешко. Само една недела претходно бев на неговата свадба – една од најтешките ситуации во мојот живот – а веќе следната недела го гледав неговото семејство скршено од болка.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Општина Аеродром и годинава ја поддржува културната манифестација „Гола месечина“, која од 25 до 27 септември ќе се одржи во паркот „Авионче“.

О.Аеродром: „Гола месечина“ повторно носи култура и забава во Аеродром

Во рамките на тридневната фестивалска програма, посетителите ќе имаат можност да уживаат во разновидни културни и забавни содржини, меѓу кои музички настапи, стендап-комедија, кабаре, детска програма и други содржини наменети за сите генерации.

Со поддршката на фестивалот „Гола месечина“, Општина Аеродром продолжува да придонесува кон збогатување на културниот живот во општината и создавање можности за граѓаните да уживаат во квалитетни културни содржини.

Фестивалот „Гола месечина“ ќе се одржи на 25, 26 и 27 септември во паркот „Авионче“, а влезот за сите посетители е бесплатен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер