Полициски час во пет струшки села, жителите не ги почитувале мерките за коронавирусот - Канал 5

Полициски час во пет струшки села, жителите не ги почитувале мерките за коронавирусот

Струшките села Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица од вечерва се под посебни мерки по сосотанокот ос ОВР Струга.   

Полициски час во пет струшки села, жителите не ги почитувале мерките за коронавирусот

Се известуваат жителите на Лабуништа, Подгорци, Боровец, Октиси и Јабланица дека на ден 14.03.2020 година беше одржан состанок помеѓу месните Заедници на с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица и претставници на ОВР Струга ПС Струга ПО Велешта ПС за ГН Лабуништа во врска со преземање на мерки за заштита од вирусот КОВИД 19.

Поради добиени сознанија за непочитување на препораките од Владата на Република Северна Македонија за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високо ризичните земији каде се поголем замав зема ширенето на вирисот КОВИД 19 на одржанот состанок се донесоа следните заклучоци: Полициските службеници во претстојниот период засилено ќе вршат утврдување на идентитет низ улиците во с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица.

При доплнителни проверки доколку се констатира дека се легитмириани лица кои дошле од Високоризичните земји каде се шири коронавирусот и не се придржувале до препораките за 14 дена самоизолација во сопствените домови односно се затекнати како се движат низ с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица наведените лица може да одговараат кривично по член 205 и 206 од кривичниот закон на РСМ односно може да се соочат со затворска казна до една година.

Доколку полициските службеници имаат сознанија за лица кои дошле од високо ризичните земији и не ги почитуваат препораките за самоизолација во сопствените домови ќе се вршат проверки дали тие се наоѓаат во сопствените домови и ја почитуваат одлуката на владата на РСМ за самоизолација на наведените лица.

Сите преземени мерки се со цел да ја зачуваме нашата средина од ширење на вирусот КОВИД 19 и бараме да наидеме на разбирање од месното население,се наведува воопштението од Месните заедници на петте села..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасни несреќи во Унгарија: Осум лица загинаа

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи што се случија на автопатот „М1“ во Унгарија, во близина на Ѓер.

Ужасни несреќи во Унгарија: Осум лица загинаа

Утрово околу 4:30 часот, камион се судрил со градежна машина на 114-тиот километар од автопатот „М1“, објавува „Magyar nemzet“.

Возилото се запалило по судирот, а возачот на камионот починал на местото на настанот.

Кратко потоа, околу 5:15 часот наутро, минибус се судрил со камион кој беше запрен поради претходна несреќа на 113-тиот километар.

Во минибусот имало девет лица, од кои седум загинале на самото место, а двајца се повредени.

Камионот се удрил во неколку стационарни машини.

Возилото ги турнало машините една кон друга, потоа неговата кабина се запалила, а пожарот потоа се проширир на товарот.

Пожарникарите од Ѓер кои пристигнале на местото на настанот почнале да ги гаснат пламените јазици со два водни млазови, што веќе спречило понатамошно ширење на пламенот.

Во име на владата, унгарскиот премиер Петер Маѓар изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Тој во објава на Фејсбук изјави дека жртвите се странски државјани, но не ја прецизираше нивната националност, а полицијата не одговори веднаш на прашањата од Ројтерс.

Полицијата им соопшти на медиумите дека сите жртви се возрасни мажи, дека минибусот имал молдавски регистарски таблички и дека камионот вклучен во првата несреќа исто така имал молдавски регистарски таблички.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Премиерот на Пакистан: Постигната е финалната верзија на договорот

Конфликт на Блискиот Исток – Ден 105. Шехбаз Шариф, премиерот на Пакистан, изјави дека е постигната финалната верзија на мировниот договор.

Премиерот на Пакистан: Постигната е финалната верзија на договорот

„Можеме да потврдиме дека е постигната финалната и договорена верзија на мировниот договор и дека Пакистан сега тесно соработува со двете страни за да ги финализира следните чекори“, рече тој, додавајќи ја конфузијата околу можноста за потпишување на мировен договор во Женева во недела.

„Мирот никогаш не бил поблиску отколку што е сега.“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ја добиле војната во Иран и дека не им е потребна помошта од Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Москва: Вонземјаните одговорија на нашите молби

Вонземјаните полека, но сигурно работат на обезбедување оставка на британскиот премиер Кир Стармер, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и надворешна економска соработка, Кирил Дмитриев.

Москва: Вонземјаните одговорија на нашите молби

„Пред два дена ги замолив вонземјаните да му помогнат на човештвото да обезбеди оставка на Стармер. Се чини дека вонземјаните работат на тоа полека, но сигурно“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа „X“, коментирајќи го медиумскиот извештај за изјавата на лидерката на Конзервативната партија, Камил Бејднок.

Во статијата, Бејднок тврди дека британските вооружени сили ја изгубиле довербата во премиерот.

Според неа, времето на Стармер истече.

Претходно, Дмитриев ги повика вонземјаните да помогнат да се убеди британскиот премиер да поднесе оставка. Според него, на Стармер треба да му се каже што луѓето мислат за него и да му се даде до знаење дека со неговата оставка може да ѝ даде надеж на западната цивилизација.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер